Хепатитис од непознато потекло се шири кај децата


 

Светската здравствена организација соопшти дека забележан е најмалку еден смртен случај кај дете, а поврзан со мистериозна епидемија на болест на црниот дроб што ги погаѓа децата во Европа и САД.

Здравствената агенција на ОН соопшти дека до сега примила извештаи за најмалку 169 случаи „на акутен хепатитис од непознато потекло“ од десетина земји, пренесува Асошиејтед прес.

Случаите се пријавени кај децата на возраст еден месец до 16 години, а кај 17 заболени била потребна трансплантација на црниот дроб, СЗО не соошти во која земја е регистрирана смртта.

Првите случаи се забележани во Велика Британија, каде заболеле 114 деца.

„Ушне не е јасно сали дошло до пораст на случаи со хепатититс или со зголемивање на свесноста за хепатитисот кој се јавува во очекувана стапка, но и понатаму случаите се неоткриени“, се наведува во соопштението на СЗО.

Стручњаците велат дека случаи може да бидат поврзани со вирусот кој вообичаено се поврзува со настинка, но понатамошните истражувања се во тек, заклучува агенцијата Асошиејтед прес.