Во Музејот на персиската мачка има сѐ повеќе живи мачки


Во главниот град на Иран, Teхeрaн, во Музејот посветен на персиските мачки, нема само слики на владетели опкружените со рунтавите четириножни пријатели, туку и простор во кој живеат единки од една од најпопуларните раси мачки во светот. Околу 30 персиски мачки слободно се движат низ музејот и повремено дремат на некое од многуте удобни места, […]

Израел го направи првиот чекор кон распуштање на Кнесетот


Израелските пратеници денеска го одобрија предлог-законот за распуштање на Кнесетот и одржување на предвремени парламентарни избори, кои ќе бидат петти за помалку од четири години. На пленарна седница пратениците се изјаснија за распуштање на Кнесетот. Сега предлог-законот ќе биде доставен на разгледување до соодветна парламентарна комисија, по што пратениците повторно ќе се изјаснуваат за самораспуштањето […]

Се случи ли народ на митингот на ВМРО ДПМНЕ?


Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, имал само десет години кога првпат е употребена многу примамливата митингашка крилатица: „Десио се народ“. Поради детската возраст тогаш, може и донекаде денес да му се прости што трипати во својот говор, величајќи го митингот пред владата, 35 години подоцна, ги употреби истите зборови кои беа предвесник на крвавиот распад […]

На „Ќафасан“ уапсени седум лица, дозволиле или вршеле шверц на стока од Македонија


 На граничниот премин „Ќафасан“, на албанско-македонската граница кај Струга, уапсени се седум лица кои дозволиле или вршеле шверц на стока набавена во Македонија.    – Притворени се двајца полициски службеници, двајца цариници и три лица жители на пограничниот град Либражд, за злоупотреба на службената положба, корупција и шверц. По добиени сознанија дека се дозволува минување […]

Информации за 5Г и бродбенд мрежата усвоени на седница на Владата


Информации за потребата од отворање 5G фрекфенциите за телеком операторите, како и за почнување на физибилити студија за инсталација на бродбенд мрежата на интернетот во државава се усвоени на вчерашната седница на Владата, информираат од Министерството за информатичко општество и администрација. Оттаму истакнуават дека остануават на заложбата за  континуиран процес на реформи во јавната администрација […]

ЕЦБ не очекува стагфлација во еврозоната


Европска централна банка (ЕЦБ) денеска соопшти дека малку е веројатно да има стагфлација во еврозоната. Според дефиницијата на ЕЦБ, стагфлацијата се јавува кога очекувањата за инфлација ја надминуваат целта на ЕЦБ од два отсто, додека економијата стагнира или се намалува и двата услови да бидат во траење од најмалку две години. ЕЦБ прогнозира реален раст […]

Ковачевски, Вучиќ и Рама ќе одат во Брисел на самитот ЕУ–Западен Балкан


  Премиерот Димитар Ковачевски, неговиот албански колега, Еди Рама, и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ќе одат во Брисел и ќе учествуваат на самитот Европска унија–Западен Балкан. Прв тоа го објави албанскиот премиер Рама на Твитер велејќи дека по меѓусебни консултации, тројцата лидери на земјите вклучени во Отворен Балкан, сепак, одлучиле да заминат за Брисел. […]

Двегодишно дете паднало од четврти кат во Скопје


Итната медицинска помош синоќа добила повик откако двегодишно дете паднало од четврти кат од зграда во Скопје. Детето било пренесено во Ургентен центар, но за среќа нема тешки телесни повреди. Полицијата информира дека несреќата се случила во Аеродром, по што блиските го донеле двегодишното дете во поликлиниката Јане Сандански.

Просечната нето-плата во април изнесува 31.525 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2022 година изнесува 31.525 денари, додека бруто-платата за истиот месец изнесува 47.092 денари, соопшти Државниот завод за статистика. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2022 година, во однос на април 2021 година, изнесува 110.9. Ваквото зголемување […]

Русија може да се повлече од ОБСЕ поради „блокирање на работата на руската делегација во ПС“


 На руската делегација ѝ беа одбиени визи за учесниците на 29. годишна сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ во Бирмингем во периодот од 2 до 6 јули, јави ТАСС. Одлуката на Лондон да не ѝ издаде визи на руската делегација во Парламентарното собрание на ОБСЕ, ги прави резолуциите на Собранието нелигитимни за Русија, смета заменик […]

Кои се дупките во Уставот што сака да ги пополни со Бугари официјална Софија?


