Карпош е во мрак од 1 часот по полноќ, општината штеди на струја


Од 1 до 5 часот на територијата на Општина Карпош се гаси уличното осветлување и улиците се во мрак. Градоначалникот Стевчо Јакимовски вели дека оваа мерка е воведена оти мора да се штеди, откако сметките за струја се трипати зголемени поради енергетската криза. Во 2020 и 2021 година за улично осветлување биле потрошиле 13 милиони […]

Столтенберг: Ако одлучат, Финска и Шведска бргу ќе станат членки на НАТО


 Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ќе се сретне со претседателите на сите политички партии во Европскиот парламент и ќе разговара за Украина и за безбедноста на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова е првпат генералниот секретар да биде поканет на Конференцијата на претседатели на Европскиот парламент, во контекст на инвазијата на […]

Камила Кабело во реклама за парфем на „Викторија сикрет“


САД– Камила Кабело е ново лице на модниот бренд „Викторија сикрет“. Кубанско-американската пејачка во вторникот на Инстаграм ја сподели нејзината реклама за парфемот „Бомбшел“ (Bombshell). Таа глуми и во англиската верзија на рекламата, и таа на шпански јазик. „Чест ми е што сум најновото дополнување на семејството @victoriassecret – „Бомбшел“ и што сум дел од првата […]

Eвропска недела на имунизација – вакцинацијата е клучен приоритет и придобивка за јавното здравје


Европската недела на имунизација, што секоја година традиционално се одбележува од 24 до 30 април, е поволен момент да размислиме за важноста на вакцинацијата, како еден од темелите на функционален јавно здравствен систем. Годинава, Европската недела на имунизација ги истакнува историските постигнувања на вакцинацијата, вклучувајќи го и напредокот кон глобалната ерадикација на полиото и регионалната […]

Британски генерал: Западот мора да се подготви за војна со Русија


По вчерашната изјава на британската министерка за надворешни работи Лиз Трас која нагласи дека руските сили треба да бидат протерани од цела Украина, поранешниот заменик-командантот на НАТО за Европа, генералот Ричард Ширеф, денеска истакна дека тоа е „апсолутно правилен пристап“. – Таквиот пристап треба да биде проследен со значајни ресурси и тоа да се направи […]

Режисерот Џастин Лин се откажа од „Брзи и бесни 10“


САД– Џастин Лин, кој требаше да го режира „Брзите Х“ (Fast X) – 10-от дел од серијалот „Брзи и бесни“, објави дека повеќе нема да седи во режисерското столче за овој филм. Лин, кој го напиша сценариото заедно со Ден Мазо и режираше пет други филмови од овој серијал, ја сподели веста на профилот на филмот на […]

Студија на МЕД: Илегалното труење го уништува биодиверзитетот на Балканот, само еден процент од случаите завршуваат на суд


Илегалната употреба на отровни супстанци во животната средина со цел отстранување на „несакани“ животни го осиромашува биодиверзитетот и претставува закана за јавното здравје, а сепак и понатаму се провлекува нерегистрирано и неказнето, се наведува во новата Студија за труење на мршојадците 2022, објавена во рамки на проектот „BalkanDetox LIFE“, финансиран од страна на Европската Унија. […]

Олга Лукова Дончиќ и Благоја Куновски-Доре лауреати на наградата „Златен објектив“


Филмската монтажерка Олга Лукова Дончиќ и филмскиот критичар Благоја Куновски-Доре се годинешните лауреати на признанието „Златен објектив“ што го доделува Кинотеката на Северна Македонија. Ова признание Кинотека го доделува секоја година, по повод својот роденден на 29 април, на филмски работници кои преку својот професионален ангажман придонеле за создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија. […]

Австрија подготвува закон што забранува греење на гас


Австриското Министерство за заштита на животната средина во новиот нацрт закон предвидува од 2023 година забрана за греење на гас за нови градби. Мерката беше планирана дури од 2025 година, но, поради последиците од преголемата зависност од рускиот гас, временскиот период е поместен. Во нацрт законот се наведува дека од 1 јануари 2023 година, нема […]

Русија суспендирана од Светската туристичка организација


Руската Федерација е суспендирана од Светската туристичка организација (UNWTO), со што веднаш ги губи правата и привилегиите како членка на специјализираната агенција на ОН за туризам. Одлуката за суспензијата што беше предложена минатиот месец од Извршниот совет на UNWTO, е донесена на вонредното Генерално собрание на организацијата што се одржува во Мадрид. На најавите од […]

