Грчката претседателка позитивна на Ковид-19


Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу е позитивна на Ковид-19, со благи симптоми и е во карантин во нејзиниот дом, соопштија од претседателската палата, јави дописничката на МИА од Атина. По направен молекуларен тест, Сакеларопулу добила позитивен резултат, веќе е во изолација, а се одложени сите закажани активности. Грчката претседателка е вакцинирана со три дози од вакцината. 

Од 1 мај Грција го укинува сертификатот во внатрешноста на земјата, за патување дополнително ќе се донесе одлука


 Сертификатот за вакцинација или прележан Ковид-19, како и задолжителниот тест за невакцинираните што важат за влез во сите простори во внатрешноста на Грција, од 1 мај до 31 август се укинуваат, а за правилата за патување дополнително ќе се донесе одлука, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, претпладнево […]

Цените на горивата и храната ја кренаа инфлацијата во Велика Британија на седум отсто во март


Растот на цените на горивата и на храната во Велика Британија повторно доведе до рекордна инфлација, највисока за последните три децении. Според податоците на Канцеларијата за национална статистика, потрошувачкиот индекс односно инфлацијата минатиот месец достигнала седум проценти, наспроти 6,2 отсто колку што беше во февруари годинава. Тоа е рекордно висока стапка на инфлацијата од март […]

Маските паднаа, но короната не е умрена


Од денеска, по цели две години се укина задолжителното носење на заштитна маска од Ковид-19, со исклучок во јавни превозни средства (автобус, воз, авион, такси), здравствените установи, аптеките, установите за згрижување на стари лица и лица со попреченост. Низ маркетите денеска може да се забележи дека дел од потрошувачите и од продавачите носат маски, а […]

Наградуваниот белгиски филм „Вселенско момче“ на „Џифони филмски денови“


Фестивалот „Џифони Македонија“ ги поканува учениците од основно (од петто до деветто одделение) и од средно образование да учествуваат на втората сесија од „Џифони филмски денови“ што ќе се одржи в сабота (16 април) од 10 часот во Кинотеката. Ќе биде прикажан белгискиот филм „Вселенско момче“ во режија на Оливер Перо. Сценариото е на Есебио […]

Претстава со Рисимкин и Данчевска за роденденот на Танц Фест Скопје


На сцената на Македонскиот народен театар вечер ќе се одбележи осумнаесетиот роденден на Танц Фест Скопје. Во програмата е короеграфијата „Котел“ на Рисима Рисимкин, потоа „Go Figure It Out“ на Адријана Данчевска, и за крај претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ која ќе се изведе со Скопје танцовиот театар. Во кореографијата „Котел“ ќе настапат танчерите Сара Димовска, […]

ОН: Поради корона вирусот расте бројот луѓе кои живеат во екстремна сиромаштија


Пандемијата на корона вирусот минатата година доведе уште 77 милиони луѓе до екстремна сиромаштија и многу држави во светот до неможност економски да се опорават од трошоците за отплата на долговите, состојба регистрирана и пред почетокот на војната во Украина, соопштија Обединетите нации. Во извештајот на Светската организација се наведува дека богатите земји би можеле […]

ДЗР објави ревизорски извештај на ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово


Државниот завод за ревизија го објави конечниот ревизорскиот извештај на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ Куманово. Во клучните утврдени состојби се наведени неправилности при пресметка и исплата на плати за вработени во претпријатието, обврски кон Буџетот на Општина Куманово во износ од 121.838 илјади денари по основ на надомест за одржување  јавна чистота, како и […]

(Во живо) Изјави на Сали и Докиќ


Проследете во живо изјави на министерот за здравство Беким Сали и директорот на Пулмологија, Дејан Докиќ и алергологија за отворање нов центар.  

