„Баленсијага“ исмеван заради чудно облечениот манекен, го споредуваат со Џои од „Пријатели“


 

Корисниците на социјалните мрежи повторно го исмеваат луксузниот моден бренд „Баленсијага“ поради чудно облечениот модел, кого го споредија со Џои од популарната серија „Пријатели“.

Имено, на урнебесна фотографија се гледа како манекенот носи тексас јакна, а под неа неколку дополнителни облеки. Во рацете носи ранчиња, кои исто така се полни облека.

Оваа фотографија, корисниците на социјалните мрежи ги потсети на сцена од серијата „Пријатели“, односно од епизодата „The One Where No One’s Ready”. Џои ја облече целата облека на Чендлер, за да му се одмазди што го скри неговиот долен веш.

„Џои носеше „Баленсијага“ многу пред да стане популарна“, напиша еден корисник на Твитер.

„Може да отидете во „Баленсијага“ и да потрошите многу пари или едноставно да облечете седум јакни, како што тоа го направи Џои Трибијани“, додава друг.

„Дали се овие дизајнери нормални?“, итсто така коментира еден корисник.

Но, ова не е прв пат „Баленсијага“ да добие критики за чудно облечени манекени. Истата ситуација се случи и кога беше претставена колекцијата 2018/2019 година.