Пендаровски: Народната банка води ефикасна монетарна политика за време на сите кризи


Изминативе две години, поради пандемијата, а сега уште позасилено поради руската инвазија во Украина, ние, но, воопшто и Европа и светот, се соочуваат со економска и енергетска криза, ценовни шокови и инфлација. Но, и во вакви сложени услови, државните институции функционираат стабилизирачки, со што ја оправдуваат довербата на граѓаните. Водечка во оваа смисла е Народната […]

Могерини: Во интерес на ЕУ е неодложно започнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија


Во интерес на Европската Унија е неодложно да се започнат преговорите со Соверна Македонија и Албанија. После тоа процесот ќе биде долг и тоа ќе биде само почеток, истакна во интервју за бТВ поранешната висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија Федерика Могерини, изразувајќи надеж дека бугарското вето за Северна Македонија наскоро […]

Развојот на социјалното претприемништво има клучно значење во општеството


Темата на социјалното претприемништво е особено актуелна во последно време кај нас. Неодамна беше усвоена Националната стратегија за развој на социјалните претпријатија, а се подготвува и закон со кој ќе се регулира оваа проблематика. Социјалното претприемништво преку реинвестирање на профитот од своето работење, во потребите на заедницата може да направи многу за инклузија на лицата […]

Делотворноста и благотворноста на ананасот


 Ананасот како тропско овошје може да се јаде свеж или замрзнат, а корисен е оти има малку маснотии и е богат со витамини, минерали, влакна, вода и антиоксиданси. – Бидејќи ова овошје содржи јаглехидрати и природни шеќери, многумина се загрижени и се плашат да го јадат. Но, не е дека јадете премногу овошје ако го […]

Клоп: Ливерпул одигра добро, расположението и на реваншот со Виљареал треба да биде исто


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изрази задоволството на изданието на неговите избраници во полуфиналето од Лигата на шампионите со Виљареал. „Црвените“ синоќа на „Енфилд“ победија со 2:0. – Јасно беше дека треба да продолжиме да притискаме цел натпревар. Штом Виљареал го надмине притисокот, веднаш создава закана. Но, во најголем дел, завршивме одлична работа и одигравме […]

Русија свикува неформален состанок на Советот за безбедност на ОН за Украина на 6 мај


Русија на 6 мај ќе свика неформален состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации за ситуацијата на теренот во Украина, најави Сергеј Леонидченко, виш советник на постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации. – Доколку сакате да ја дознаете вистината за реалната ситуација на теренот, добредојдени сте на нашиот состанок на „Формулата-Ариа“ на 6 […]

(Во живо) Обраќање на Тренчевска и Рендевски по повод Светскиот ден на безбедност и здравје при работа


 Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, заменик министерот за здравство Владимир Рендевски, потпретседателката на Советот за БЗР, Даниела Китанова, Емил Крстановски, национален координатор-МОТ, претседателот на ССМ, Дарко Димовски и претседателката на ОРМ, Владанка Трајкоска ќе се обратат на конференцијата по повод 28 aприл – Светскиот ден на безбедност и здравје при работа. 

Таблоидите во Србија шокирани: „Путин ѝ заби нож во грб на Србија


  Ден по наведувањето на Косово од страна на рускиот претседател Владимир Путин како преседан за признавањето на одметнати украински региони од страна на Русија, таканаречената Донецка Народна Република (ДНР) и  Луганска Народна Република (ЛНР), српските медиуми реагираа крајно бурно на неговата изјава. Најавено е и вонредно обраќање на претседателот Александар Вучиќ на нацијата. Како […]

СЗО: Бројот на случаи на сипаници во светот во голем пораст


 Бројот на случаи на сипаници во светот е во голем пораст, се наведува во извештајот на Светската здравствена организација (СЗО) објавен во Женева. Според извештајот, бројот на пријавени случаи на морбили во првите два месеца од 2022 година е за 79 отсто поголем отколку во истиот период минатата година. Причината за порастот е што премалку […]

Петровска на средба со Донфрид, Брнз и Ескобар


Помошник државната секретарка на САД за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид во рамки на посетата на земјава денеска ќе се сретне и со министерката за одбрана Славјанка Петровска. Како што е најавено, на состанокот во Министерството за одбрана ќе присуствуваат и американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз и заменик помошник државен секретар во […]