Верстапен победи во Имола


 Актуелниот светски првак во Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен, триумфираше на Големата награда на Емилија Ромања, која во рамки на четвртата трка сезонава се возеше денеска на патеката во Имола.

За Верстапен ова е втора победа сезонава по триумфот во Саудиска Арабија, додека во Бахреин и Австралија остана без бодови.

Холанѓанецот на дождливото време водеше на патеката во Имола од самиот почеток до крајот и рутински дојде до својата 22 победа во кариерата.

Второто место го освои неговиот клупски колега од Ред Бул, Мексиканецот Серхио Перез, а место на подиумот имаше и за Канаѓанецот Ландо Морис (Мекларен).

Следната трка е на програмата на 8 мај во Мајами.