Русија го загуби и 40-от полковник во Украина

Александар Блинов бил убиен уште во март, а веста за неговата смрт е потврдена денеска


 

Русија го загуби својот 40. полковник во Украина, беше потврдено денеска на одбележувањето на Денот на победата во Москва.

Потполковникот Александар Блинов (42) беше убиен во март, но веста за неговата смрт беше строго демантирана од руските власти.

Неговата смрт е потврдена со слика на неговиот гроб во Волгоград.

Убиството на Блинов е нов удар за руската инвазија на Украина.

Блинов бил оженет татко на три деца. Еден семеен пријател рече: „За нас тоа е само шок“.

Служел во единица со моторизирани топови.

Вчера се појавија вести за 39-от убиен полковник на Путин, Фезул Бичикаев (36). Потполковникот бил елитен војник, кој наводно бил убиен во тајна разузнавачка мисија.