Јубилеј – шест децении македонистика на Универзитетот во Љубљана


Годинава се навршуваат и одбележуваат 60 години од поставувањето на темелите на изучувањето на македонистиката на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана, соопшти Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (МСМЈЛК) во Скопје. Овој јубилеј, според МСМЈЛК, е исклучително значаен за македонскиот јазик, литература и култура, ако се […]

Мицотакис и лидерите од Балканот, меѓу кои и Ковачевски утре во посета на терминалот за LNG во Александруполи


Терминалот за течен природен гас (LNG) во грчкиот град Александруполи утре ќе го посети грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис заедно со други лидери од Балканот, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, меѓу нив ќе биде и претседателот на Владата на Северна Македонија Димитар Ковачевски. Грчкиот премиер за време на владината седница во петокот […]

Стојоски постави нов македонски рекорд на 100 метри – 10:59 секунди


Нов македонски рекорд на 100 метри постави атлетичарот Јован Стојоски, истрчувајќи ја патеката под 11 секунди. Стојоски на 26. Меѓународен митинг во Бар го освои првото место на 100 метри со време на нов национален рекорд од 10:59 секунди. Успешниот настап на митингот во Бар, Стојоски го комплетираше со освоеното прво место и на трката […]

Шарл Мишел утре на инаугурацијата на гасоводот во Александрополис


Белгија– Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел утре ќе отпатува за Аександрополис на покана на премиерите на Северна Македонија, Грција и Бугарија, Димитар Ковачевски, Киријакос Мицотакис и Кирил Петков и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, јави дописничката на МИА од Брисел. Мишел ќе присуствува на инаугурацијата на изградбата на гасоводот за течен природен гас, чија […]

„Роденденска“ – новата песна на Балашевиќ за еден ден е преслушана 100.000 пати (видео)


Обожавателите на Ѓорѓе Балашевиќ по година и два месеци од неговата смрт ја добија новата песна на легендарниот кантавтор, што е преслушана речиси 100.000 пати за 24 часа. Песната е објавена на 63-тиот роденден на Оливера Балашевиќ бидејќи е посветена на неа. Се вика „Роѓенданска“ и трае повеќе од шест минути.

Може ли војната да се префрли на територијата на Русија


  Само неколку моменти откако на 1 април на видео камера беа забележани ракети истрелани од хеликоптери на ниско ниво, огнен пламен го зафати складиштето за гориво во рускиот град Белгород. Голем пожар избувна во воениот истражувачки институт во близина на Москва. Експлодираа уште неколку големи магацини низ Русија. Овие и други слични инциденти на […]

Британско МНР: Руски хакери почнаа нов напад на платформите на социјалните мрежи


Англија–  Руски хакери почнаа нов напад врз странски лидери, насочени кон платформите на социјалните мрежи со голема кампања за дезинформации, чија цел е да ја легитимизира инвазијата на Украина, соопшти британскиот Форин офис. Платените оперативци кои работат од фабриката во Санкт Петербург ја користат апликацијата Телеграм за да регрутираат и координираат поддржувачи, кои потоа ги […]

Џил Бајден оваа недела во Романија и Словачка


САД– Првата дама на САД Џил Бајден оваа недела ќе отпатува во Романија и Словачка за да се сретне со семејствата на украинските бегалци, американските хуманитарни и воени работници и вработените во амбасадата, соопшти денеска нејзиниот кабинет. Патувањето на Џил Бајден е планирано меѓу 5 и 9 мај. Посетата ќе биде уште една демонстрација на […]

Состанок на министрите за енергетика на ЕУ откако Русија прекина со испорака на гас за Полска и Бугарија


Белгија – Министрите за енергетика на Европската унија на специјален состанок во Брисел денеска треба да разговараат за одлуката на Русија да ја прекине испораката на гас за Полска и Бугарија. Разговорите треба да се фокусираат на тоа како најдобро да се обезбеди европската енергетска безбедност додека се зголемува притисокот да се најдат алтернативни залихи. Русија […]

Германија не бележи нови смртни случаи од Ковид-19 за првпат од септември


Германија  –   Германија не регистрира смртни случаи од коронавирус во својот дневен биланс за првпат по повеќе од седум месеци. Бројките од Институтот за контрола на болести Роберт Кох објавени денеска за изминатиот 24-часовен период не покажаа нови смртни случаи од или со Ковид-19 за првпат од 21 септември минатата година. Германските здравствени власти регистрираа […]

Погребот на Андре Леон Тали од „Вог“ како модна писта – кој му оддаде последна почит


