Бесими – Боуман: Инвестициите ќе бидат клучни за постигнување на економскиот раст


Инвестициите ќе имаат клучна улога во наредниот период за постигнување на економскиот раст. Енергетската криза покажа дека за нејзино надминување значајни се инвестиците во енергетскиот сектор и обезбедувањето на производство од домашните капацитети, било констатирано на средбата што министерот за финансии Фатмир Бесими ја имаше со потпретседателот на Европската банка за обнова и развој за […]

Шефот на руската АР: Вашингтон и Варшава планираат поделба на Украина


 Шефот на руската Агенција за разузнавање денеска ги обвини САД и Полска дека планираат да добијат сфера на влијание во Украина, што е најсилниот сигнал од Москва дека војната може да заврши со присилна поделба на Украина меѓу Западот и Русија. Сергеј Наришкин, началникот на руската служба за надворешно разузнавање (СВР), цитираше необјавени разузнавачки информации […]

Украинското обвинителство истражува 10 руски војници за воени злосторства во Буча


Украинските обвинители денеска соопштија дека истражуваат 10 руски војници осомничени за воени злосторства во Буча. Десет војници на 64-та моторизирана пешадиска бригада на руските вооружени сили, дел од 35-та армија, се осомничени за сурово постапување со цивили и други прекршувања на законите и обичаите на војната, се наведува во соопштението на украинското Државно обвинителство. По […]

Зошто страдаат толку многу руски тенкови? Имаат грешка во дизајнот


  Руските тенкови со уништени куполи се најнов знак дека руската офанзива во Украина не оди според планот. Се верува дека се уништени стотици руски тенкови откако Москва ја започна офанзивата, а британскиот министер за одбрана Бен Валас во понеделникот процени дека руската армија останала без дури 580 тенкови. Но, проблемите на Москва одат многу […]

Можно натамошно затегање на монетарната политика


Во нашата економија воопшто не гледавме притисоци од страна на побарувачката, а ако видевме такви притисоци и досега ќе реагиравме со основната каматна стапка. Реагиравме претходно со задолжителната резерва, а реагираме и со другите инструменти кои ги имаме на располагање со кои влијаеме на ликвидноста во банкарскиот систем, оцени денеска гувернерката на Народната банка Анита […]

СДСМ му одговори на Мицкоски: Изборите ќе бидат во 2024


  Владејачката СДСМ експресно му одговори на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кој побара одржување на предвремени избори, велејчи дека „прашањето е затворено – избори ќе има во 2024 година“.   Во соопштението на партијата се вели дека „ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски освен неконструктивност не покажува ништо друго, нивната единствена цел е политички профит по секоја […]

Во БиХ властите прекинуваат со издавање дозволи за изградба на мали хидроцентрали


Властите во Босна и Херцеговина одлучија да го суспендираат издавањето нови дозволи за изградба на мали хидроцентрали во државата по низа акции на домашни и меѓународни еколошки активисти. Сепак, одлуката нема да важи за веќе започнатите проекти или за оние за кои веќе се издадени дозволи. Владата на Федерацијата БиХ на денешната седница ги утврди […]

Русија распоредува обучени делфини на Крим


  Русија распореди две пенкала обучени морнарички делфини на влезот во пристаништето во Севастопол на Крим, според Американскиот поморски институт (УСНИ). Сателитски снимки, вели УСНИ, покажуваат дека пингвините биле преместени на локацијата на почетокот на руската инвазија на Украина во февруари за да се заштити поморската база на Црното Море. Се вели дека Севастопол е […]

Утре ќе се прска против комарци во Скопје


Градските власти ги известуваат граѓаните дека првата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на Град Скопје против ларви од комарци, ќе се изврши утре во раните утрински часови. – Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, информираат […]

Мино Рајола е жив: „Ме умревте два пати за четири месеци“


Фудбалскиот агент Мино Рајола се огласи на Твитер за да ја објави неговата здравствена состојба откако извештаите во Италија тврдеа дека тој починал. Реал Мадрид дури испрати сочувство на Твитер откако раширените извештаи велат дека Рајола починал. „Моменталната здравствена состојба за оние што се прашуваат: по втор пат за 4 месеци ме убиваат. Се чини […]

