Пивара Скопје, Пaкомак и Мен енд Маунтен со досега најголема акција за чистење и пошумување во нашата земја – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2022


Пивара Скопје, Пакомак и Мен енд Маунтен (организатори на Генералка Викенд) ја најавија досега најголемата еколошка акција – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2022, што ќе се спроведува во 26 општини низ државата, вклучително и во Град Скопје. Еко-акцијата е поддржана и од Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во […]

„Алкалоид“ пушти во употреба нова инвестиција вредна 1,8 милиони евра


Новата фабрика за производство на концентрати за хемодијализа, со потребните магацински простории за суровини, амбалажа и за готови производи, зафаќа површина од 2.600 м2. Изведена е во согласност со строгите стандарди за добра производствена пракса, со законските прописи за производство на медицински средства и со директивите на системот за обезбедување квалитет. Следењето на најновите трендови […]

СБ: Економскиот раст на Србија ќе забави на 3,2 отсто во 2022 година


Економскиот раст на Србија ќе забави на 3,2 отсто во 2022 година од претходно проектираните 4,4 проценти под влијание на неколку економски кризи во светот, вклучително и војната во Украина, се наведува во Редовниот економски извештај на Светска банка за Западен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград. Србија според извештајот објавен од канцеларијата на […]

Џафери: Блокада на Собранието е блокада на државата


  По најавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за блокада на Собранието, претседателот на парламентот Талат Џафери во изјава за „Слободен печат“ вели дека ќе постапува според собранискиот Деловник, дека нема да прави војна, ниту пак, е учител за да на пратениците ученици за да им става петки и единици. Според него, секоја партија […]

При крај изградбата на браната „Конско“, ќе овозможи наводнување на нови 4.000 хектари земјиште


Навремено обезбедување чиста вода за наводнување на нови 4 000 хектари земјоделски површини е клучната функција на браната „Конско“ како дел од хидросистемот „Гевгелиско поле“, за чија изградба веќе се завршени 80 отсто од градежните работи. Освен за наводнување, акумулацијата ќе се користи за производство на електрична енергија, но и за развој на туризмот, риболовот, […]

Почина првиот претседател на независна Белорусија Станислав Шушкевич


Почина првиот претседател на независна Белорусија, по одвојувањето од Советскиот Сојуз, Станислав Шушкевич. Информацијата денеска ја потврди неговата сопруга. Осумдесет и седумгодишниот Шушкевич почина во болница од компликации предизвикани од Ковид-19. Тој беше еден од тројцата лидери, кои во декември 1991 година потпишаа договор, со што СССР престана да постои. Шушкевич беше противник на актуелниот […]

И Беса ќе го блокира Собранието


По ВМРО-ДПМНЕ, и Беса најавува блокада на Собранието.Од партијата велат дека ќе се користат сите можни механизми за да предизвикаат што поскоро да се одржат предвремени парламентарни избори. „Ставот на Беса е многу јасен и го повторуваме неколку месеци. Легитимитетот на Владата е спорен бидејќи мнозинството е направено преку уценувани пратеници и политички партии кои […]

СДСМ го обвини Мицкоски за „подаништво без граници“ кон Груевски


Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска одговори на заканите  од ВМРО-ДПМНЕ дека ќе го блокира Собранието за да предизвика парламентарни избори. Според неа, во време на најголема економска и енергетска криза по Втората светска војна, кога Собранието треба да носи брзи ефикасни решенија за граѓаните, Христијан Мицкоски најавува нови блокади. „Наместо како институција за креирање подобри закони […]

Адреналински парк на Пелистер со пари за македонско-грчки проекти за погранична соработка


Министерот и заменик министерот во Министерството за локална самоуправа Горан Милевски и Зоран Димитровски во Битола промовираа 22 проекти кои ќе се реализираат во рамки на програмата за прекугранична соработка со соседна Грција. Во овој повик акцент беше ставен на проектите посветени на заштита од природни непогоди, заштита на културно наследство и развој на локалната […]

