Американски морнари по низа самоубиства преместени од носачот на авиони „Џорџ Вашингтон“


Повеќе од 200 членови на морнарицата се префрлени од носачот на авиони „Џорџ Вашингтон“, откако неколку членови на екипажот извршиле самоубиство, соопшти американската морнарица. Морнарите биле префрлени во објект на американската морнарица, но носачот на нуклеарен погон продолжил да плови кон бродоградилиштето Њупорт Њуз во Вирџинија, каде што ќе биде поправен. Во претходните 12 месеци […]

Дали седите или стоите додека јадете? Гастроентеролог ни објаснува како е поздраво


Експерт ги објасни предностите и недостатоците на двете варијанти. Според гастроентерологот Пејтон Берукима, се случуваат неколку промени во варењето кога џвакаме и голтаме додека стоиме. „Пред сè, кога стоиме и јадеме, крвта ќе се спушти до нашите нозе, едноставно поради гравитацијата, а тоа може да предизвика намален проток на крв во желудникот, каде што е […]

„Пријави ја твојата песна” на конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2022“


Фондацијата „Милан Младеновиќ” распиша конкурс за наградата што го носи името на легендарниот белградски и југословенски рок музичар и фронтмен на групата Екатарина Велика. Конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2022”, под слоганот „Пријави ја твојата песна” е отворен од 1  до 31 мај годинава, инфрмираат од фондацијата. Право на аплицирање имаат автори и изведувачи од […]

Растот ќе забави на 2,7 отсто, предпандемиското ниво на БДП ќе го достигнеме до средината на годинава


Економскиот раст на земјава во 2022 година се очекува да забави до 2,7 проценти при што реалниот БДП до средината на годинава ќе го достигне нивото пред пандемијата, оценува Светска банка (СБ) во Редовниот полугодишен економски извештај за државите од Западен Балкан. Основното сценарио на СБ се потпира на претпоставката дека акутната фаза на кризата […]

Матија Дедиќ викендов на Скопски Градски фестивал


Скопје го добива третото издание на Скопскиот Градски Фестивал кој ќе се одржи викендов. Во петок и сабота (6 и 7 мај) публиката ќе има можност да проследи исклучително интересни настапи на врвни музичари од различни музички правци и жанрови. Во петок на 6 мај Фестивалот ќе се одржува во МКЦ а во сабота, на […]

Објавени избрани дела во пет тома од опусот на Блаже Миневски


Избрани дела во пет тома од раскажувачкиот и романсиерски опус на македонскиот писател Блаже Миневски објави „Матица македонска“ од Скопје по повод шеесетгодишнината од неговото раѓање. Во првиот том насловен „Да речиме уште една“ се публикувани расказите, а во останатите четири тома романите „Нишан“, „Свирци“, „Мемоарите на една млечка“, „Требаше да се сликаме пред да […]

Пуштени во продажба билетите за „ПичПрич“ – гала настан за раскажување женски приказни на тема „Цепки“


Иницијативата за раскажување женски приказни „ПичПрич“ во авторство на Ана Василева и Румена Бужаровска заедно со „Тиииит! Инк.“ информираат дека билетите за годинашниот „All starс“ гала настан на тема „Цепки“ се пуштени во продажба.   Билетите се продаваат по цена од 200 денари и може да се набават онлајн на mktickets.mk или да се купат и/или резервираат на […]

Тупанчески: Перцепцијата за правосудството ќе се подобри ако за тешки кривични дела има пропорционални пресуди


Перцепцијата за правосудството ќе се подобри само во оној момент кога ќе докажеме како држава дека навистина за тешки кривични дела без оглед од која сфера се, дали се работи за кривично дело – економскиот криминал, компјутерскиот итн., ќе има пресуди кои ќе бидат пропорционални на неправото. Во таа насока ги охрабруваме судовите, обвинителствата и […]

Радев: Европската перспектива на Северна Македонија нема алтернатива и е стратешка цел за Бугарија


Европската перспектива на Република Северна Македонија нема алтернатива и е стратешка цел на Бугарија, изјави претседателот на Бугарија Румен Радев. Сепак, нејзината интеграција не може да се случи без претходно да се гарантираат правата на Бугарите во Северна Македонија и да се запре говорот на омраза, јави дописникот на МИА од Софија. Ова го кажа […]

Германските производители на пиво очекуваат зголемување на цената за 30 отсто до крајот на 2022


Цените на пивото во Германија до крајот на годината би можеле да се зголемат за 30 отсто, објави Билд. – Зголемувањето на трошоците ги надминува сите граници. Вакво нешто досега не сме доживеале, изјави за „Билд“ Холгер Ајхел, генерален директор на Здружението на германски пиварници. Производителите на пиво во моментов се соочуваат со „огромни ценовни […]

