Почина легендата на југословенскиот фудбал Ивица Осим


 

Легендата на босанскиот фудбал Ивица Осим почина денеска на возраст од 81 година, јавуваат босанксите медиуми. Тој починал утрово во 10 часот во Грац, каде живееше последните неколку години.

Ивица Осим е роден во Сараево во 1941 година, каде почнал да тренира фубал во Железничар, а за овој клуб играше 11 години, настапи 250 пати и постигна 75 гола.

Во 1970 година заминува за Франција, каде играше за Стразбур, Седан и Валенсинес.

Тој настапуваше и за репрезентацијата на поранешна Југославија, насптапи 16 пати, и постигна осум гола. Беше еден од главните играчи во освојувањето на второто место на Европското првенство во 1968 година. Во 1967 година прогласен е за најгобар играч во Југославија.

Во 1978 година ја заврши кариерата, а потоа успешно почна да се занимава како тренер. Беше селектро и на репрезентацијата на Југославија, а беше тренер на Партизан, Панатинаикос, Струм, ЈЕФ Јунајтед, а последниот ангажман му беше како селектро на Јапонија.

Осим во 2007 година доживеа мозочен удар, а се разбуди десет дена подоцна.

Во 2011 година ФИФА на чело на Комитетот за нормализација на Фудбалскиот сојуз на БиХ го постави токму Осим, а тој помогна да се врати на вистински пат.