Во Чад се судриле копачи на злато – 100 мртви


  Во борбите меѓу неформалните рудари за злато во оддалечен дел од северен Чад загинаа околу 100 луѓе, а 40 се повредени, соопшти владата. Она што започна како „земјен спор меѓу две лица… дегенерираше“, изјави министерот за одбрана Дауд Јаја Брахим за новинската агенција АФП. Планинската област Кури Бугуди во близина на либиската граница привлекува […]

Полицијаци му дале знак за запирање, возачот се залетал во нив


На локалниот пат кон село Богојци возач се обидел да удри во двајца полициски службеници, откако претходно полицијата дала знак за запирање. – Околу 11:20 часот во текот на вчерашниот ден, на локалниот пат кон село Богојци, струшко, полицијата од Полициското одделение Велешта дале знак за запирање на патничко возило „Опел фронтера“, без регистарски ознаки, кое било натоварено со дрва и во кое […]

Вучиќ утре ќе положи заклетва за вториот претседателски мандат


Претседателот на Србија Александар Вучиќ утре ќе положи заклетва пред пратениците од старото свикување на Собранието на Србија за втор претседателски мандат, јави дописникот на МИА од Белград. Утре ќе се одржи единаесеттата специјална седница на Народното собрание на Србија, на која претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе положи заклетва и ќе ја преземе функцијата […]

Тод Боли и официјално нов сопственик на Челзи


Откако сите детали беа усогласени минатата недела, англискиот фудбалски гигант Челзи денеска и официјално премина во сопственост на американски конзорциум на чело со бизнисменот Тод Боли. Челзи ја најави продажбата минатата недела, а попладнево преку клупско соопштение ја официјализираше трансакцијата. – Чест ни е што сме нови сопственици на Челзи. Сто проценти сме во оваа нова работа. […]

Во поплавите во Бразил загина 91 лице


Во поплавите во бразилската држава Пернамбуко во североисточниот дел на Бразил загина 91 лице, соопштија денеска локалните власти. Локалните и федералните спасувачки служби ја пребаруваат областа барајќи 26 лица кои моментално се водат како исчезнати. Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро им изрази сочувство на семејствата на жртвите. „За жал, вакви катастрофи се случуваат во земја […]

Инфлацијата во Германија во мај речиси осум отсто


Стапката на инфлација во Германија продолжи да расте во мај со 7,9 отсто повисоки цени во споредба со истиот период минатата година, што е највисоко забележано зголемување на цените во Германија од нафтената криза во 1970-тите, соопшти денеска Федералниот завод за статистика во Визбаден. Стапката од 7,9 отсто е повисока од проценките на водечките економисти […]

Викендов 151 новозаболен од КОВИД-19, тројца починати и 194 оздравени


Во последните три дена од направени 2.335 тестови регистрирани се 151 нов случај на КОВИД-19, од кои 29 се реинфекции, едно починато лице и 194 оздравени пациенти, а дополнително преку Мој Термин се пријавени уште две починати лица, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Од новозаболените 109 се од Скопје, […]

Пендаровски ги одликува нобеловецот Пол Кругман и Стопанската комора со Орден за заслуги


Претседателот Стево Пендаровски денеска ги одликува со Орден за заслуги за Република Северна Македонија професорот и нобеловец Пол Кругман и Стопанската комора на РСМ, а на нејзиниот претседател Бранко Азески му додели Повелба. Пол Кругман, нобеловец, истакнат професор по економија, меѓу другото автор и уредник на 27 книги, преку 200 научни статии во стручни списанија, […]

Бајден: САД нема да испратат во Украина ракетни системи што можат да погодат цели во Русија


 САД нема да и испратат на Украина ракетни системи што можат да стигнат до Русија, изјави денеска американскиот претседател Џо Бајден, пренесен од британските медиуми. Коментарот на американскиот претседател следеше по извештајот дека неговата администрација се подготвува да испрати напредни ракетни системи со долг дострел во Киев. Би-Би-Си во извештајот наведува дека се чини дека […]

Украина ја обвинува Русија дека ѝ украла речиси 500.000 тони пченица


Украинскикот заменик министер за земјоделство денеска ги обвини руските сили дека украле речиси 500.000 тони пченица од окупираните региони на Украина. Тарас Висоцки кажа дека Русија се обидела да им продаде пченица на Египет и Либан, но дека тие одбиле да ја купат. На овие тврдења немаше реакција од Москва, додека западните медиуми не можеа […]

