Нова закана од Москва: Може да ги уништиме сите земји на НАТО за „половина час“

Шефот на вселенската агенција Роскосмос, Дмитриј Рогозин, бара руската индустрија да им служи на воените цели


Дмитриј Рогозин

 

Еден од најблиските соработници на Владимир Путин тврди дека Русија може да ги уништи сите земји од НАТО „за половина час“.

Дмитриј Рогозин, шеф на вселенската агенција Роскосмос исто така призна дека целта на Путин е да го победи „непријателот“ Запад и да ја избрише Украина од мапата.

„НАТО води војна против нас“, рече поранешниот заменик-премиер за западната воена алијанса од 30 држави.

„Тие не го објавија тоа, но тоа не менува ништо. Сега тоа им е очигледно на сите“.

Тврдокорниот Рогозин (58) рече: „Во нуклеарна војна, земјите на НАТО ќе бидат уништени од нас за половина час.

„Но не смееме да го дозволиме тоа, бидејќи последиците од размената на нуклеарни напади ќе влијаат на состојбата на нашата Земја.

Затоа, ќе мораме да го победиме овој економски и воено помоќен непријател со конвенционални вооружени средства“.

Тој навести дека Путин ќе ја стави Русија на воена шема додека се вртат шпекулациите дека се разгледува и масовна мобилизација за да надвладее во војната.

„Таква победа е можна со целосна солидарност на целата земја со армијата, мобилизација на државната економија. Индустријата мора веднаш да биде принудена да им служи на воените цели“, рече тој.

„Ова мора да се направи веднаш и брзо“, нагласи Рогозин.

Изјавите на Рогозин дојдоа кога на последната генерална проба за утрешната парада на Денот на победата во Москва, беше видено нуклеарното оружје како се движи низ Црвениот плоштад на само неколку метри од Кремљ.

Употребувајќи го зборот што Путин го забрани во однос на Украина – „војна“ – тој рече: „Ова е војна за вистината – и правото на Русија да постои како единствена и независна држава“.

Тој инсистираше: „Самото постоење на Украина одвоена од Русија неизбежно ќе ја претвори во антируска и отскочна штица на Западот за агресија против нашиот народ. Затоа она што го нарекуваме специјална воена операција оди многу подалеку од нејзиното првобитно значење и географија“.

Тој не кажа на која друга територија гледа Путин надвор од Украина.

Но, тој тврдеше дека НАТО е вклучен во прикриена војна користејќи украински војници да се борат без да ги загрозат нивните сопствени сили.

„Вооружените сили на Украина се потрошно топовско месо за НАТО“, рече тој.

„Тие се само оператори обучени од инструктори на НАТО кои ги притискаат лостовите и копчињата на оружјето на НАТО“.

Сепак, Рогозин зборуваше поинаку од Путин велејќи дека „не се бориме против нацистите во Украина“. Тој рече: „Ја ослободуваме Украина од окупацијата на НАТО и го туркаме најлошиот непријател подалеку од нашите западни граници“.

Нападот на Рогозин против Западот и Украина дојде откако тој истакна дека британскиот Јутјубер Бенџамин Рич, кој има над 3,5 милиони следбеници, бил приведен во космодромот Бајконур во Казахстан – што имплицира дека можеби шпионирал. Рич бил со својата девојка од Белорусија Алина Зелупа.

Рогозин го изврти нејзиното семејно име за да му даде грубо значење и тврдеше дека се утврдува обемот на нивните незаконски активности.