„Роденденска“ – новата песна на Балашевиќ за еден ден е преслушана 100.000 пати (видео)


Фото: Б. Грданоски

Обожавателите на Ѓорѓе Балашевиќ по година и два месеци од неговата смрт ја добија новата песна на легендарниот кантавтор, што е преслушана речиси 100.000 пати за 24 часа.

Песната е објавена на 63-тиот роденден на Оливера Балашевиќ бидејќи е посветена на неа. Се вика „Роѓенданска“ и трае повеќе од шест минути.