САД– Модниот џетсет се собра на приватниот погреб во Њујорк на Андре Леон Тали, поранешниот креативен директор на „Вог“ кој почина во јануари, на 73 години, од компликации по срцев удар. На последното збогум присуствуваа Ана Винтур, Наоми Кембел, Карли Кос, Марк Џејкобс, Кимора Ли Симонс, Марта Стјуарт и Гејл Кинг.  Комеморацијата се случува само […]

Олег Тинков – како олигархот бил принуден од Кремљ да го продаде имотот откако војната ја нарече „луда“


  Олигархот Олег Тинков, во интервју за „Њујорк тајмс“ рече дека руските власти всушност го принудиле да го продаде својот семеен удел во TCS Group (сопственик на Тинкоф банка, Тинкоф осигурување и други имоти). Според Тинков, тој добил само околу 3% од реалната, според него, вредност на средствата за TCS Group. „Продадов за еден денар“, […]

Новата изложба во Мет ја истражува американската мода, кадар по кадар (фото)


САД- Новата изложба на Мет ги дефинира моментите на американското  модно сидро од 19 и 20 век „Во Америка: Антологија на модата“, но девет познати филмски режисери ги овековечија тие дизајни во поактуелна светлина. Опфаќајќи 100 примери на машка и женска облека, изложбата истражува некои од нераскажаните и нецелосни приказни за американската мода од 19 […]

Кенан Исмаили: Во месец Рамазан материјализмот молчи и одмара


Муслиманите од целиот свет денеска го слават Рамазан Бајрам, или со другото име Фитр Бајрам, кој го означува крајот на едномесечниот пост во текот на месецот Рамазан. Скопскиот муфтија Кенан Исмаили, во интервју за МИА, појасни дека во текот на месецот Рамазан додека луѓето апстинираат од храна и вода материјализмот молчи и одмара, но од […]

Азиски берзи: Индексите во пад на почетокот на неделата


На азиските берзи во понеделникот цените на акциите паднаа, со слаб обем на тргување бидејќи некои земји во регионот не работат поради празниците, додека вредноста на доларот во однос на кошницата валути повторно се приближува на највисокото ниво во последните 20 години . Азиско-пацифичкиот берзански индекс MSCI, без јапонскиот, околу 19 часот беше околу 0,5 […]

Мет Гала се враќа: Водич за големата ноќ на модата


САД- Започна во 1948 година како општествено полноќна вечера, а не беше ни на Мет. Сега, 70 и повеќе години, Мет Гала е нешто сосема поинакво, еден од најфотографираните настани во светот поради црвениот ќилим по кој се вртат сите – иако познатите скали на Метрополитен музејот на уметноста не се секогаш црвени. Зборуваме за […]

Нетфликс го откажа серијалот осмислен од Меган Маркл


Нетфликс го откажа развојот на анимираната серија „Бисер“ (Pearl) создадена од Меган, војвотката од Сасекс, што ги означи најновите мерки за штедење откако компанијата објави разочарувачки прв квартал. Откажувањето е дел од стратешките одлуки на Нетфликс за анимираните серии, изјавија од компанијата за CNBC. „Бисер“ кој беше најавен минатата година е еден од неколкуте проекти […]

Големите планови на Илон Маск за Твитер: Што знаеме досега


Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, изнесе некои смели, иако сè уште нејасни, планови за трансформирање на Твитер во место за „максимална забава“ откако ќе ја купи платформата за социјалните медиуми за 44 милијарди долари и ќе стане приватна. Но, донесувањето на она што во моментот е нешто повеќе од мешавина на нејасни принципи и […]

Германија го поддржува ембаргото за руската нафта, најави Бербок


Министерката за надворешни работи Аналена Бербок повтори дека Германија е за ембарго на нафта против Русија. Германија сега е „подготвена“ да се снаоѓа без руска нафта неколку години, изјави таа за јавната телевизија АРД. „Новите договори за снабдување со нафта значително ја намалија зависноста на Германија од Русија“, додаде Бербок. Уделот на руската нафта што […]

Евроинтеграцијата не треба да се одвива без фонд за животна средина


Нужно е во земјава да биде формиран фонд за животна средина, кој е потребен за да обезбеди одржлив систем за заштита на животната средина преку финансиски механизми и редовни извори на приходи. Меѓу другото, фондот е потребен и за евроинтеграцискиот процес, бидејќи  по приемот во Европската Унија на земјава ќе ѝ бидат ставени на располагање […]