Изетбеговиќ: Односите во БиХ се толку лоши, што сега не е возможна изборна реформа


Претседателот на Партијата за демократска акција (СДА) Бакир Изетбеговиќ потврди дека очекува наскоро уште еден посреднички обид на Европската унија за промена на изборниот закон во БиХ, но рече дека во сегашните околности тоа нема да даде резултати. Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ вчера истакна дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен треба да […]

Со поддршка од „Витаминка“ создадена веб страница за невропедијатриските состојби кај децата


Neuroped.mk е веб страница посветена на невропедијатриските состојби кај децата. Создадена е со цел на ефикасен и професионален начин да понуди информации, кратки упатства и совети поврзани со детскиот развој и најчестите невропедијатриски состојби и на тој начин да стане сигурен и веродостоен извор за родителите, старателите и здравствените работници. „Благодарение на „Витаминка“ и заедно […]

Продолжи судењето за случајот „Софтвери“


Во Основниот Кривичен суд – Скопје продолжи судењето за случајот „Софтвери” во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски. Јавната обвинителка Ивана Трајчева денеска продолжи со изведување на докази коишто се однесуваат на разменети пораки меѓу обвинетите во врска со набавката на софтверот за кој Обвинителството тврди дека е набавен незаконски. Според […]

СЗО предупредува на влијанието на војната и пандемијата врз менталното здравје во Европа


Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на влијанието на војната во Украина и на пандемијата на коронавирусот врз менталното здравје во Европа, нагласувајќи ја важноста на дејствување на сите нивоа за справување со запоставените потреби за одржување на менталното здравје. „Нашиот регион претрпува големи пресврти и промени. Пандемијата стави фокус врз менталното здравје додека вооружениот конфликт […]

Денот на Европа годинава се одбележува под слоганот #ThinkForward


Делегацијата на Европската Унија заедно со Европската куќа ќе го одбележат Денот на Европа 2022 година преку низа активности организирани под слоганот #ThinkForward. Како што соопшти Делегацијата на ЕУ во земјава, со оглед на тоа што 2022 година е Европска година на младите, програмата вклучува голем број активности кои се посветени ним и кои ги […]

Просечната нето плата во ТИРЗ повисока од државната – 29.599 денари


Просечната нето плата во технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) лани била 29 599 денари што е три проценти повеќе од просечната плата во државата, а просечниот број вработени достигнал 13 650 за разлика од 2020 година кога бил 13 014, соопшти денеска директорот на Дирекцијатата за ТИРЗ, Јован Деспотовски. Презентирајќи ја годишната анализа за економските активности […]

Масовната мобилизација може да биде фатална грешка на Путин


 Актуелна тема деновиве се плановите на рускиот претседател Владимир Путин околу прославите на Русија за Денот на победата в понеделник. Според Украина, тој ќе ја искористи годишната комеморација на победата на Советскиот Сојуз врз нацистичка Германија за да соопшти масовна мобилизација на неговите резерви, пишува Скај Њуз. Независниот истражувач и експерт за Русија, Камил Галев […]

Русија загубила уште еден брод во Украина


Генералштабот на  Украина извести дека Русија изгубила уште еден брод. Пратеник од Одеса и локалните медиуми тврдат дека станува збор за патролниот брод на руската морнарица „Адмирал Макаров“, фрегата од класата „Адмирал Григорович“. Веста сепак не е се уште потврдена.

Украина: Уште речиси 500 цивили евакуирани од Мариупол (ВИДЕО)


 Уште речиси 500 цивили се евакуирани од Мариупол, откако започна операцијата предводена од Обединетите Нации (ОН), вклучувајќи и лица од опколената фабрика за челик Азовстал, јави Би-Би-Си. Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак ја нарече евакуацијата „комплексна операција“ и нагласи дека Украина ќе продолжи да прави сè што може „за да ги спаси […]

Зеленски покрена платформа за помош на Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски започна глобална платформа за собирање средства со цел да и помогне на Украина да ја победи Русија и да ја обнови инфраструктурата на земјата. – Со еден клик можете да донирате средства за заштита на нашите бранители, спасување на нашите цивили и обнова на Украина, истакна Зеленски, најавувајќи го покренувањето на […]

Историчарот Дечев најави формирање бугарско-македонска „Комисија за историја во сенка“


