Утре ќе се прска против комарци во Скопје


Градските власти ги известуваат граѓаните дека првата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на Град Скопје против ларви од комарци, ќе се изврши утре во раните утрински часови.

– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, информираат од прес-службата на Град Скопје.

Оттаму ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.