Во Мексико убиен новинар, деветто убиство на медиумски работник оваа година


Телото на убиениот новинар Луис Енрике Рамирез Рамос е пронајдено во северниот дел на Мексико. Тој е деветти новинар убиен во Мексико оваа година, поради што државата спаѓа меѓу најопасните места за медиумските работници надвор од воените зони. Локалната полиција соопшти дека неговото тело било пронајдено на пат во државата Синалоа. Порталот за кој работеше […]

Огромен пожар во Ново Мексико, Бајден прогласи состојба на елементарна непогода


Пожарникарите го забавија ширењето на најголемиот шумски пожар во САД, додека претседателот Џо Бајден прогласи состојба на елементарна непогода, а со тоа следува финансиска помош на делови од Ново Мексико, што горат од почетокот на април, јавија синоќа американски медиуми. Досега, големиот пожар зафати 670 квадратни километри високи шуми и ливади на југот на Карпестите […]

„Сименс“ го претстави својот водороден воз, замена за шинобусот


Германскиот конгломерат „Сименс“ денеска го претстави моторниот воз којшто се движи на водород, развиен со германскиот железнички оператор „Дојче бан“. Предвидено е да почне да сообраќа во 2024 година во регионалниот транспорт. Возот треба „да ги замени дизел-возовите (шинобусите) во меѓуградскиот превоз“, соопшти „Дојче бан“. Новиот модел на воз наречен „Мирео плус X“ работи на […]

Синот на Даниел Ортега се обидува да го обнови дијалогот меѓу Никарагва и САД


Синот на претседателот на Никарагва, Даниел Ортега во изминатите месеци се обидува да ги обнови контактите на високо ниво меѓу Републиката и САД. Според извори во Вашингтон, Лауреано Ортега, инвестициски и трговски советник на неговиот татко, ја информирал доверливо американската администрација преку трета земја за подготвеноста на Манагва „да го обнови дијалогот на високо ниво […]

Од Водно стартува еко-акцијата „Генералка викенд 2022“


Од планината Водно денеска ќе биде означен официјалниот почеток на пролетниот дел од досега најголемата акција за чистење и пошумување во земјата „Генералка викенд 2022“, што до 8-ми мај ќе се спроведува во 26 општини ширум земјата. Како што информираат организаторите на еко-акцијата, во рамки на настанот ќе биде спроведена акција за собирање на отпадот […]

„Гугл мапс“ забележа „остров“ кој, всушност, не постои


Остров во јужниот Тихи Океан којшто можеше да се види на „Гугл мапс“ ги збуни и научниците кои истражуваа што има таму. Имено, истражувачите не успеале да најдат ништо, пишува „Мирор“. Чудниот појас копно, познат и како „Песочен остров“ (Sandy Island), долго време е мистерија. Се работи за темна точка меѓу Австралија и Нова Каледонија, […]

Со мистериозен вирус заразени над 500 основци во Германија


Над 500 ученици, но и наставници, во основно училиште во германскиот град Лајпциг, се заразени со вирус – сè уште непознат за лекарите. Германски медиуми пишуваат дека сите заразени имаат различни симптоми, но, посебно се истакнуваат висока температура и дијареа. Нивните тестови на коронавирус се негативни. Само во понеделникот беа пријавени над 100 нови заразени, […]

Почнува третото издание на Скопскиот градски фестивал


На неколку локации во Скопје денеска и утре ќе се одржи третото издание на Скопскиот градски фестивал, кој е поддржан од Министерството за култура и Град Скопје. Фестивалот денеска ќе се одржува во МКЦ, а утре во Филхармонија. Концертите ќе започнат во 20 часот. – Исто како и минатите две години, и ова трето издание […]

САД нудат безбедносни гаранции на Шведска и Финска за периодот до полноправно членство во НАТО


Американските власти се уверени дека ќе успеат да одговорат на сите безбедносни грижи на Финска и на Шведска доколку земјите поднесат барање за членство во НАТО, што ќе се однесува на периодот пред нивното примање во Алијансата, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки. Шведска и Финска се загрижени дека би биле ранливи на руските […]