Објавена листата на најскапи држави


  Порталот „Нумбео“ ја ажурираше својата годишна листа на најскапи и најевтини држави за живот на светско ниво. За да ја направат листата имале на ум неколку критериуми – трошоци за домување, облекување, храна, превоз, интернет, сметки, намирници… Бермуда се наоѓа на првото место на листата најскапи земји, составена од 143 држави. По неа доаѓаат […]

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба против директор на ЈКП „Солидарност“ – Виница


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница, до Основното јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и несовесно работење во службата против едно лице, за кое постои основано сомневање дека како директор на Јавното комунално претпријатие „Солидарност“ – Виница во периодот од 01.01.2014 до 22.11.2017, го оштетил јавното претпријатие за […]

Сончево и потопло утре, попладне пороен дожд и грмежи


Времето утре ќе се задржи сончево и потопло време со мала доумерена облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во петок попладне ќе има зголемување на облачноста, а наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Услови за локален […]

Продолжува штрајкот на вработените во Управата за водење матични книги


Штрајкот на вработените на Управата за водење матични книги ќе продолжи се до исполнување на барањата за потпишување колективен договор, линеарно зголемување на платите за 30 отсто и подобрување на условите за работа, изјави претседателот на Независниот синдикат на Управата за водење матични книги, Тони Милошески при посетата на Подрачното одделение на институцијата во Тетово, […]

Европа се откажува од руската нафта. Што ќе значи тоа за руската економија?


  Европската комисија најави уште еден пакет санкции, шести по ред. Покрај забраната за емитување на руски ТВ канали и исклучувањето на Сбербанк од Свифт, ќе се отфрли и руската нафта (барем делумно). За тоа како тоа ќе влијае на рускиот буџет, кој сè уште е во голема мера зависен од приходите од нафтата, независниот […]

Пендаровски и владина делегација оддадоа почит на гробот на Гоце Делчев


Претседателот Стево Пендаровски се поклони денеска на гробот на Гоце Делчев, со што му оддаде почиот на големиот македонски херој.    – Гоце Делчев својот живот го подари на највисоката кауза за национална и социјална слобода и со право претставува стожер врз кој ја градиме македонската државност и самобитност. Слава му! – порача претседателот.   […]

Мет Гала „заработи“ рекордни 17,4 милиони долари, соопшти Музејот


САД– Целиот тој „позлатен гламур“ донесе малку вистинско злато. Овогодинешната Мет Гала заработи рекордни 17,4 милиони долари, соопштија во вторникот претставници на музејот. Годишната гала е собирање средства за самофинансираниот Институт за костими на Метрополитен музејот на уметноста. Парите се исплатуваат за функционирање на институтот и за поставување годишни блокбастерски изложби, како што е сегашната […]

Ковачевски: Пораката за светот како поле за културен натпревар меѓу народите го стави Гоце Делчев во редот на светските хуманисти


Гоце Делчев беше лидер на идејата за независна македонска држава којашто ја споделуваа прогресивните сили на целиот тогашен Балкан, а неговите идеали и заложби остануваат и денес наша заедничка обврска да продолжиме да ја градиме државата како демократска и економски напредна земја, порача премиерот Димитар Ковачевски по повод 119 годишнината од смртта на македонскиот револуционер. […]

Концерт на Сенидах и Сара Јо на 1 јуни на стадионот на АРМ


Популарните имиња на регионалната трап / поп сцена во моментов, SENIDAH и SARA JO доаѓаат во Скопје со голем концерт под отворено небо, на 1 јуни на стадионот на АРМ. По нивниот настап на Ohrid Calling 2021, Senidah и Sara Jo продолжија да го креваат стандардот на балканската музичка сцена; Сенида со хитовите ,,Behute’’ и […]

Давеник во Охридско Езеро, рибар се лизнал од карпа


Давеник утрово е пронајден во водите на Охридското Езеро, кај карпите меѓу плажите „Горица 2“ и „Горица 3“. Според првичните информации, се работи за несреќен случај со трагични последици. Рибар од Охрид се лизнал од карпата од која рибарел. Случајот за МИА го потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, посочувајќи дека полициски екипи се […]