Вучиќ: Односите меѓу Србија, Македонија и Албанија никогаш не биле подобри


Претседателот на Србија Александар Вучиќ во Давос, каде присуствува на годишниот состанок на Светскиот економски форум, зборувајќи за иницијативата Отворен балкан рече дека се вклучуваат сѐ повеќе луѓе.

„Задоволни сме од она што го имаме. односите на Албанија, Србија и Северна Македонија никогаш не биле подобри“, рече Вучиќ, јави Б92.

„Луѓето мислат дека мора некого да бркаме за да го оправдаме своето постоење. Не мораме. Ги повикавме сите. Ние сме задоволни со она што го имаме, би сакале да имаме повеќе, но задоволни сме. Имаме добра соработка со сите“, вели Вучиќ.

„Кој сака соработка, добродојден е и тоа е тоа“, додаде Вучиќ.

Тој на денешната средба со Дритан Абазовиќ од Црна Гора го покани и неговата земја да се приклучи кон иницијативата Отворен Балкан.