Муслиманите го слават Рамазан Бајрам – празник за духовно и за телесно прочистување


Верниците од исламска веросиповед денеска го слават празникот Рамазан Бајрам, кој се смета за еден од петте столбови на исламот и за празник за духовно и за телесно прочистување. По утринската молитва, верниците ги посетуваат гробиштата на своите роднини. Рамазан Бајрам се слави три дена, а доаѓа по едномесечниот строг пост. Рамазан е месец на […]

Што велат цивилите евакуирани од Азовстал: „Не можете ни да замислите низ што минавме“ (видео)


Вчера околу стотина цивили беа евакуирани од челичарницата Азовстал, последното упориште на бранителите на разурнатиот град Мариупол, по двомесечна опсада. Се проценува дека во бункерите и засолништата биле убиени околу 2.000 украински борци и околу 1.000 цивили. Мариупол беше целосно уништен во двомесечните напади на руската армија. Една од жените евакуирани вчера разговарала со новинар […]

Денес облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието, информират од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне […]

Битката за Донбас се претвори во позициска борба како од Првата светска војна


  Независниот руски медиум „Медуза“, кој по забраната во Русија, седиштето сега го префрли во Летонија секојдневно објавува приказни, анализи и стории за агресија врз Украина. Тие текстови, и од Русија и од Украина, се драгоцени информативни четива за она што се случува на фронтот и за ужасните страдања на цивилите. Како и за атмосферата […]

„Билд“: Ранет е и началникот на рускиот Генералштаб, Валери Герасимов


  Тој е најважниот воен човек на Путин: Валери Герасимов (66), началник на рускиот Генералштаб – а со тоа и врховен командант на руската армија. Целата кариера ја помина во војска. Сега се вели дека е ранет во напад на украинските вооружени сили! Ова го објавија неколку украински медиуми, повикувајќи се на неодредени извори. Се […]

Русија загуби уште еден генерал – деветти досега


  Деветтиот руски генерал наводно е убиен во украински артилериски напад во близина на Харков. Генерал мајор Антон Симонов (55) загина за време на нападот врз командно место на руската армија во минатото во северна Украина, изјави вчера советникот на претседателот Зеленски, Алексеј Арестович. Арестович им кажа на гледачите на Јутјуб во живо дека бил […]

Барселона воведе забрана за пушење на сите плажи


  По успешната пилот-програма која е спроведена во текот на летната сезона 2021 година, градските власти на Барселона одлучија трајно да воведат забрана за пушење на сите плажи. Забраната, која стапува на сила од 1 јуни, има за цел да ја заштити околината и да го осигура правото на граѓаните на уживање во чист, незагаден […]

Вардар го победи Еурофарм Пелистер, на чекор да ја одбрани титулата


Екипата на Вардар 1961 во дербито на македонската ракометна Суперлига во салата „Боро Чурлевски“ со резултат 23:26 (11:11) го совлада Еурофарм Пелистер. Пред овој меч битолчани беа во „пол-позиција“ за шампионската титула, но играчите на Давид Дејвис се надминаа себеси и сега се на пат да го одбранат тронот. Кај стрелците во победничките редови доминираше […]

„Баленсијага“ исмеван заради чудно облечениот манекен, го споредуваат со Џои од „Пријатели“


  Корисниците на социјалните мрежи повторно го исмеваат луксузниот моден бренд „Баленсијага“ поради чудно облечениот модел, кого го споредија со Џои од популарната серија „Пријатели“. Имено, на урнебесна фотографија се гледа како манекенот носи тексас јакна, а под неа неколку дополнителни облеки. Во рацете носи ранчиња, кои исто така се полни облека. Оваа фотографија, корисниците […]

Цукерберг за само еден ден стана побогат за 11 милијарди долари


  Основачот и дирекотр на компанијата „Мета“, Матк Цукерберг е побогат за 11 милијарди долари и со тоа повторно се најде меѓу десетте најбогати луѓе на светот. Ова се случило на 28 април кога вредноста на „Мета“, во чие сопствеништво се Фејсбук и Инстаграм, порасна за 17 отсто. СО тоа Цукерберг за само еден ден […]

