Чавез: Нема само да воведеме ред, туку повторно ќе ја изградиме Костарика


Новиот социјалдемократски претседател на Костарика, Родриго Чавез вчера положи заклетва најавувајќи инвестиции во образованието и борбата против корупцијата. „Контрадикторностите на нашата држава ни штетат и ги отежнуваат животите на нашите граѓани повеќе отколку што треба во една демократска, мирна земја, богата како нашата“, рече Чавез од Социјалдемократската партија на напредокот (ППСД) во заклетвата. „Знам дека […]

Биткоинот на најниско ниво од јануари


Хонг Конг– Биткоинот денеска падна на најниско ниво од јануари, бидејќи падот на берзите продолжува негативно да влијае на криптовалутите, чие тргување ги следи таканаречените поризични средства, како што се акциите на технолошките компании. Биткоинот падна на 33.266 долари во утринското тргување во Азија, приближувајќи се на најниското ниво од јануари, кога беше само 32.951 долари. Падот под тоа ниво би […]

Борел предлага да се запленат руските резерви во корист на обновувањето на Украина


Англија– Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел рече дека земјите на ЕУ треба да размислат за запленување на замрзнатите девизни резерви на Русија за да ги насочат средствата за обнова на Украина. Во интервју за „Фајненшл тајмс“, шефот на европската дипломатија потсети дека Соединетите Американски Држави претходно ја презедоа контролата […]

Ѓоковиќ продолжува да ги губи спонзорите


Шпанија– Шпанскиот тинејџер Карлос Алкараз го победи светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ на Мадрид опен во возбудлив меч од три сета кој траеше повеќе од три и пол часа во саботата. Победата доаѓа еден ден откако 19-годишникот го победи својот идол Рафаел Надал. Ѓоковиќ не успеа да победи на ниту еден од неговите четири […]

Ден на Европа и Ден на победата над фашизмот


Белгија– Европските земји денеска го слават Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот, во сеќавање на почетокот на создавањето на Европската Унија и завршувањето на Втората светска војна во Европа во 1945 година. Годинава се навршуваат 77 години од крајот на Втората светска војна и 72 години од покренувањето на иницијативата за создавање на […]

Концерт на Дино Имери во битолскиот Офицерски дом


Денот на Европа во Битола ќе биде одбележан со целовечерен концерт на маестро Дино Имери, што ќе се одржи во концертната сала на Палатата Офицерски дом. Од Културен и информативен центар – Битола, домаќини и организатори на концертот, информираат дека по подолго време, тоа ќе биде прв пијано концерт на концертниот клавир „Bösendorfer“  и воедно промоција на концертната […]

Одбележување на Денот на Европа под слоганот #ThinkForward


Делегацијата на Европската Унија заедно со Европската куќа го одбележуваат 9 Мај Денот на Европа 2022 година преку низа активности организирани под слоганот #ThinkForward. Како што соопшти Делегацијата на ЕУ во земјава, со оглед на тоа што 2022 година е Европска година на младите, програмата вклучува голем број активности кои се посветени ним и кои […]

МРТ: Осуда за скандалозното однесување на нашата евровизиска претставничка


Најостро го осудуваме потегот на нашата претставничка на „Песна за Евровизија 2022“, Андреа Коевска. којашто за време на фотографирањето во Торино го фрли на земја државното знаме, соопшти Македонската радио телевизија (МРТ). – Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување […]

„Норма“ ги отвора јубилејните 50. Мајски оперски вечери


Со премиерна изведба на операта „Норма“ од Винченцо Белини, вечерва на сцената на Националната опера и балет ќе започне овогодишното 50-то јубилејно издание на Мајските оперски вечери. Празникот на Операта со традиција за почит и годинава ќе понуди врвни уметнички креации со учество на домашни и странски уметници. Покрај премиерата на операта „Норма“, која ќе […]

Зградите на ЕУ во боите на украинското знаме по повод Денот на Европа


Белгија – Зградите на Европската унија во Брисел синоќа беа осветлени во боите на украинското знаме по повод Денот на Европа.   „Ние сме со Украина и нејзиниот народ во нивната борба за слобода, мир и демократија: истите вредности врз кои беше изградена ЕУ пред 72 години“, напиша Европската служба за надворешни работи на Твитер.   […]

