Полицијата за нападот во Копенхаген: Не е тероризам, напаѓачот е со ментална болест
Шефот на полицијата Сорен Томасен рече дека нема индиции дека вчерашното пукање во трговски центар во Копенхаген бил терористички чин. Додаде дека осомниченоиот, кој засега не се идентификува во јавноста, има историја на ментални заболувања.
Инаку, 22-годишен Данец, синоќа во шопинг-центар во Копенхаген со истрели од огнено оружје уби тројца и рани повеќемина. Полицијата соопшти дека жртви се двајца 17-годишни Данци и 47-годишен Русин. Двајца Данци и еден Швеѓанец се во критична состојба во болница.
Напаѓачот се предал на полицијата без пружање отпор и бил уапсен само неколку минути по нападот во трговскиот центар „Филдс“ пишува Би-би-си.