Објавена листата на најскапи држави


 

Порталот „Нумбео“ ја ажурираше својата годишна листа на најскапи и најевтини држави за живот на светско ниво.

За да ја направат листата имале на ум неколку критериуми – трошоци за домување, облекување, храна, превоз, интернет, сметки, намирници…

Бермуда се наоѓа на првото место на листата најскапи земји, составена од 143 држави.

По неа доаѓаат Швајцарија, Норвешка, Исланд и Барбадос.

Што се однесува на земјите во окржувањето, најскапа е Грција на 41 место, потоа Словенија која се наоѓа на 45 мести, потоа Хрватска (59. место) и Црна Гора (87. место), Бугарија на 88 место.

Соседна Србија е на 94 место, а потоа доаѓаат Босна и Херцеговина (96 место) и Албанија (99 место). Македонија се наоѓа на 118 место на листата најскапи држави за живеење. Косово е пониско рангирано и од Македонија и се наоѓа на 134 местото од 143 земји.