Дрвја незаконски сечеле 16 лица, од кои 7 малолетници


Во четвртокот на повеќе локации во место викано Борула, прилепско е спроведена координирана акција по Оперативна акција “Гора” на СВР Битола-ОВР Прилеп – НККР, Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за специјални полициски операции со поддршка на  ЈП Национални шуми и внатрешна контрола на ЈП Национални шуми. Од слобода се лишени И. А.(35), С. А.(58), […]

Загина пешак на регионален пат во Струшко


Уште еден пешак настрада на македонските патишта.  На 26.05.2022 околу 21.35 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионален пат во с.Враништа, струшко, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Р.(18) од Струга, удрило во Н.П.(54) од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и бил пренесен […]

Османи ја отвори нашата амбасада во Киев


Министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со  украинскиот шеф на дипломатијата, Дмитро Кулеба. Ова е нивна втора средба во само неколку недели. Централна тема на разговорите беше руската агресија врз Украина и нејзините последици врз украинската држава и граѓани, но и пошироко. Соговорниците се сложија дека во прашање е грубо кршење на меѓународното […]

Од септември зголемување на платите на универзитетските професори


Зголемувањето на платите на универзитетските професори веќе е планирано во Буџетот за од септември и тоа и во оригиналниот, а стои и во ребалансот на Буџетот, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски по одбележувањето на 65-та годишнина од пуштање во употреба на хидросистемот „Вруток“. Одговарајќи на новинарско прашање Ковачевски рече дека го видел писмото кое го […]

Месната индустрија бара продолжување на мерката за увоз на суровина уште шест месеци


Уште шест месеци да продолжи мерката која предвидува нула отсто царина  за 50 проценти од искористените увезени количини свинско месо во претходната година, бараат преработувачите и предупредуваат дека ако тоа не се случи, сувомесните производи ќе поскапат за најмалку 15 – 20 отсто, но можно е да дојде и до затворање на капацитетите или до […]

Кина: Регистрирани инфекции на Ковид-19 од непознато потекло во близина на границата со Северна Кореја


Кина– Кинеското Министерство за здравство денеска соопшти дека во северноисточната провинција Џилин што се граничи со Северна Кореја се регистрирани локални трансмисии на Ковид-19 од непознато потекло. Жариштето почнало да се шири од пограничните области кон внатрешноста на покраината, изјави претставникот на државната Национална здравствена комисија, Леи Женглонг. Покраината, исто така, во мал дел се […]

Во рускиот Приморски Крај пратеници побарале да заврши војната, па биле избркани од салата и им било одземено гласачкото право


  На состанокот на Законодавното собрание на Приморскиот Крај на рускиот Далечен Исток, пратеникот од Комунистичката партија Леонид Васјукевич прочита апел до претседателот на Русија со барање да се запре „специјалната воена операција“ во Украина. „Ние разбираме дека ако нашата земја не ја прекине воената операција, во нашата земја ќе има уште повеќе сирачиња. За […]

Кејт Мос: „Џони Деп никогаш не ме турнал по скалите“


САД- Кејт Мос сведочеше на судењето за клевета на Џони Деп и Амбер Херд и ги отфрли долгогодишните гласини за нејзината врска со актерот. Супермоделот (48) беше повикана од адвокатскиот тим на Деп како сведок за побивање додека Херд инсинуираше дека Деп ја турнал Мос по скалите за време на врската на двојката во 90-тите. […]

Ковачевски за Отворен Балкан: Бариерите паѓаат, а ние се поврзуваме побрзо


Со Отворен Балкан ги отстрануваме работните дозволи и ги признаваме дипломите. Бариерите паѓаат, а ние се поврзуваме побрзо, истакна премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски. По денешниота видео-конференциски состанок со српскиот претседател, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама, Ковачевски на својот Фејсбук профил напиша дека разговарале за забрзување на имплементацијата на проектите […]

Мицкоски се жали дека власта го блокира заемот од Светска банка за општините


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска се пожали дека власта го блокира заемот од Светска банка наменет за финансирање на општините. Одговарајќи на новинарско прашање при посетата на општина Гази Баба, тој најави дека комисиите и стручните тела на ВМРО-ДФПМНЕ работат заедно со политичките партии кои се дел од коалицијата на амандмани за ребалансот на Буџетот […]

