Алкараз го пропушта турнирот во Рим


Шпанија– Шпанецот Карлос Алкараз, кој по вчерашниот триумф на АТП турнирот од серијата Мастерс 1000 во Мадрид од денеска е шести тенисер во светот, објави дека ќе пропушти турнирот од истата категорија, што оваа недела ќе се одржи во Рим. Алкараз како причина за откажувањето на настапот во Рим ја наведе желбата што подобро да се подготви за вториот грен-слем сезонава, […]

Вселенската Патријаршија ја призна нашата Црква Охридската Архиепископија за канонска


Со одлуката на денешното заседание на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија, возглавен од Неговата Сесветост, Патријархот Вселенски г. г. Вартоломеј, се отстранува повеќедецениската шизма наложена врз нашата древна Охридска Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ. Тоа значи дека Вселенската Патријаршија ја признава црковната јерархија предводена од Архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет […]

Анкета: Над 75 отсто од Финците поддржуваат членство во НАТО


 Повеќе од три четвртини од луѓето во Финска поддржуваат пристапување во НАТО, покажа новото истражување, што, според локалните медиуми се должи на руската инвазија на Украина. Поддршката за членството во НАТО досега беше стабилна на 20 до 30 отсто, но во последните месеци се зголеми во Финска, како и во соседна Шведска, кои досега беа […]

Шалемберг утре во посета на земјава


Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе биде домаќин на сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг, кој е ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Северна Македонија. Покрај средбата со Османи, министерот Шаленберг ќе оствари средби и со претседателот на државата, Стево Пендаровски, претседателот на Владата, Димитар […]

Мистерија на парадата во Москва – го немаше првиот човек на руската армија, генерал Герасимов


  Меѓу многуте други работи што недостигаа на годинешната поворка по повод Денот на победата во Русија, можеби најзначајно е отсуството на началникот на Генералштабот на руската армија, армискиот генерал Валериј Герасимов. Овогодинешната парада беше првата на која не се појави највисокиот генерал на руската армија, заедно со претседателот Владимир Путин и министерот за одбрана […]

Халанд идната недела потпишува за Сити


Идната недела би можел да се реализира најавениот трансфер на норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд во Манчестер сити, најави денеска извршниот директор на германскиот клуб Себастијан Кел. Според неодамнешните информации во дел од германските и англиските медиуми, Сити и Халанд постигнале согласност за петгодишен договор со плата од 29 милиони евра по сезона, […]

Железничките претпријатија од Западен Балкан на состанок за проекти со европски средства


Менаџери на железничките претпријатија од Западен Балкан денеска и утре во Охрид ќе разменуваат искуства и ќе определат заеднички приоритети за поголема достапност на европските средства за реализација на инфраструктурни проекти во рамки на вториот состанок на Мрежата на управители на инфраструктура во рамките на Транспортната заедница. Директорот на ЖРСМ Инфраструктура, Хари Локвенец забележа дека […]

Европејците сакаат поправедна, позелена и поагилна Унијата


Белгија – Граѓаните на Европската унија би сакале блокот од 27 нации да стане поправеден, да покаже поголема солидарност, да ја води борбата против климатските промени и да носи побрзи одлуки, дури и ако тоа значи укинување на потребата од едногласност за некои прашања, се вели во извештајот на ЕУ. Извештајот е резултат на едногодишни консултации […]

Русија го загуби и 40-от полковник во Украина


  Русија го загуби својот 40. полковник во Украина, беше потврдено денеска на одбележувањето на Денот на победата во Москва. Потполковникот Александар Блинов (42) беше убиен во март, но веста за неговата смрт беше строго демантирана од руските власти. Неговата смрт е потврдена со слика на неговиот гроб во Волгоград. Убиството на Блинов е нов […]

Мицотакис со полн куфер инвестиции од ОАЕ, ќе се вложат четири милијарди евра


Заедничка иницијатива за инвестиции во Грција во висина од четири милијарди евра и низа билатерални договори во областа на инвестициите, економската и техничката соработка, индустријата и напредните технологии, климатските активности, енергетиката, здравството, полициската соработка, потпишаа Грција и Обединетите Арапски Емирати за време на официјалната посета на Абу Даби на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката […]