Ковачевски: Владата ги стави на располагање сите институции за заштита и спасување за справување со пожарот во Тетово


Разговарав телефонски со градоначалникот на Тетово Билал Касами и го информирав дека Владата ги стави на располагање сите институции во системот за заштита и спасување за справување со пожарот во Тетово, напиша попладнево премиерот Димитар Ковачевски на својот фејсбук-профил. Додава дека остануваат во отворена комуникација за сите дополнителни мерки што ќе се укажат како неопходни […]

Македонија ќе учествува на ОСАКА ЕКСПО 2025


Учеството на Северна Македонија на ОСАКА ЕКСПО 2025 претставува извонредна можност за воспоставување директни контакти меѓу бизнис заедниците и за привлекување јапонски инвестиции во нашата земја, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната средба со Кенџи Вакамија, министер за ОСАКА ЕКСПО 2025, што се одржа во рамки на работната посета на Јапонија. На […]

Пол Кругман порача да ги поправиме патиштата за да привлечеме инвестиции


  Еден од водечките економисти на денешнинава, нобеловецот Пол Кругман, денеска во Скопје порача дека Северна Македонија има добри можности за развој, но дека треба да ја подобри инфраструктурата. „Локацијата на вашата земја е добра, политичкиот систем е добар, но треба да се поработи на патиштата“, рече Кругман, зборувајќи за новите трендови во светската економија […]

Германија ќе овозможи заштита за загрозените руски граѓани


Германската влада денеска постигна договор за нови поедноставени регулативи за обезбедување азил на руските граѓани прогонети во нивната земја.   „Сè побруталната агресија на Русија против Украина е придружена со сè побрутална внатрешна репресија, која е особено насочена против претставниците на медиумите, опозицијата и групите за човекови права“, изјави германската министерка за внатрешни работи Ненси […]

„Њујорк тајмс“: Како Турција стана нестабилен сојузник на НАТО


  Кога турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган овој месец се закани дека ќе го блокира членството во НАТО на Финска и Шведска, западните функционери беа огорчени – но не и шокирани. Во сојузот што функционира со консензус, моќниот турски човек се смета за една работа налик на уметник. Во 2009 година, тој го блокираше назначувањето […]

Џафери: Пратениците да се однесуваат државнички, изборот на уставни судии да се одблокира


Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на покана на претседателката на Уставниот суд  Добрила Кацарска денеска учествуваше на работниот состанок на кој покрај него, присуствуваше и претседателот на државата Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски, информираат од Кабинетот на Џафери. Оттаму додаваат дека покрај актуелните прашања за административната и финансиска независност и за условите во кои […]

Државна матура ќе полагаат 15.899 ученици, екстерните испити се на 4 и 13 јуни


 Вкупно 15.899 кандидати се пријавени за полагање на државната матура од учебната 2021/2022 година. Од нив, 7.135 се ученици од гимназиско образование, 8.504 од стручно и 260 од уметничките училишта. Првиот екстерен испит – Мајчин јазик и литература ќе се полага в сабота, 4 јуни. Според податоците на Државниот испитен центар, за македонски јазик се […]

Фајон: Словенија го поддржува влезот на Хрватска во Шенген зоната


Словенија го поддржува влезот на Хрватска во Шенген зоната, изјави денеска идната словенечка министерка за надворешни работи Тања Фајон, но предупреди дека консензус за тоа во Европската унија ќе биде тешко да се постигне пред шенгенската реформа.   „Словенија го поддржува Шенгенското проширување со Хрватска, Романија и Бугарија, но ќе биде тешко да се постигне […]

Фон дер Лајен не е оптимистка за компромис за нафтата на вонредниот самит на ЕУ


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред почетокот на вонредниот ЕУ самит изјави дека компромис е можен за ембарго врз руската нафта подоцна, но не во следните 48 часа, јави дописничката на МИА од Брисел. Предлогот за санкции врз руската нафта е предлог на институцијата на Фон дер Лајен. Ова е шест предлог […]

Хеликоптерот на МВР „Бел 212“ активно работи на гасење на пожарот во Тетово


 Хеликоптерот на Одделот за воздухопловни единици, „Бел 212“, за кој МВР набави најсовремена опрема со која се оспособи за гаснење на пожар, веќе активно работи на гасење на пожарот кој утрово настана во магацин за складирање на производи на тетовска фабрика, а на лице место од моментот на пријавување на пожарот, покрај надлежните полициски екипи, […]