Кулеба ја повика Германија да преземе водечка улога


Германскиот одговор на руската војна против Украина е колеблив во споредба со другите европски земји, изјави министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба за весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. Берлин треба „да ја преземе водечката улога во Европа, особено во прашањата на источната политика“, рече тој, нагласувајќи дека ова се однесува на испораката на оружје […]

Ранет човек пред „Тобако“ во Аеродром


На локацијата позната како „Тобако“ во скопската населба Аеродром еден човек е ранет од истрел од огнено оружје испукан од непознато лице и од непознато место. Две лица кои разговарале слушнале пукање, по што едниот се пожалил на болка и бил пренесен во болница. М.Т.(39) од Скопје пријавил дека пред локацијата „Тобако“ на подрачјето на […]

Евакуацијата на градот Мариупол е одложена за утре, соопштија властите


Евакуацијата на цивилите од деловите на Мариупол кои не припаѓаат на челичарницата Азовстал е одложена за утре, соопшти денеска Градскиот совет. Како што беше наведено, евакуацијата е одложена поради безбедносни причини, јави Би-Би-Си. Покрај борците и цивилите опколени во Азовстал, во јужниот дел на градот останаа околу 100.000 жители. Новиот обид за транспорт на цивили […]

Од удар на гром во зграда во Велес се запали и изгоре стан, нема жртви


Во силното невреме со дожд кое попладнево го зафати Велес, гром удри во зграда на ул.„Никола Карев“ бр 3 наспроти ООУ „Васил Главинов“. Од громот се запали и изгоре стан во поткровје и покрај брзата интервенција на пожарникарите од ТППЕ од Велес. Станарите од станот што се запалил не биле дома и нема повредени лица. […]

Утре облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд


Времето утре ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието, информират од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе […]

По разводот Бил Гејтс остана сам во вила со 18 купатила


  Бил (66) и Мелинда Гејтс (57) со години се делуваа како совршен пар. Неговата компанија „Мајкрософт“ е на чело на технолошкиот бум и во последните три децении даде повеќе од 50 милијарди долари за да помогне во искоренувањето на детската парализа, елиминирањето на маларијата и спасувањето на милиони животи. Покрај тоа што беа на […]

Со нерешена денационализација, Општина Битола на приватно земјиште гради парк во Нова Битола


  БИТОЛА – Уште Управниот суд не донел одлука за сопственоста и надоместокот, Општина Битола се зафати со уредување на нов парк на локација во Нова Битола, во населбата Довлеџик. Пред десетина дена локалната власт го најави стартот на работните активности на новиот парк, а во петокот на седница на Советот, опозицијата зборуваше дека се […]

ОН и МКЦК потврдија за евакуација од „Азовстал“


ОН и Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) денеска потврдија дека е во тек операција за евакуација на луѓето од фабриката за челик „Азовстал“ во украинскиот град Мариупол. Портпаролот на ОН за хуманитарна помош, Савијано Абреу, изјави дека напорите за евакуација на луѓето од „Азовстал“ се прават во соработка со МКЦК и во координација со […]

Почина легендата на југословенскиот фудбал Ивица Осим


  Легендата на босанскиот фудбал Ивица Осим почина денеска на возраст од 81 година, јавуваат босанксите медиуми. Тој починал утрово во 10 часот во Грац, каде живееше последните неколку години. Ивица Осим е роден во Сараево во 1941 година, каде почнал да тренира фубал во Железничар, а за овој клуб играше 11 години, настапи 250 […]

Албанија ги укина сите анти-ковид мерки


 Од денеска, Албанија ги укина ограничувањата воведени за да се спречи ширењето на коронавирусот.   Според одлуката на Национален комитет за справување со пандемијата, донесена на 26 април, од  денеска за влез во Албанија не е потребна потврда за вакцинација против коронавирусот, негативен тест или потврда за прележана инфекција. Исто така во земјата повторно се отворени ноќните […]