  Претседателот Стево Пендаровски вчера во интервјуто за ТВ 24 посочи дека Бугарија доставила нови барања до Брисел последните денови, кои, според него, се небулозни. Меѓудругото, официјална Софија барала Бугарите да бидат вклучени не само во Преамбулата на Уставот со сите други делови од народи, туку и во нормативниот дел. Ваквите барања очигледно се нов […]

Словенија бара од Париз да најде „магична формула“ да го тргне бугарското вето


  Работата е премногу сериозна за да може и натаму да се одолговлекува ветото на Софија поврзано со нивните тврдења дека Скопје не ги признава и не обезбедува соодветни права за Бугарите во земјата и разни други историски и културни спорови. Словенија и нејзината нова министерка за надворешни работи, Тања Фајон, бара ЕУ конечно да […]

Развојна банка: Нова бескаматна кредитна линија за обртни средства за зголемени цени на енергенси


Развојната банка започна со реализација на бескаматна кредитна линија за обртни средства за зголемени цени на енергенси преку банки учеснички наменета за обезбедување на обртни средства и ликвидност на микро, мали и средни трговски друштва, ТП и занаетчии. Износот на средствата за реализација на оваа кредитна линија е 10 милиони евра. Каматната стапка за крајните корисници ќе изнесува 0%. Заинтересираните компании можат да […]

Азески: За приоритетите од Комората има дискусии и владина согласност, но затајува имплементацијата


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, клучните прашања за подобрување на бизнис-климата ги гледа во осум точки и вели дека комората има подготвени приоритети, за нив има дискусии и владина согласност, но затајува имплементацијата. Тој во интервју за Пословсни дневник зборува и за економските последици од војната во Украина, за бизнис климата во […]

Смртниот биланс од катастрофалниот земјотрес се искачи на 950 лица


Најмалку 950 луѓе загинаа, а стотици се повредени во катастрофалниот земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала кој во 1:30 часот по локално времего погоди денеска Авганистан. Како што јави Би-Би-Си, најголем дел од жртвите се регистрирани во Пактика, но загинати има и во источните провинции Нангархар и Кост. Претходно заменикот министер за […]

Дваесет хеликоптери и 14 авиони се борат со пожари во Турција


Пожари зафатија шума на подрачјето на Мармарис, во западната турска провинција Мугла. Пожарникарите се борат со огнените јазици и од копно и од воздух, јави Анадолија. Областа Хисарон во Мармарис ја зафати пожар, а причината сè уште не е утврдена. Во гаснењето сега се вклучени 20 хеликоптери и 14 авиони, екипите на терен прават сè […]

Прилепчанец осомничен за обид за убиство на поранешната сопруга


Основното јавно обвинителство Прилеп донесе наредба за спроведување истражна постапка против 47-годишен осомничен за кривично дело – убиство во обид. – Постои основано сомнение дека тој на 20 јуни, при вршење семејно насилство, во куќа на улицата „Дабничка“ во Прилеп, со умисла се обидел да ја лиши од живот неговата поранешна сопруга. Утрото на критичниот […]

Десет тимови од државава ќе развиваат идеи за заштита на земјата од климатските промени


 Млади од 16 до 24 години, претстојниов викенд ќе работат на усовршување на своите идеи, како преку користење на дигиталната технологија да помогнат во заштита на животната средина, на национално и глобално ниво. Во рамки на младинскиот предизвик GENERATION UNLIMITED – „ГЕНЕРАЦИЈА БЕЗ ГРАНИЦИ“ 2022 избрани се десетте тимови кои имаат првични идеи за заштита […]

Борисов го воведе ветото, сега бара итно решение од Петков за него


  Настаните денеска во Бугарија се менуваат како на филмска лената – во последниот поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, изјави дека ќе ја поддржи одлуката на владата да го одобри францускиот предлог, кој ќе го симне ветото на Софија кое го воведе токму кабинетот на Борисов. Ова го соопшти самиот Борисов, кој […]

Инфлацијата во Велика Британија највисока во изминатите 40 години


Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 отсто на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. Инфлацијата во голем степен е поради повисоките најнови цени на електричната енергија во земјата и зголемените трошоци за гориво во услови на растечка […]