Петровска и Купер: Тактизирањето со ветото е сериозен безбедносен ризик за Балканот


Постои итност за придвижување на интеграцијата на Северна Македонија и Албанија во ЕУ. Тактизирањето со ветото е сериозен безбедносен ризик за Балканот, оценија заменик-помошничката на секретарот за одбрана на САД, Лора Купер и министерката за одбрана Славјанка Петровска во зедничкото интервју за „Гласот на Америка“, реализирано при посетата на македонската делегација на Вашингтон. – Мислиме […]

Украина го бара од Израел системот „Железна купола“ и ракети „Спајк“


 Украина сака да го купи израелскиот систем за противвоздушна одбрана „Железна купола“ и Израел да го одобри трансферот на својот противтенковски наведуван ракетен систем „Спајк СР“ од Германија во Украина, изјави украинскиот амбасадор во Израел, Јевхен Корнијчук. -Минатата недела, врз основа на она што со сигурност го знам, Американците дадоа дозвола ракетите „Спајк“ да бидат […]

НАСА ќе лансира ракети од Австралија, првпат по 27 години


Американската вселенска агенција НАСА е подготвена да лансира ракети од Австралија, првпат по 27 години, објави во средата австралискиот премиер Ентони Албанезе. Ова ќе биде прво комерцијално лансирање вон САД во историјата на НАСА и прво лансирање ракета на НАСА од Австралија по 1995 година. Три ракети со суборбитален дострел ќе полетаат од Вселенскиот центар […]

Светска банка одобри дополнителни 1,49 милијарди долари за Украина


Одборот на извршни директори на Светската банка одобри 1,49 милијарди долари дополнителна финансиска помош за Украина. Тоа, како помош за исплата на плати на државни службеници и социјални работници. Со оваа сума, вкупната финансиска помош од Светска банка за Киев, надминува четири милијарди долари. На 8 март, Светската банка одобри помош од три милијарди, со […]

Најмалку 13 лица загинаа, а 50 се повредени во железничка несреќа во Иран


Најмалку 13 лица загинаа во железничка несреќа во Иран, соопшти денеска државната телевизија Ириб. ДПА го пренесува портпаролот на националниот желенички оператотор кој соопшти дека 50-тина други патници се повредени во несреќата што се случи во близина на градот Табас. Тој кажа дека возот сообраќал меѓу градот за аџилак Машхад и пустинскиот град Јасд и […]

Промоција на книгата за деца „Бушава азбука“ од Горан Стефановски и Душан Петричиќ


Во издание на издавачката куќа „Чудна Шума“ денеска ќе биде промовирана култната книга за деца „Бушава азбука“ од Горан Стефановски и Душан Петричиќ. – Поминаа повеќе од 35 години откако беше создадена култната ТВ-серија за деца, а по неа и сликовницата „Бушава азбука“ на Горан Стефановски, со илустрации на Душан Петричиќ. Со „бушавите букви“ растеа […]

Првата професионална претстава на знаковен јазик „Три“ во Битола


Во Центарот за култура во Битола денеска ќе биде изведена Првата професионална претстава на знаковен јазик „Три“, работена по легенда од Марко Цепенков за Овчарот и Трите самовили. Главна тема на претставата се еколошките проблеми на денешницата, односно еко-катастрофата што се случува поради глобалното затоплување, отпадот, загадувањето на воздухот, водата и почвата. Првата детска претстава […]

Повеќе од 1.000 заробеници од Азовстал се префрлени во Русија


Повеќе од 1.000 украински војници, кои се предале во Мариупол, поради истрагата се префрлени во Русија, изјави денеска за Тасс извор од полицијата. -Над 1.000 луѓе од Азовстал се префрлени во Русија. Со нив работат полициски службеници. Иследниците планираат во следниот период во Русија да испратат и други затвореници, рече изворот на Тасс. Според него, […]

Почнува самитот Отворен Балкан, во фокусот туризмот и културата


Со официјални обраќања на премиерите на Северна Македонија Димитар Ковачевски, на Албанија, Еди Рама и на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и на претседавачот со Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија денеска во Охрид почнува Самитот „Отворен Балкан“. Според најавата од владината прес-служба, обраќање ќе има и еврокомесарот […]