Гази Баба доделува субвенции за електрични тротинети


Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, утрово на својата официјална фејсбук страна го објави јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за купување на електричен тротинет.  -Исполнето уште едно ветување! Од вчера општина Гази Баба, со цел да ги стимулира жителите од својата општина за користење на електричен тротинет, на граѓаните кои ќе купат нов […]

Во возилата на ЈСП веќе не може да се купи билет за едно возење


Билетите за едно возење беа потреба на граѓаните кои беа воведени пред неколку години. Тие беа одлична опција за оние кои доаѓаат од други градови и имаат потреба од јавен превоз, пишува Скопје инфо. Еден хартиен билет, кој се поништуваше преку валидатор, чинеше 50 денари.  Изминативе денови се повеќе граѓани реагираат дека овој билет веќе […]

На 12 мај во Скопје ќе се одржи првата домашна конференција за фриленсери


На 12 мај, со почеток од 9 часот, во Мериот Хотел во Скопје ќе се одржи првата македонска конференција за „фриленсери“. Целта на “1st Freelance Conference” е да го поддржи дополнителниот развој на „фриленс“ еко–системот, да одговори на најважните прашања со кои се соочуваат активните чинители во фриленс-заедницата и дополнително да мотивира активно вклучување во […]

Османи: Малтретирањето на граѓаните со евроинтеграцијата не смее да продолжи


Министерот за надворешни равоти, Бујар Османи, во интервјуто за „Утрински брифинг“ огромниот споменик на борците на ОНА, кој што бил изграден со општински пари, го правдаше „мост за спојување на граѓаните“, а не како политичка провокација од ДУИ.  По забелешката дека во Липково се промовираше кула споменик на жртвите на УЧК, градоначалникот на Куманово исто […]

Во Москва се појавија билборди со познати Швеѓани кои наводно го поддржувале нацизмот. Меѓу нив и Ингмар Бергман


  Во Москва на автобуски станици се појавија билборди на кои пишува „Ние сме против нацизмот, но тие не се“ со цитати од познати граѓани на Шведска. Фотографии од два такви постери беа објавени на Твитер од истражувач од шведскиот Одбранбен универзитет Оскар Јонсон. Еден од нив е поставен на автобуска станица во близина на […]

Калеска-Ванчева: Најавата за блокада на Собранието е спротивна на заложбите за владеење на правото


Блокада на Собранието е спротивна на заложбите за владеење на правото. Се надевам дека опозицијата сепак ќе го сфати моментот и важноста од донесување на законите потребни за сериозна реформа на правосудството за доброто на нашата држава, вели пратеничката од СДСМ Снежана Калеска – Ванчева.   -Доколку ние сите како општество навистина сме свесни за потребата […]

Раст на цените на становите од 12,4 проценти во првиот квартал годинава


Цените на становите во првиот квартал годинава бележат раст од 12,4 проценти на годишно ниво, а на квартално за 2,9 проценти, покажуваат податоците на Народната банка. Во првиот квартал лани беше регистрирано зголемување на цените на становите за 3,2 процента, во вториот за 4,1 процент, во третиот за 5,8 проценти, а во четвртиот за 11,2 […]

Четириесетина Македонци переле пари со купување имот во Дубаи


  Новото протекување на податоци за недвижнини во Дубаи откри имиња и детали за странски државјани, обвинети, осудени или осомничени за меѓународен криминал, кои поседуваат имот во Обединетите Арапски Емирати, пишува денес порталот „Пари.мк“. На деталната листа на која се наведени бројки на сопственици на имот во Дубаи и нивната вкупна вредност, се наоѓа и […]

Дер Лајен: Путин мора да плати висока цена


Европската унија деенска објави шести пакет санкции против Русија, чии сили напаѓаат цели во источна Украина и истрелуваат ракети кон фабриката за челик, последното упориште на отпорот во пристанишниот град Мариупол. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска нагласи дека ЕУ ќе воведе постепена забрана за руската нафта како одмазда за руската инвазија […]

ЕУ таргетира руски државни радиодифузери


   Европската унија ќе таргетира уште три руски државни радиодифузери во новите санкции поради инвазијата на Украина „Ги идентификувавме овие ТВ канали како гласноговорници, кои агресивно ги засилуваат лагите и пропагандата на Путин“, рече Фон дер Лајен пред Европскиот парламент. На компаниите за односи со јавноста во ЕУ исто така ќе им биде забрането да […]