АВМУ ќе покрие 50 проценти од надоместот на регионалните и локалните телевизии 


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), на денешната седница донесе заклучок со кој регионалните и локалните ТВ станици – Медиум за 2022 година се ослободени од 50 проценти од надоместот за медиумско работење. Советот, исто така, едногласно донесе заклучок кој ќе биде доставен до Владата за да обезбеди покривање на трошоците за пренос […]

Владата ги објави платите на премиерот и на министрите


Владата ги објави платите на премиерот и на министрите. Според објавените податоци, премиерот Димитар Ковачевски зема плата од вкупно 88.260 денари, при што основицата е 78.896 денари, додека, пак, за минат труд претседателот на Владата добива 9.364 денари, а има стаж 23 години. Според висината на платата, по премиерот следува министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, […]

Билатералните прашања немаат место во преговарачката рамка, вели австрискиот шеф на дипломатијата


  Изминатите месеци е направен суштински прогрес и сега е моментот за преминување кон следната фаза во процесот за интегрирање во Европската унија, порача во интервју за МИА австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг, нагласувајќи дека почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија е најгорливото прашање кое ЕУ треба да го реши за […]

Шарл Мишел мораше да оди во засолниште во Одеса поради руски ракетен напад


  Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, мораше да се засолни за време на посетата на Одеса поради ракетен напад, според претставник на ЕУ. За време на состанокот со украинскиот премиер Денис Шмихал, „учесниците требаше да го прекинат состанокот за да се засолнат бидејќи проектилите повторно го погодија регионот“. Мишел беше во посета на градот […]

Германија бара да се укине едногласноста за надворешната политика на ЕУ


  Германија сака да ја искористи Конференцијата за иднината на Европа како почетна точка за понатамошно развивање на ЕУ, евентуално менување на договорите и укинување на едногласното одлучување за прашањата за надворешната политика на ЕУ, изјави германската државна министерка за Европа и клима, Ана Лирман во интервју за „Еурактив“. Германија беше еден од најжестоките поддржувачи […]

Бетонското игралиште во ОУ „Киро Глигоров“ ќе било изнајмено само на неколку часа


  ОУ „ Киро Глигоров“ Центар, Скопје во целост ги демантира информациите кои се поврзани со постапката за отстапување на користење на бетонското фудбалско игралиште во дворот на училиштето. „Потенцираме дека на бетонското фудбалско игралиште ќе нема поставување на никаков придружен објект, кој ќе се користи за други намени, како што известија дел од медиумите. […]

Зошто беше откажан аеромитингот на парадата во Москва?


  Тоа ќе беше врв на големата воена парада за Денот на победата во Москва: аеромитинг, на кој, според пишувањата на руските медиуми, требаше да учествуваат 77 авиони и хеликоптери. Најспектакуларниот маневар требаше да биде завршен со формирање на борбени авиони над Црвениот плоштад: тие требаше да формираат гигантско „Z“ на небото, буквата што во […]

Мицевски: Од утре активна блокада на Собранието


Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски денеска по состанокот со пратеничката група на неговата партија и коалицијата „За обнова на Македонија“, соопшти дека е потврдена одлуката за активна блокада на Собранието. Блокадата, напомена Мицевски, почнува од утре, а подразбира „попречување на штетните закони и политики“. Како што истакна Мицевски, „ова е процес што […]

МТСП: Се укинуваат Ковид протоколите во градинките


Владата на редовната 42-ра седница ги прифати предлозите на Главниот координативен кризен штаб утврдени според препораките на Комисијата за заразни болести. Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување возрасни лица и лица со попреченост. […]

Се реконструира пешачкaта патека на улица „Љубљанска“ во Карпош


Екипи на ЈП „Улици и патишта“ по налог на Град Скопје деновиве почнаа со реконструкција на оштетената пешачка патека на улицата „Љубљанска“ во Општина Карпош. Пешачката патека се реконструира на површина од 2300 квадратни метри, во насока од булевар „Партизански одреди“ до булеварот „Илинден“.   Во рамките на градежните активности, досега е завршен потегот на […]