Украина ја обвинува Русија дека ѝ украла речиси 500.000 тони пченица


Украинскикот заменик министер за земјоделство денеска ги обвини руските сили дека украле речиси 500.000 тони пченица од окупираните региони на Украина.

Тарас Висоцки кажа дека Русија се обидела да им продаде пченица на Египет и Либан, но дека тие одбиле да ја купат.

На овие тврдења немаше реакција од Москва, додека западните медиуми не можеа да ги потврдат наводите од Киев.