Ѕвездите собраа милион долари за добротворната amfAR гала во Кан (фото)


Франција– Холивудски ѕвезди, европски актери, музичари и манекенки се собраа во  Hôtel du Cap-Eden-Roc во Кан, на 28-от по ред добротворен настан  „Киното против сидата“  во организација на фондацијата за истражување на лек против сидата amfAR. 

Ева Лонгорија

Кристина Агилера, Рики Мартин и Чарли XCX настапија, а  Роберт де Ниро беше одликуван  на 28-та годишна манифестација.

Карин Ротфилд

Домаќин на годинешното шоу пак беше Карин Ротфилд, француска модна уредничка и поддржувач на amfAR , најпозната по нејзината работа како поранешен главен уредник на Vogue France и по основањето на „CR Fashion Book“.
Баз Лурман

Темата на годинешната модна ревија „Ајде да се земеме“ содржи дизајни од Оскар де ла Рента, Лоу, Луј Витон, Луј Витон мажи, Живанши, Гучи, Шанел, Сен Лоран, Де Фурсак, Баленсијага, Фенди, Том Форд , Жакемус, Валентино, Џамбатиста Вали, Армани, Алаја, Бурбери, Версаче, Алед Мартинез, Моно, Ненси Дојака и Диор, меѓу другите.
Мила Јовович
Тоалетите од модната ревија беа достапни за продажба на аукција во живо за време на настанот, чиј домаќин беше швајцарскиот трговец со уметнички дела Симон де Пури. На аукцијата се најдоа и современи уметнички дела и луксузни предмети на продажба.
Џулиан Ленон
Филмскиот фестивал во Кан започна на 17 мај и ќе трае до утре, до 28 мај, кога ќе биде доделена и Златната палма. 
Коко Роча
Наоми Кембел
Рики Мартин
Синтија Ериво