Били Ајлиш ги изненади обожавателите во Манчестер со нова песна


Били Ајлиш отпеа досега необјавена песна за време на нејзиниот настап вчеравечер во градската „АО Арена“ во Манчестер, со нејзиниот брат и писател на стиховите, Финес О’Конел. Шоуто е прво од низата во турнејата во Обединетото Кралство, а настапи ќе има и во Глазгов и Бирмингем. – Ова е она што штотуку го напишавме и […]

Промоција на монографијата „Пајонија и Пајонците“


Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје денеска во Народниот музеј Свети Николе ќе ја промовира монографијата „Пајонија и Пајонците – извори историја и археологија“. Таа содржи интердисциплинарни трудови во кои се толкуваат литературни и наративни сведоштва, се анализираат најважните археолошки наоди и се прикажуваат најновите достигнувања во пајонската нумизматика и епиграфија. Деканатот […]

Меѓународна патувачка изложба  „Еволуција: маските од теснецот Торес“


Во галеријата Мала станица вечер во 18 часот ќе биде отворена меѓународната патувачка изложба  „Еволуција: маските од теснецот Торес“. Документаристичката изложба на фотографии и описи е создадена од Културниот центар „Габ Титуи“ од Австралија. Национална галерија на Северна Македонија ја организира во соработка со Министерството за надворешни работи и трговија на Австралија, Националниот музеј на […]

Зеленски: Украина отвора „книга на крвниците“ со докази за воените злосторства


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека земјата ќе отвори „книга на крвниците“, што всушност претставува систем за собирање докази за воените злосторства за кои Киев тврди дека биле извршени за време на руската окупација. Украинското обвинителство соопшти дека, откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари, евидентирало повеќе од 12.000 воени злосторства, во кои се […]

Бизнисот бара итни мерки за помош, инфлацијата незапирливо расте


Државата веднаш да преземе мерки за пресретнување на евентуална ескалација на состојбите што би можело да се случат следната зима, апелираа вчера од Стопанската комора на Северна Македонија, од каде побараа штедење особено на електричната енергија и од државата, граѓаните и од компаниите. Во меѓувреме, Државниот завод за статистика објави дека инфлацијата во мај достигна […]

Собранието ќе ја одржи 74-тата седница


Собранието денеска треба да ја одржи 74-тата седница на чиј дневен ред има 20 точки меѓу кои и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот за 2022 година, по скратена постапка. Во рамки на седницата пратениците треба да ги разгледаат и предлог законите за дополнување на Законот за основање на […]

Пресуда за „Талир 2“


Во Кривичниот суд во Скопје денеска во 12:30 часот ќе биде објавена пресудата за случајот „Талир 2“, во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, и поранешниот генерален секретар на Владата и на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски. Обвинетите се товарат за злоупотреба на службената положба, при што овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ […]

Словенечката амбасада организира акција за чистење на парк шумата во Гази Баба


Акција за чистење на парк шумата во општина Гази Баба – Скопје, насловена „Пријателство со природата, пријателство меѓу државите и децата – заштита на природата, храната и животната средина“ ќе се одржи денеска со почеток во 9 часот, во организиација на Амбасадата на Република Словенија, а во партнерство со општина Гази Баба и Земјоделскиот институт […]

Облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер


Времето денеска ќе биде прoменливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени Целзиусови. УВ индексот ќе […]

Меркел конечно проговори: „Путин сака да ја уништи Европа“


  Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел за прв пат по завршувањето на нејзиниот мандат одговараше на новинарски прашања. На настанот организиран во берлинскиот театар Berliner Ensemble, Меркел (67), зборувајќи со новинарот на „Шпигел“, Александар Осанг, остро го осуди рускиот напад врз Украина: „Ова е брутален напад кој го крши меѓународното право, за кој не постои […]

Јелен: САД преговараат со европските земји за ограничување на приходите на Русија од нафтата


Американскиот министер за финансии Џенет Јелен изјави денеска дека САД учествуваат во „многу активни“ преговори со европските земји за дополнителни начини за намалување на приходите на Русија од нафтата. Таа на седницата на Комитетот за финансии на американскиот Сенат рече дека руските приходи од нафта треба да се ограничат, а притоа да се задржи приливот […]