Роберт Голоб, победник на изборите, порача дека „слободата доаѓа во Словенија“


  Новиот состав на словенечкиот парламент ќе вклучува пет политички партии, двојно помалку од сегашните, а новата влада ќе ја формира Роберт Голоб од Движењето за слобода (ГС), победникот на вчерашните парламентарни избори, кој порача дека „слободата доаѓања“ во Словенија Според нецелосните резултати по пребројани повеќе од 80 отсто од гласовите, партијата на Голоб освоила […]

Археолози напред, „стој“ за дивите копачи


Нов правилник за археолошки истражувања е неопходно да се донесе, за чекор напред за археолозите и чекори назад за дивите копачи. Ова меѓу другото, беше кажано на јавната дебата на Македонското археолошко друштво, на која се разговараше за иницијативата за нов документ. Македонските археолози се согласија дека мора да бидат вклучени со свои стручни претставници […]

Сончево, ветровито и топло до 29 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 29 степени. Во Скопје, сончево и топло, […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 25 април 2022 година, 111-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 254 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 40 минути, а ќе зајде во 19 часот и 24 минути. Денов трае 13 часа и 44 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее […]

Голем пожар на важен руски нафтовод, гори склад со нафта


Голем пожар избувна во складиште за нафта во рускиот град Брјанск, пренесоа руските агенции, повикувајќи се на Министерството за вонредни ситуации. „Во 02:00 часот на 25 април 2022 година, оперативната дежурна смена на Главната дирекција на Министерството за вонредни ситуации на Русија за регионот Брјанск доби информација за пожар на адреса: Брјанск, во округот Фокински. […]

Макрон: Годините што доаѓаат нема да бидат мирни, Франција ќе го крене гласот


Емануел Макрон, со звуците на европската химна „Ода на радоста“, старо-новиот претседател,  пристигна под Ајфеловата кула, придружуван од неговата сопруга Брижит и децата, како симбол на неговата програма за новиот петгодишен мандат кој сака да биде во знакот на децата. На почетокот од неговото обраќање на естрадата пред Ајфеловата кула на Полињата на Марс, симболично […]

Што се случува со Ѓоковиќ? Бил болен, но не кажува од што


  Нешто се случува со Новак Ѓоковиќ, но не е сосема јасно што. Српскиот тенисер го изгуби денешното финале на АТП турнирот 250 во Белград во три сета од Русинот Андреј Рубљов. Најинтересно е што третиот решавачки сет Ѓоковиќ го загуби со 6:0. Претходните три меча светскиот тенисер број еден ги доби со 2:1 во […]

Путин за малку ќе го потпишел мировниот договор, па одненадеж се премислил


  Рускиот претседател Владимир Путин изгуби интерес за дипломатското решение на војната што ја започна во Украина и се чини дека целосно се фокусираше на освојување што е можно поголем дел од територијата на Украина, објави „Фајненшел тајмс“, цитирајќи тројца луѓе за кои весникот тврди дека се добро упатени во разговорите со лидерот на Руската […]

Европските лидери со честитки до Макрон: Сметаме на Франција додека си ти претседател


Емануел Макрон е реизбран за француски претседател, според првите проекции на изборните резултати во кои актуелниот лидер се спротивстави на кандидатката на екстремната десница Марин Ле Пен. Франс 24 објави дека според првичните проекции, Макрон освоил 58,2 отсто, а Ле Пен 41,8 отсто од гласовите. Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската […]

Макрон ја порази Лепен, освои 58 отсто од гласовите


Нов француски претседател е Емануел Макрон на кој Французите денеска му доверија нов петгодишен мандат освојувајќи 58 отсто од гласовите, покажуваат излезните анкети. Сепак тој е далеку од 66,10 отсто освоени гласови во 2017 година. Марин Лепен освои 42 отсто од гласовите, јави дописникот на МИА. Како и во 2017 година, 48,7 милиони Французи избираа […]

