Во рускиот Приморски Крај пратеници побарале да заврши војната, па биле избркани од салата и им било одземено гласачкото право


 

На состанокот на Законодавното собрание на Приморскиот Крај на рускиот Далечен Исток, пратеникот од Комунистичката партија Леонид Васјукевич прочита апел до претседателот на Русија со барање да се запре „специјалната воена операција“ во Украина.

„Ние разбираме дека ако нашата земја не ја прекине воената операција, во нашата земја ќе има уште повеќе сирачиња. За време на воената операција, младите луѓе кои би можеле да бидат од голема корист за нашата земја умираат и стануваат инвалиди“, рече Васјукевич. Според него, на апелот се потпишале уште тројца пратеници.

Видео снимката од говорот на Васјукевич ја објави каналот на Телеграм Newsbox24.tv. Гувернерот на Приморскиот Крај, Олег Кожемјако, кој бил присутен во салата, според „Комерсант“, го нарекол Васјукевич „предавник“ и повикал да биде изнесен од салата заедно со уште еден колега кој го поддржал. Поради тоа и на двајцата комунисти им е одземено правото на глас на седницата. Лидерот на фракцијата на Комунистичката партија, Анатолиј Долгачев, го нарече говорот на неговите соборци некоординиран демарш и вети дека ќе преземе „најтешки мерки“, пишува весникот.