Наоми Кембел донесе драма во Кан- тоалетата на „Валентино“ е само за храбрите


Наоми, Кан, 2022

Франција- Наоми Кембел пристигна тивко на проекцијата на „Одлука за заминување (Хеоџил Киолшим)“ на 75-от годишен филмски фестивал во Кан во Палатата на фестивалите, ама предизвика експлозија со изборот на тоалетата на црвениот килим.

Легендарниот супермодел направи ризичен спин на прекрасната црна тоалета на Валентино. Впечатливата тоалета се одликуваше со длабоко V-деколте, широк исечок на страна и здолниште со пердуви . Фустанот имаше и бели машнички како детали на грбот и скромен шлеп кој нежно го бришеше црвениот тепих додека таа одеше.

Должината на облеката не дозволуваше да се ѕирне нејзиниот избор на обувки, но веројатно е дека таа избрала сандали на платформа или елегантни салонки на Вествуд, Версаче, Александар Меквин или Гучи.

Пред црвениот килим, Кембел беше забележана во полежерен изглед со ќерка ѝ во прегратка-  во долг печатен син макси фустан со ретро патики со високи сребрени прсти на Ер Џордан. 

Канскиот филмски фестивал слави и прикажува претстојни меѓународни филмови. Се одржува секоја година на француската ривиера, годинава од 17 до 28 мај, се врати на стандардниот формат во живо за прв пат од 2019 година – иако на Русите им беше забрането да присуствуваат во знак на солидарност со Украина за време на тековната војна.

На ѕвездениот фронт, Фестивалот во 2022 година ќе биде домаќин на повеќе филмови фокусирани на Холивуд -„Топ Ган: Маверик“, „Елвис“ и „Време на Армагедон“. Дополнително, престижната награда „Златна палма“, највисоката награда на фестивалот, ќе ја оценува жирито предводено од актерот Винсент Линдон.