Наоми Кембел донесе драма во Кан- тоалетата на „Валентино“ е само за храбрите


Франција- Наоми Кембел пристигна тивко на проекцијата на „Одлука за заминување (Хеоџил Киолшим)“ на 75-от годишен филмски фестивал во Кан во Палатата на фестивалите, ама предизвика експлозија со изборот на тоалетата на црвениот килим. Легендарниот супермодел направи ризичен спин на прекрасната црна тоалета на Валентино. Впечатливата тоалета се одликуваше со длабоко V-деколте, широк исечок на […]

ЕК предлага нови правила за конфискација на имотот на руските олигарси


Европската комисија денеска го претстави предлогот нови правила, кои ќе овозможат конфискација и продажба на имотот на руските олигарси и предлог прекршувањето на санкциите да се вметне на списокот на злосторства во ЕУ. Според предложената директива, имотот ќе биде конфискуван од физички и правни лица кои ги прекршуваат или заобиколуваат санкциите и на оние кои […]

(Видео) Кругман: Очекувам инспиративна дискусија на Скопје економски финансиски форум


Нобеловецот, професор и истакнат американски економист Пол Кругман, кој в понеделник ќе има обраќање на конференцијата „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа“ на Скопје економски финансиски форум, очекува инспиративна дискусија на актуелни економски теми. На учесниците на форумот и на економската јавност во нашата земја Кругман им се обрати преку видеопорака. Пол […]

ВМРО – ДПМНЕ ќе го поддржи Предлог законот за финансиска стабилност, но продолжува со активната блокада на Собранието


Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ ќе го поддржи дополнетиот Предлог-закон за финансиска стабилност, по кој и на денешното продолжение на 71.пленарна седница дискутираат пратениците. Сепак, најавија дека продолжуваат со активната блокада на Собранието и бараат брзи предвремени парламентарни избори за излез, како што нагласија, од економската и финансиска криза невидена од осамостојувањето на државата […]

Македонија по корупција во групата со Етиопија и Колумбија – не сакате таму да припаѓате


Во следните три години во осум општини од секој регион во државата Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ќе го реализира проектот „Заштита од корупцијата”. Претседателот на ЦГК, Герман Филков, истакна дека во овој проектот ќе бидат опфатени не само општините како институции, туку и институциите кои спаѓаат под нивни ингеренции. Целта на проектот според него е намалување на […]

Брзи антигенски наместо ПЦР-тестови за Ковид-19 при дијагностички процедури


Стабилна е состојбата со КОВИД-19 во земјава, има намалување на дневната инциденца и сметаме дека нема потреба од дополнителни интервенции коишто би требало да направат одредени измени во начинот на кој се контролира трансмисијата на вирусот, изјави д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести по денешниот состанок. Комисијата на состанокот денеска одлучила да […]

Пратениците од утре ќе користат нова модерна конференциска опрема во собраниската сала


Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска ја претстави новата модерна конференциска опрема во пленарната сала, што од утре ќе биде ставена во функција. Џафери информира дека салата е комплетно обновена, а како што беше и пред пандемијата со КОВИД-19, во салата од утре ќе можат да присуствуваат и медиумите без ограничувања, според претходно воспоставените правила. […]

Мехмедовиќ: Го подготвуваме здравствениот систем за мајмунски сипаници


Комисијата е загрижена од ширењето на вирусот на мајмунски сипаници и од појавените случаи надвор од ендемичните басени во централна и западна Африка.  Состојбата внимателно се следи, но не треба да има паника зашто оваа епидемија, од која во светот има стотина случаи, не е идентична и пропорционална со сѐ уште актуелната пандемијата со Ковид-19, […]

Брус Спрингстин на американска и европска турнеја во 2023


САД– Брус Спрингстин и Е Стрит Бенд ќе се вратат на сцената на почетокот на 2023 година, започнувајќи серија најавени датуми во САД во февруари, а потоа на европските стадиони кои ќе започнат на 28 април во Барселона, и со втора во Северна Америка која започнува во август. „По шест години, со нетрпение очекувам да […]

Србија договори да складира 500 милиони кубни метри гас во Унгарија


Министерот за финансии Синиша Мали изјави во Будимпешта, по средбата со унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијартo, дека е договорено Србија во текот на претстојната зима да складира 500 милиони кубни метри гас во Унгарија, јави дописникот на МИА од Белград. Договорот беше прецизиран откако српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот премиер […]