Лоши вести за Јанша на изборите во Словенија, триумф на Роберт Голоб


  Политичкиот ветеран на словенечката политичка сцена, Јанез Јанша, доживеа голем пораз на изборите во Словенија, а човекот кому пред гласањето му се даваа најмногу шанси, Роберт Голоб, заврши со голем триумф. Според резултатите излезните анкети на агенцијата „Медијана“, кои таа ги спроведе за РТВ Словенија и Поп Тв, партијата Движење Слобода на Голоб постигна […]

Хепатитис од непознато потекло се шири кај децата


  Светската здравствена организација соопшти дека забележан е најмалку еден смртен случај кај дете, а поврзан со мистериозна епидемија на болест на црниот дроб што ги погаѓа децата во Европа и САД. Здравствената агенција на ОН соопшти дека до сега примила извештаи за најмалку 169 случаи „на акутен хепатитис од непознато потекло“ од десетина земји, […]

Верстапен победи во Имола


 Актуелниот светски првак во Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен, триумфираше на Големата награда на Емилија Ромања, која во рамки на четвртата трка сезонава се возеше денеска на патеката во Имола. За Верстапен ова е втора победа сезонава по триумфот во Саудиска Арабија, додека во Бахреин и Австралија остана без бодови. Холанѓанецот на дождливото време водеше […]

Украина е разочарана од предлогот на Виена за соработка наместо членство во ЕУ


Украинското Министерство за надворешни работи е разочарано од предлогот на шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг да се најде посебен начин Киев да соработува со ЕУ наместо полноправно членство. Ова денеска го соопшти портпаролот на одделот Олег Николенко. „Ние сме разочарани од изјавите на сојузниот министер за надворешни работи на Австрија за европската иднина на […]

Османи: Португалскиот предлог најдобро решение за деблокиурање на ветото


Португалскиот предлог како основна рамка останува најдоброто решение за деблокирање на нашите евроинтеграции, оценува министерот за надворешни работи Бујар Османи во коментар за последните изјави на бугарскиот премиер Кирил Петков за преместување на ветото по отворање на преговорите и промена на Уставот пред отворањето на првото поглавје, а ЕУ да биде гарант за менување на […]

Владина делегација на свечената Велигденска литургија во соборниот храм Св. „Климент Охридски“


Владина делегација во состав заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, денеска присуствуваше на свечената литургија по повод најголемиот православен празник Христово Воскресение – Велигден, во соборниот храм Св. „Климент Охридски“ во Скопје. Со […]

Руските сили гранатираа украинска фабрика за експлозиви


 Руската армија погоди украинска фабрика за експлозиви, неколку артилериски складишта и стотици други цели, соопшти денеска руското Министерство за одбрана. „Руската војска употреби проектили со прецизно наведување за да уништи фабрика за производство на барут и експлозиви во близина на Павлоград во реонот на Днепар во централна Украина“, наведува руското МО. Во соопштението се вели […]

Зеленски и Ердоган разговараа за евакуација од Мариупол


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека разговарал со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за евакуација на цивили од Мариупол. Зеленски на Твитер напиша дека во разговор со Ердоган ја истакнал потребата од итна евакуација на цивилите од Мариупол, вклучително и оние кои се кријат во фабриката за челик Азовстал. Тој напомена дека разговарал со […]

Руски државен авион преку Бугарија слетал во Белград


 Рускиот авион Иљушин-Ил-96-300, на специјален лет од Сочи, изутринава полета за Белград преку Бугарија, иако таа земја официјално го затвори својот воздушен простор за руските авиони уште во февруари, јави Н1. Според податоците објавени на веб-страницата flightradar24.com, авионот полетал од Сочи околу 8 часот наутро, а слетал на белградскиот аеродром околу 9.30 часот. Во делот „авиокомпанија“ […]

Првата жртва од 10 заробени рудари е извадена од рудник за јаглен во Полска


Од рудникот за јаглен Зофјувка во Шлезија, во југозападна Полска, спасувачите во текот на ноќта го изнесоа телото на првиот мртов рудар од десетмината кои вчера останаа заглавени под земја откако во рударското окно дојде до силен потресо со зголемување на концентрација на метан. По потресот, од 52 рудари кои се наоѓале во тој дел, […]