Пулицерова награда за Вашингтон пост и Ројтерс


САД– „Вашингтон пост“ доби Пулицерова награда за известување од јавен интерес за опсадата на американскиот Капитол, додека Ројтерс победи во категоријата фото-репортажа за известување за пандемијата на коронавирус во Индија. Украински новинари добија специјално признание за покривање на руската инвазија, соопшти менаџерката на Пулицеровата награда Марџори Милер. Според неа, овогодишната награда за известување од јавен […]

Макрон и Шолц со поддршка за Украина пред Бранденбуршката порта


Германија– Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц и дадоа „целосна поддршка“ на Украина кога синоќа заедно пристигнаа пред Бранденбуршката порта во Берлин, симболот на Студената војна, осветлена во оваа прилика во боите на земјата нападната од Русија.   „Целосна поддршка за Украина“, рече францускиот претседател кој пешки пристигна со  германскиот канцелар до […]

Голема победа на синот на Фердинанд Маркос на претседателските избори на Филипините


Фердинанд Маркос јуниор, синот на диктаторот Маркос кој побегна од земјата во 1986 година, денеска победи на претседателските избори на Филипините, враќајќи го семејниот клан на власт, 36 години откако со народен бунт беше соборен од власта. Резултатите по пребројувањето на гласовите на повеќе од 90 отсто од избирачките места покажуваат дека Маркос јуниор, познат […]

Бројот на жртви во експлозијата во луксузниот хотел во Хавана достигна 40


Куба– На 40 се зголеми бројот на жртви во експлозијата, што одекна во хотелот Саратога во Хавана во петокот, соопшти кубанското Министерство за здравство. Се верува дека експлозијата ја предизвикало истекување на гас. Осумнаесет лица се на болничко лекување, 40 се загинати, меѓу кои и четири деца, како и млади лица и туристка од Шпанија. Од […]

Ѕвоната на катедралата во Вашингтон ѕвонеа во чест на милион смртни случаи од Ковид


САД– Ѕвоната на Националната катедрала во Вашингтон во понеделникот ѕвонеа илјада пати во чест на жртвите од Ковид, бидејќи Соединетите Американски Држави имаат околу милион смртни случаи.   САД официјално објавија најголем број смртни случаи во светот, повеќе од Бразил, Индија и Русија, а во понеделникот имаа повеќе од 995.000 смртни случаи од Ковид-19, според […]

Презентација на првата Мијаваки шума на Институтот за патофизилогија и нуклеарна медицина


Презентација на првата Мијаваки шума во државата (мали урбани шуми кои даваат три пати повеќе зеленило од вообичаените насади) ќе се одржи денеска во дворот на Институтот за патофизилогија и нуклеарна медицина (ИПНМ). Како што соопшти Институтот, таа е донација на невладината организација „Зелена планета за сите“. Во посета на Институтот за патофизиологија и нуклеарна […]

Меѓународниот фестивал за филмови отвора 24-часовен светски маратон за снимање едноминутни филмови


Меѓународниот фестивал за филмови снимени со мобилен телефон „Мобил фестивал“ ги повикува сите заинтересирани студенти на филмските универзитети во земјава, основци и средношколци, филмски аматери и ентузијасти да се пријават за учество на најголемиот светски натпревар за правење кратки филмови во живо на тема „Еколошко размислување“. -Натпреварот ќе биде отворен во Унгарија, на Универзитет во […]

Ношпал за Евросонг: Класичниот квалитет секогаш го победува невкусниот микс


-Вистинскиот рецепт за успешен пласман ми се сѐуште непознати, но од моето евровизиско искуство можам слободно да кажам дека „цело е кога има сé“. Тоа значи дека  добрата песна и композиција изведувана од вистински одбраниот вокал и интерпретатор, сето тоа спакувано на соодветен начин односно стејџинг е секогаш добра и вистинска формула за успех. Погледнете […]

Шефот на австриската дипломатија во посета на Македонија


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе биде домаќин на сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг, кој престојува во еднодневна работна посета на Република Северна Македонија. Покрај средбата со Османи, министерот Шаленберг ќе оствари средби и со претседателот на државата, Стево Пендаровски, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, како […]

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата почнуваат активна блокада на Собранието, за власта тоа е неодговорно и за политички цели


Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ од денеска почнуваат со активна блокада на Собранието која ќе трае сè до договорот за датум за предвремени парламентарни избори. Власта, сепак смета дека овој чекор е за политички цели и потенцира дека лидерска средба заснована на уцени и закани нема да има. Доколку евентуално се […]

Сончево и топло, попладне пороен дожд и ветер


Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а веќе попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени. Во Скопје слично време со минимална […]

Уште 100 милиони евра непродуктивни трошоци ќе бидат скратени од Буџетот


Премиерот Димитар Ковачевски вечерва обелодени дека од буџетот ќе бидат скратени дополнителни 100 милиони евра непродуктивни трошоци. – Во моментов, работиме на ребалансот на Буџетот. Завршена е расходната страна и ќе има кратење на дополнителни 100 милиони евра непродуктивни трошоци, рече Ковачевски во централниот дневник на телевизија „Сител“. Тој додаде дека ова се дополнителни кратења […]

„Норма“ ги отвори Мајските оперски вечери, „Аида“ ќе ги затвори на 31 мај


Во Националната опера и балет вечерва започна 50. јубилејно издание на Мајските оперски вечери. Настанот беше отворен со операта „Норма“, симболично избрана бидејќи последен пат во земјава била изведена пред 30 години, а „Мајските оперски вечери“ последен пат е изведена во 1996 година. Во „Норма“ настапи екипа од Италија, Србија и домашни солисти со кои […]

За Шолц, идејата на Макрон за европски клуб е „многу интересен предлог“


Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го поздрави предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за поширок европски клуб на земји надвор од ЕУ, кој би можел да ги вклучи Украина или Велика Британија. – Сакам експлицитно да кажам дека ова е многу интересен предлог, изјави Шолц, додавајќи дека е „многу задоволен од предлогот за кој разговараме […]

Извозот на сончогледово масло во Албанија нема да го наруши пазарот, вели Ковачевски


Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, во интервју за ТВ „Сител“, истакна дека Владата уште од првиот ден на енергетската и економската криза, кога заради војната во Украина пораснаа цените на производите и земјите донесоа забрана за извозот со цел да се заштитат цените на резервите што ги имаат, ресорните министри разговараат со соседите и носат […]

Во изминатите три дена нови 159 случаи на КОВИД-19, починати три лица


Во последните три дена од 6 до 9 мај, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, направени се 2.777 тестови, а регистрирани се 159 нови случаи на КОВИД-19, од кои 25 се реинфекции. Регистрирани се 225 оздравени лица, а пријавено е едно починато лице и дополнително согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од […]

Американците со своја Евровизија – Снуп Дог и Кели Кларксон домаќини на American Song Contest


САД – Раперот Снуп Дог и рок-пејачката Кели Кларксон ќе бидат вечерва домаќини на финалето на  „Натпреварот за песна на Америка“ (American Song Contest), по теркот на Евровизија.Натпреварот ќе биде прикажан на американската мрежа Ен-Би-Си. До финалето од шоуто кое почна во март, стигнаа десет изведувачи меѓу кои и поп-ѕвездата и ветеран Мајкл Болтон, а […]

Ник Кејв изгуби уште еден син


САД– Фронтменот на Bad Seeds, Ник Кејв, потврди во изјава за NME дека неговиот 31-годишен син Џетро починал овој викенд. „Со тага потврдувам дека мојот син Џетро почина. Ќе бидеме благодарни ако ја почитувате нашата приватност во овие моменти“, изјави Кејв за NME. Во 2015 година, Кејв изгуби уште еден син, тогаш 15-годишниот Артур, кој […]

Во Германија 25 проценти од вработените работат од дома


И по укинувањето на обврската на работодавците да им понудат на вработените можност да работат од дома, сепак една четвртина од вработените кај кои е можна оваа форма на работа ја користат оваа можност. – Очигледно, многу компании трајно се адаптираа на пофлексибилни работни модели, изјави Жан-Виктор Алипур од Институтот Ифо во Минхен (Институт за […]

Тринаесет земји-членки на ЕУ се против промена на Договорот за ЕУ


Група од 13 земји-членки на Европска Унија не го поддржуваат предлогот за измена на Договорот за ЕУ, што е еден од заклучоците на штотуку завршената Конференција за иднината на Европа, поддржана од францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европска Комисија, Урсула фон дер Лајен. – Иако не исклучуваме ниту една опција во оваа фаза, […]