Бајден именува нова портпаролка


Американскиот претседател Џо Бајден назначи нова портпаролка на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, првата црнкиња и прокламирана лезбејка на таа функција, истакнувајќи го нејзиното досегашно искуство, талент и искреност. Карин Жан-Пјер беше заменичка на портпаролката Џен Псаки и ќе ја преземе функцијата на 13 мај, соопшти Белата куќа. – Таа ќе биде првата црнкиња, прокламирана ЛГБТК+ […]

Зеленски: Во руските напади уништени се стотици болници, нема ни лекови


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во руските напади врз Украина биле уништени стотици болници и други институции, а лекарите останале без лекови за лекување на рак и дека не можат да вршат операции. Зеленски во видео порака до хуманитарна медицинска организација рече дека на многу места на истокот и југот на Украина, каде што […]

Џонсон го загуби клучното упориште во Лондон на локалните избори


Конзервативната партија на британскиот премиер Борис Џонсон го загуби своето традиционално упориште Вандсворт во Лондон на локалните избори во Англија, првпат по 44 години. Конзервативците го контролираат советот во Вандсворт од 1978 година, а таа општина беше една од главните цели на опозициската Лабуристичка партија. Лидерот на локалната конзервативна партија Рави Говиндиа истакна дека гласачите […]

Во осум града во земјава нема активни случаи со Ковид-19


Според вчерашните податоци на Институтот за јавно здравје ,во земјава има 672 активни случаи на Ковид-19, при што во осум градови нема ниту еден инфициран со корона вирусот. Во останатите градови, со исклучок на Скопје и Битола, каде има 317, односно 146 активни случаи, во осум града бројот на инфицирани со Ковид-19 се движи меѓу […]

Трамп планирал да ги уништи нарко-картелите во Мексико со ракетни напади


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп бил заинтересиран за можноста од прецизни ракетни напади врз лабораториите за дрога во Мексико, пишува Њујорк Тајмс, повикувајќи се на извадоци од се уште необјавените мемоари на поранешниот американски министер за одбрана Марк Еспер. Според поранешниот шеф на Пентагон, Трамп сакал да знае дали е можно да се погодат лаборатории […]

Премиерот Ковачевски во посета на компанијата „Маркарт“


Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе ја посети германската компанија од автомобилската индустрија „Маркарт“. Ковачевски, заедно со раководството на „Маркарт“, како и со амбасадорката на Германија во земјава Анке Холштајн ќе направат обиколка на производните капацитети.

Стартува еко-акцијата „Генералка викенд 2022“


Од планината Водно денеска ќе биде означен официјалниот почеток на пролетниот дел од досега најголемата акција за чистење и пошумување во земјата „Генералка викенд 2022“, што до 8-ми мај ќе се спроведува во 26 општини ширум земјата. Како што информираат организаторите на еко-акцијата, во рамки на настанот ќе биде спроведена акција за собирање на отпадот […]

Претпладне сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне и кон крајот на денот со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималните температури ќе биде во интервал од 17 до 24 степени. Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне во делови од Скопската Котлина ќе има појава на пороен дожд […]

Лондон воведе санкции против големата компанија за челик на Роман Абрамович


  Владата на Велика Британија воведе санкции за „Евраз“, мултинационалниот производител на челик во делумна сопственост на милијардерот Роман Абрамович, кој порано се броеше меѓу најголемите британски компании. Форин офисот во четвртокот соопшти дека „Евраз“ „работи во сектори од стратешко значење за владата на Русија“ и дека акцијата „понатамошно ќе ги отстрани финансиските резерви на […]

ЕУ ќе воведе санкции за „љубовницата“ на Путин, Алина Кабаева


  Европската унија планира да воведе санкции за Алина Кабаева, за која долго време се шпекулира дека е девојка на Владимир Путин, и патријархот Кирил, поглаварот на Руската православна црква. Два извори рекоа дека ЕУ предложила санкции за Кабаева, поранешна олимписка гимнастичарка чие појавување на нацрт-листата за санкции првпат беше објавено од Блумберг. Кирил, долгогодишен […]

ВМРО-ДПМНЕ знае само да блокира, му порача Ковачевски на Мицкоски


  Премиерот Димитар Ковачевски остро ги отфрли најавите за блокада на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ и го обвини Христијан Мицкоски дека мисли само на својот личен рејтинг. Гостувајќи во емисијата „Клик плус“ на ТВ21, Ковачевски го оцени однесувањето на Мицкоски како неодговорно и дека претставува мобинг врз пратениците, кои се избрани од граѓаните, а […]