Бугарскиот историчарот Стефан Дечев најави формирање на заедничка бугарско-македонска „Комисија за историја во сенка“, која ќе работи паралелно со постојната Комисија за историски и образовни и која би требало да го трасира патот на преговарачкиот процес меѓу Бугарија и Северна Македонија.  Дечев, кој е член на новоформираниот Клуб за бугарско-македонско пријателство, во изјава за Бугарското […]

„Антологија на српскиот филм“ во Кинотеката до 11 мај


Со проекцијата на филмот „Маратонците го трчаат почесниот круг“ во Кинотека почна манифестацијата „Антологија на српскиот филм“. Организатори на манифестацијата се Кинотека, Југословенската кинотека во Белград, Српскиот културно-информативен центар „Спона“ во Скопје и Скопје филм фестивал класик, со поддршка на Амбасадата на Република Србија во земјава. Публиката до 11 мај 2022 година ќе може да […]

(Во живо) Презентација на „Економските движења во индустриските зони – првична годишна анализа“


Дирекцијата за технолошко индустриски и развојни зони ги презентира „Економските движења во индустриските зони – првична годишна анализа“. На прес конференцијата, директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски ќе ги презентира деталите од анализата за економските активности во ТИР зоните во 2021 година и ефектите од спроведувањето на новиот концепт на ТИРЗ за привлекување странски инвестиции.  

Елитата на ретроспективната изложба на Кондовски: Волшебни слики на мајсторот на четката (галерија)


Триесет години од последната средба на Димитар Кондовски (1927-1993) со македонската културна јавност, љубителите на префинетата уметност синоќа, во огромен број, во Даут – пашин амам во Скопје, повторно уживаа во делата на мајсторот на четката, создавани на релација Белград, Париз, Рим и Скопје. Ретроспективната изложба ги опфаќа сите периоди од неговата творечка дејност, а […]

Ковачевски ги барал менаџерските договори на јавните претпријатија, му рекле – дека се тајна


Премиерот  Димитар Ковачевски, во интервју за ТВ 21 истакна дека е отпочнат процес за реформа во администрацијата и дека веќе има пилот министерства каде што ќе започне реорганизација и унапредување на процесите. „Веќе е отворен процес на усогласување на општиот колективен договор со цел дефинирање прво на износ на средства кои што ќе бидат искористени […]

Ковачевски: Не се разговара за аранжман со ММФ, туку за користење на еден од инструментите


Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, во интервју за ТВ 21, истакна дека зголемувањето на дефицитот во Буџетот и потребата од дополнителни средства за негово покривање се појави како потреба и во нашата земја како и кај сите држави затоа што во буџетското планирање за 2022 година не беа вклучени зголемените цени на енергенсите и другите […]

Угостителските услуги за една година поскапеле 9,8 отсто


Цените на угостителските услуги во април годинава се зголемени за 2,5 отсто во споредба со претходниот месец, а пораснале за 9,8 отсто во однос на април 2021 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со март 2022 година зголемување е забележано во групите Храна за 3,2 отсто, Алкохолни пијалаци за 1,4 и […]

Саудиски принц и мултимилијардери стојат зад купувањето на Маск на Твитер


Извештајот на Комисијата за хартии од вредност на САД, објавен во четвртокот, покажува дека Лари Елисон, главниот извршен директор на Oracle, „придонесува“ за купувањето на Твитер од 1 милијарда долари на Маск. И не е единствениот, оваа „сага“ има и други клучни играчи, подготвени да поддржат трансакција вредна 44 милијарди долари. Според CNBC, компанијата Sequoia […]

Нов урбан парк и најсовремено игралиште подарок од Скопје Сити Мол за жителите на Карпош и Скопје


На 5 мај во присуство на градоначалникот на општина Карпош, посетители и гости, е пуштен во употреба новиот парк во пред Скопје Сити Мол, подарок од трговскиот центар за општина Карпош. Паркот се протега на повеќе од 850 метри квадрати и е хортикултурно уреден со висококвалитетни садници, цвеќиња, зеленило, како и урбана опрема. Во рамки […]

Поради трката „Скопје трча 10 км“ изменет режим на градските автобуси


Во недела (8.05.2022 год), поради одржување на уличната трка Халк Еко „Скопје трча 10 км“, во период од 8 до 11.30 часот, линиите 2, 4, 7, 8, 11, 11а, 12, 15, 15А, 19, 21, 22, 22А, 32, 56, 56а, 59 и 60 ќе возат по изменет режим од вообичаениот. ТРАСИ НА ДВИЖЕЊЕ Линиите 2, 4, […]