Русија може да се повлече од ОБСЕ поради „блокирање на работата на руската делегација во ПС“


 На руската делегација ѝ беа одбиени визи за учесниците на 29. годишна сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ во Бирмингем во периодот од 2 до 6 јули, јави ТАСС.

Одлуката на Лондон да не ѝ издаде визи на руската делегација во Парламентарното собрание на ОБСЕ, ги прави резолуциите на Собранието нелигитимни за Русија, смета заменик – претседателот на Државната дума и раководител на руската делегација, Пјотр Толстој.

Тој додаде дека Русија го задржува правото да се повлече од ОБСЕ, поради блокирање на работата на руската делегација во Парламентарното собрание.