Каталогот на песни на Елвис Присли ќе биде претставен од Јуниверзал


САД- Каталогот на кралот на рокенролот, Елвис Присли, ќе биде администриран од Universal Music Publishing и претставен од Authentic Brands Group, објавија компаниите во вторникот. Како дел од проширената врска, UMPG и ABG ќе го претставуваат каталогот на Присли со хитови ширум светот (со исклучок на Обединетото Кралство), кој вклучува класици како „Can’t Help Falling […]

Заев за грчки „Ајидисис“: Преспанскиот договор вредеше и допрва ќе се покаже дека вреди


Поранешниот премиер Зоран Заев ќе учествува на третиот Конгрес на грчката опозициска партија СИРИЗА што ќе се одржи од 14 до 17 април, а непосредно пред патувањето во Атина, во интервју за грчкиот информативен портал „Ајидисис“ порачува дека Договорот од Преспа вредеше и допрва ќе се покаже дека вреди и го претвори проблемот во решение, […]

Јавен оглас за рецензенти на учебници


Министерството за образование и наука објави оглас за рецензенти на учебници за предмети во прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование. Кандидатите што ќе се пријават за рецензирање на учебниците треба да бидат наставници од наставничките факултети за наставниот предмет за кој е наменет учебникот, да бидат наставници од основно  училиште соодветни за конкретниот предмет […]

Ѓоковиќ: Ми треба малку време да се вратам во ритам


Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ кој вчера е елиминиран во рана фаза на Мастерсот во Монте Карло, рече дека му е потребно време да се врати во посакуваниот ритам. – Ќе продолжам да работам и се надевам дека ќе влезам во форма за Грен слемот „Ролан Гарос“. Ова е главната цел за овој дел од […]

Дали вториот свршенички прстен на Џенифер Лопез од Бен Афлек ќе предизвика уште една лудост за накит?


САД- Љубовна приказна во повеќе поглавја обележана со историски накит. Можеме да мислиме на еден одличен пар – Елизабет Тејлор и Ричард Бартон – или на друг – Џенифер Лопез и Бен Афлек. Првиот ја раскажа својата приказна со скапоцени камења со минато – бисерот Ла Перегрина, дијамантот Тејлор Бартон – вториот ја предвиде иднината […]

Додик: Го почитувам Дејтонскиот договор, не и правилата што ги наметнуваат странските сили


Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, истакна дека настојува да остане доследен на политиката што ја води, да го почитува Дејтонскиот договор, но не да потклекнува пред очекувањата на странските сили, главно на оние од Запад. „Повеќе ја сакам поддршката на народот отколку на западните бирократи кои ни наметнуваат свои правила. Прифатен сум […]

Крушево ќе биде домаќин на бизнис саем со домашни и странски компании


На 30 и 31 јули во Крушево ќе се одржи бизнис саем на кој се очекуваат компании од Балканот и пошироко. Саемот го организира агенцијата за маркетинг „Еуростеп“ во соработка со Општина Крушево. Крушевскиот градоначалник Томе Христоски оствари средба со организаторите на саемот и истакна дека ова е голема шанса за бизнис секторот и за […]

Претседателите на Летонија, Литванија, Естонија и Полска во посета на Киев


Претседателите на балтичките држави и на Полска денеска ќе го посетат Киев и предвидено е да се сретнат со шефот на украинската држава Володимир Зеленски. – Патуваме кон Киев со силна порака за политичка поддршка и воена помош. Литванија ќе продолжи да ја поддржува борбата на Украина за нејзиниот суверенитет и слобода. Заедно до победа, […]

Бугарски универзитет и три приватни македонски универзитети потпишаа меморандуми за соработка


Високата школа за осигурување и финансии од Бугарија потпиша меморандуми за соработка со приватните универзитети во Северна Македонија – Универзитетот АУЕ-ФОН, Скопје, Универзитет Американ Колеџ, Скопје и Универзитетот на Југоисточна Европа, Тетово. Како што јави дописникот на МИА од Софија, меморандумите меѓу универзитетите даваат можности за академска соработка, изработка на заеднички наставни програми преку кои […]

Приведен првоосомничениот за убиството на ракометарот Тот


Министерството за внатрешни работи утринава соопшти дека е приведен осомничениот А.Ѓ. по кого се трагаше за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. Осомничениот е приведен на територија на Скопје. За него, како што информира МВР, веќе е донесено решение за определување мерка притвор во траење од 30 дена. – Министерството за внатрешни работи утринава го извести […]

Франција запленила руски имот во вредност од 23,7 милијарди евра


Франција– Франција досега на своја територија запленила руски имот во вредност од 23,7 милијарди евра, вклучувајќи недвижен имот вреден 573,6 милиони евра, пренесува Бета. Информациите од извори блиски до француското Министерство за економија и финансии укажуват дека ажурираниот список вклучува 22,8 милијарди евра на Централната банка на Русија блокирани на француските сметки. На тоа се […]