Бектеши во дводневна официјална посета на Албанија


Министерот за економија Крешник Бектеши престојува во дводневна официјална посета Албанија во рамки на која денеска во Тирана ќе се сретне со албанската министерка за финансии и економија Делина Ибрахимај, по што е предвидена прес-конференција на двајцата министри. Министерот Бектеши денеска ќе има средба и со министерката за туризам и животна средина на Албанија, Мирела […]

Премиера на претставата „Народен непријател“ во МНТ


Во рамки на одбележувањето на Денот на Европа, вечерва во Македонскиот народен театар премиерно ќе биде изведена преставата „Народен непријател“ од норвешкиот автор Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ.   Претставата е дел од проектот „Патиштата на хероите“ поддржан од програмата на „Креативна Европа“, а во рамките на повикот за проекти за културна […]

Сончево со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во планинските подрачја на северозапад ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен североисточен, а во југоисточните делови југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде […]

Русија го загуби 39. полковник во Украина


  Русија доживеа загуба на уште еден висок воен офицер, потполковник Фезул Бичикаев (36), бил елитен војник кој загинал во тајна разузнавачка мисија. Според извештаите во Русија, таткото на три деца е претставен како херој кој бил убиен во близина на Харков „со автомат во рацете кога ги покривал неговите подредени“. Радиосигнал објавил „командантот е […]

Алкарас му одржа тениски час на Зверев и испиша историја во Мадрид


Шпанија– Карлос Алкарас делува несопирливо во овој момент, па така откако ги елиминираше Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето и полуфиналето, денеска ја доврши работата и испиша историја во шпанската престолнина.   Младиот Алкарас стана најмладиот шампион во историјата на АТП Мастерсот во Мадрид, и тоа е сосема заслужено со оглед на квалитетот и […]

Путин им посака на Украинците „мирна и праведна иднина“


  Во специјално обраќање до Украинците по повод 9 Мај, Денот на победата, рускиот претседател Владимир Путин им посака „мирна и праведна иднина“ велејќи дека „наша света должност е да ја спречиме одмаздата на идеолошките наследници на оние кои беа поразени во Големата патриотска војна“. Обраќајќи се со зборовите „почитувани ветерани, драги пријатели“, Путин во […]

Продолжуваат преговорите меѓу СОНК и МОН за уште десет дена


Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК и Министерството за образование и наука (МОН) на денешната онлајн средба се договорија преговорите меѓу СОНК и МОН да продолжат за уште десет дена. Како што соопшти СОНК, на средбата, неминовен бил заклучокот дека двете страни на колективниот работен спор имаат потреба од поголем временски период […]

Нова закана од Москва: Може да ги уништиме сите земји на НАТО за „половина час“


  Еден од најблиските соработници на Владимир Путин тврди дека Русија може да ги уништи сите земји од НАТО „за половина час“. Дмитриј Рогозин, шеф на вселенската агенција Роскосмос исто така призна дека целта на Путин е да го победи „непријателот“ Запад и да ја избрише Украина од мапата. „НАТО води војна против нас“, рече […]

Г-7 уште повеќе ќе ја изолира руската економија


Лидерите на Г-7 објавија заедничка изјава во која ветија поголема изолација на руската економија и засилување на кампањата против руските елити кои го поддржуваат претседателот Владимир Путин. – Седумдесет и седум години подоцна, претседателот Путин одлучи да ја нападне Украина со неиспровоцирана агресија. Неговите постапки се срамни за Русија и историските жртви на нејзиниот народ, […]

Тиркизниот килим на Евросонг во Торино: Андреа најсигурна во црно (галерија)


Италија– На тиркизен килим долг 200 метри пред Venaria Reale, еден од симболите на богатата кралска историја на Торино, продефилираа денес  40-те изведувачи кои учествуваат на Изборот за песна на Евровизија 2022 година .  Во 1675 година, Венарија Реале, позната по својата прекрасна архитектура и раскошни градини, била една од резиденциите на Кралската куќа на […]