Во март 70,7 проценти од потрошената струја од домашно производство


Во март годинава вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 798 667 мегават часови електрична енергија, 44.740 милиони нормални метри кубни природен гас, 446 801 тон јаглен и 110 788 тони нафтени продукти, објави денеска Државниот завод за статистика. Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 70,7 проценти во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 97,2 […]

Вучиќ: Односите меѓу Србија, Македонија и Албанија никогаш не биле подобри


Претседателот на Србија Александар Вучиќ во Давос, каде присуствува на годишниот состанок на Светскиот економски форум, зборувајќи за иницијативата Отворен балкан рече дека се вклучуваат сѐ повеќе луѓе. „Задоволни сме од она што го имаме. односите на Албанија, Србија и Северна Македонија никогаш не биле подобри“, рече Вучиќ, јави Б92. „Луѓето мислат дека мора некого […]

Партијата на Петков ќе се приклучи кон групацијата на Макрон и Руте


  Бугарски премиер Кирил Петков планира да присуствува на состанокот на политичките лидери на групата Обнови ја Европа во понеделник, велат за „Политико“ луѓето информирани за состанокот – во најсилниот знак досега дека неговата партија Продолжуваме со промената се подготвува да се приклучи на либералната група на европско ниво. Собирот во понеделник е познат како […]

Само 35 новозаразени со Ковид-19


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 665 тестови, а регистрирани се 32 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 28, Битола, Куманово, Прилеп и Велес – по 1. Од вкупниот број на позитивни (32), регистрирани се 3 реинфекции. Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од: […]

Средба Пендаровски – Кулеба во Давос: Целосна поддршка за Украина и украинскиот народ


 Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Давос, имаше кратка средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба. Претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, во разговорот со Кулеба ја реафирмирал целосната поддршка за Украина и украинскиот народ, посочувајќи дека Северна Македонија како членка на НАТО, во рамки на можностите ќе продолжи да пружа воена, […]

Бесими на форумот на „Еуромани“ : Спроведуваме одговорен пристап за надминување на кризата


Политиките што ги презема Владата за надминување на кризата, како и напорите што земјата ги прави за да создаде поволно деловно опкружување, беа во фокусот на обраќањето на министерот за финансии Фатмир Бесими на Форумот на Централна и Источна Европа, што се одржува денеска во Виена, во организација на „Еуромани“. Форумот се смета за најважен […]

Бизнис форум и избор на најуспешни жени менаџерки ќе се одржи в сабота во Охрид


Избор на најуспешни жени менаџери и Бизнис форум ќе се одржат в сабота на 28 мај во Охрид во организција на Концепт Марили. Марили Бизнис Форумот, чиј почеток е најавен за напладне, е најавено да го отворат генералниот менаџер на агенција „Марили“ Лидија Трипуноска и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и […]

Бројката на загинати во масакрот во Тексас се искачи на 21


  УВАЛДЕ, Тексас – 18-годишен вооружен напаѓач уби 19 деца и двајца возрасни додека одел од училница во училница во основно училиште во Тексас, соопштија официјални лица, додавајќи го настанот на страшната, долгогодишна серија масовни убиства во цркви, училишта и продавници. Напаѓачот бил убиен од агент на граничната патрола кој влетал во училиштето без да […]

(Видео) Украинците објавија снимка од напад на камиказе дрон врз руски тенк


Украинските сили за специјални операции објавија снимка од летечка муниција, позната и како камиказа или самоубиствен дрон, кој се чини дека неутрализирал руски тенк. Украинците тврдат дека станува збор Switchblade, која Украина неодамна ја доби од САД. Видео од 44 секунди од Украинските сили за специјални операции е објавено на Фејсбук во вторникот. На снимката […]

Протест на косовските болничари: „Одговорете ни до 16 часот, зашто во 17 сме на курс по германски“


Косовските болничари и помошниот медицински персонал ангажиран за справувањето со пандемијата на Ковид-19 денеска излегоа на протест пред Министерството за здравство на Косово, со барање да им се исплатат заостанатите три месечни плати, јави дописникот на МИА од Приштина. Изразувајќи го револтот поради некоректниот однос на властите кон нив, болничарите и помошниот персонал порачаа дека […]