Поевтинува мазутот, цените на другите горива остануваат исти


Мазутот од ноќеска на полноќ поевтинува за 1,041 денари за килограм, а цените на останатите горива остануваа исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни (РКЕ). Со одлуката  се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,39 отсто. Новата малопродажна цена на Мазутот М-1 НС ќе изнесува 51,784 денари за […]

„Макстил“ е добитник на прва награда за безбедност и здравје при работа


Макстил е добитник на првата награда за спроведување добри практики за безбедност и здравје при работа за 2021 година. Според комисијата за евалуација компанијата е избрана како најдобар правен субјект кој реално и стручно, придонел во сопствениот развој, инвестирајќи и имплементирајќи добри практики во безбедни и здрави работни места за своите вработени. Наградата е доделена […]

Медведев го спореди Бундестагот со времето на нацистите


  Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев го спореди Бундестагот со нацистичка Германија поради тоа што се согласи да испорача тешко оружје на Украина. „Очигледно, германските пратеници се прогонувани од ловориките на нивните претходници, кои седеа во германскиот парламент под друго име во минатиот век“, напиша заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност на каналот за вести […]

Како го снимивме филмот „Животот на другите“


Филмот за Штази која ги шпионира љубовниците од Источна Германија се сметаше за премногу мрачен, а еден финансиер дури сакаше да биде преправен како комедија. Но, се случи тој да освои Оскар Нема човек кој останал рамнодушен откако го изгледал германскиот фил „Животот на другите“. Оваа драма, која освои Оскар за најдобар странски филм, ја […]

Три и пол милијарди евра од ЕК за земјите-членки на ЕУ што примија бегалци од Украина


Европската комисија (ЕК) им исплати однапред 3,5 милијарди евра на земјите-членки кои примаат бегалци од Украина за да им помогнат да се справат со притисокот, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова, како што наведе ЕК се прави во знак на солидарност. Еврокомесарката за кохезија, Елиса Фереира, порача дека овој чекор се прави преку мобилизирање […]

Ангеловска-Бежоска – Павлова: Структурните реформи мора да продолжат и покрај предизвиците


Справувањето со тековните предизвици не треба да ги стави на чекање структурните реформи. Напротив, напоредно треба да се продолжи со нив, бидејќи тие се оние кои ќе дадат долгорочни резултати, порачаа гувернерката на Народната банка (НБ), Анита Ангеловска-Бежоска и потпретседателката на Европската инвестициска банка, Љиљана Павлова на заедничката прес-конференција одржана по повод почетокот на 8. […]

Јовески: Кривична пријава сама по себе не значи ништо


  Одговорно тврдам дека обвинителите не се под ничие влијание. Се разбира, станува збор и за интегритетот на јавните обвинители, секој од нас има посебен интегритет. Но, политиката и работењето на Обвинителството е тоа целосно да биде самостојно и политичарите и други центри на моќ да ги тргнат рацете од Обвинителството, рече денеска државниот јавен […]

Ангеловска-Бежоска: Не гледам дека има некоја пречка за плаќање на рускиот гас на потребниот начин


Можат да се прават трансакции во рубли за плаќање на рускиот природен гас ако е тоа потребно, потврди денеска гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска–Бежоска. – Сите предуслови се создадени и не гледам дека треба да има некоја пречка за плаќање на начин на којшто е потребно, рече Ангеловска-Бежоска во одговор на прашањето на денешната […]

За новите блок-тарифи за сметките за струја ќе помогнат професори од Машински факултет и од ФЕИТ


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одржа работен состанок со професори од Машинскиот факултет од Скопје и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) кои со својата експертиза ќе се вклучат во изработка на новиот тарифен систем за електрична енергија со цел воведување на блок тарифи. Како што информираат од РКЕ, професорите ќе […]

Почина еден од најпознатите фудбалски агенти Мино Рајола


На 54-годишна возраст денес почина италијанскиот фудбалски агент Мино Рајола. Од многубројните свои клиенти, Рајола ги застапуваше интересите и на Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба, Ерлинг Халанд, Џанлуиџи Донарума, Матијс де Лихт, Марко Верати, Хенрих Мхитарјан… Во јануари беше објавено дека Рајола е итно хоспитализиран во Милано, но гласините подоцна беа демантирани од неговото опкружување: „Мино […]