Истражувања: Парите може да купат поквалитетен живот, но не и среќа


Дали луѓето од листите на „Форбс“ навистина се посреќни од „обичните смртници“ – на ова прашање се обидуваат да одговорат стручњаците кои ја проучуваат среќата. Така, првичниот заклучок гласи: Парите можат да купат поквалитетен живот, но не секогаш и среќа. Во испитување на американските социјални истражувачи Ед Динер, Џеф Хорвиц и Роберт Емонс, тие го […]

„Јутарњи лист“: СДП бара плоштадот во Загреб повторно да се вика „Маршал Тито“


 Советничката група на хрватската Социјалдемократска партија во Градското собрание на Загреб поднесе предлог за враќање на името „Маршал Тито“ на плоштадот што сега го носи името „Република Хрватска“ во главниот град. Загрепски „Јутарњи лист“ објавува дека предлогот го поднел шефот на загрепската СДП, Виктор Готовац приложувајќи образложение на пет страници. На првите две страници се […]

Богојески бара да ја известиме ЕУ дека без датум – нема да има ни Северна Македонија


Петар Богојески од Македонски концепт, со оглед на очекувањата дека и во јуни нема да има датум за почнување на преговорите со Македонија, побара владата да го извести Брисел дека, ако и на следниот самит опстои бугарското вето, таа ќе престане да го употребува името Северна Македонија  внатре во земјата. Ваквата обврска, според член 1, […]

Мартин Скорсезе за Реј Лиота : „Апсолутно ме воодушеви“


САД-  Славниот режисер Мартин Скорсезе му оддаде почит на неговата ѕвезда од Goodfellas, Реј Лиота. Актерот кој ја доби наградата Еми почина во сон во Доминиканската Република. Беше свршен со Џејси Нитоло, а и беше татко на ќерката Карсен (23) со поранешната сопруга Мишел Грејс. Лиота е веројатно најпознат по тоа што го глумеше вистинскиот […]

Повластени цени на дериватите во Унгарија само за возилата со унгарски регистарски таблички


Унгарската Влада денеска ќе донесе одлука со која нафтени деривати по повластени цени во земјата ќе можат да точат само возилата со унгарски регистарски таблици, соопшти Гергели Гуљаш, шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Унгарија на 15 ноември минатата година ги замрзна цените на бензинот и на обичното дизел гориво на износ од […]

Ѕвездите собраа милион долари за добротворната amfAR гала во Кан (фото)


Франција– Холивудски ѕвезди, европски актери, музичари и манекенки се собраа во  Hôtel du Cap-Eden-Roc во Кан, на 28-от по ред добротворен настан  „Киното против сидата“  во организација на фондацијата за истражување на лек против сидата amfAR.  Кристина Агилера, Рики Мартин и Чарли XCX настапија, а  Роберт де Ниро беше одликуван  на 28-та годишна манифестација. Домаќин […]

Ќе се поедноставува постапката за поставување фотоволтаици


Премиерот Димитар Ковачевски денеска соопшти дека се работи на законско решение и подзаконски акти кои наскоро ќе се најдат пред пратениците во Собранието и кои ќе овозможат олеснета постапка и процедури за поставување фотоволтаици, идентични со оние во западноевропските држави. – Во „Осломеј“ е пуштена првата фотоволтаична централа од десет мегавати и таму веќе се […]

Тешки борби на приодите на Северодонецк


  Има тешки борби на периферијата на Северодонецк – клучна руска цел – додека руските трупи се обидуваат да го заземат градот во регионот Луганск во Украина. Градот е под речиси континуирано гранатирање – 60% од станбениот фонд е целосно уништен, а до 90% од зградите се оштетени и ќе треба големи поправки, вели градоначалникот […]

Започнуваме проект за ревитализација на енергетскиот систем вреден 29 милиони евра, најави Ковачевски


 Владата во согласност со оперативната програма за 2022-2024 во делот на енергетиката стартува проект за ревитализација на големите хидроелектрани со што ќе ја зајакне македонската енергетска стабилност и независност, рече премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на одбележувањето на 65-годишнината од постоењето на хидроенергетскиот систем „Вруток“. Ковачевски напомена дека со овој голем проект ќе бидат опфатени […]

Нов зелен плоштад на кејот „Димитар Влахов“


Нова зелена јавна површина се уредува на кејот „Димитар Влaхов“. Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ работат на површина од 3.244 квадратни метри која е поделена на повеќе парцели со пешачки патеки. Во текот на активностите на оваа локација површинскиот слој земја ќе се прекопа и отстрани и ќе се нанесе квалитетна почва. На површината […]