Саудиски принц и мултимилијардери стојат зад купувањето на Маск на Твитер


Извештајот на Комисијата за хартии од вредност на САД, објавен во четвртокот, покажува дека Лари Елисон, главниот извршен директор на Oracle, „придонесува“ за купувањето на Твитер од 1 милијарда долари на Маск.

И не е единствениот, оваа „сага“ има и други клучни играчи, подготвени да поддржат трансакција вредна 44 милијарди долари.

Според CNBC, компанијата Sequoia учествува во купувањето на Twitter со 800 милиони долари, додека Binance, кој несомнено профитираше од љубовта на Маск кон криптовалутите, инвестира 500 милиони долари.

Други инвестициски фирми кои ја поддржуваат понудата на Маск се Катар холдинг, кој обезбедува 375 милиони долари и Фиделити, кој вети 316 милиони долари.

Исто така, истата документација покажува дека основачот на Тесла и најбогатиот човек на светот обезбедил вкупно 7,14 милијарди долари. Мултимилијардерот Елисон со својот придонес би станал најголемиот актуелен спонзор.

Новите обврски ќе му помогнат на Маск да ја намали маржата на заемот што го зема, од 12,5 милијарди долари на 6,25 милијарди долари.

Саудискиот принц Алвалид бин Талал, кој минатиот месец, како еден од најголемите инвеститори на Твитер, ја одби понудата на Елон Маск да ја преземе платформата – сега вети дека ќе купи 34.948.975 акции, во вредност од околу 1,7 милијарди долари.

– Не верувам дека предложената понуда на Елон Маск (54,20 долари по акција) е блиска до суштинската вредност на Твитер, со оглед на неговите изгледи за раст – изјави принцот во средината на април.