Расправата за Вил Смит поместена десетина дена порано


Сагата со шлаканицата на Вил Смит на „Оскарите“ можеби се приближува кон својот крај порано од очекуваното, пренесуваат западните медиуми. Дејвид Рубин, претседателот на американската Академија за филмски уметности и науки, го помести состанокот за повеќе од една седмица, посветен на можните санкции за Смит откако глумецот го нападна комичарот Крис Рок за време на […]

Поднесена резолуција за исклучување на Русија од Советот за човекови права на ОН


САД и другите земји огорчени од руската воена инвазија врз Украина поднесоа резолуција за отстранување на Русија од Советот за човекови права на ОН. Вонредната седница на Генералното собрание на ОН ќе продолжи денеска попладне. Во нацрт-резолуцијата се наведуваат податоци за „грубо и систематско кршење и злоупотреба на човековите права“ и „кршење на меѓународното хуманитарно […]

Турција денеска одлучува дали на саудиските судови ќе го предаде предметот за убиството на новинарот Кашоги


Истанбулскиот суд денеска треба да решава по барањето на Обвинителството за запирање на процесите што се водат против обвинетите во случајот со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, како и целиот предмет да им го предадат на судовите во Саудиска Арабија. Вкупно 26 лица се обвинети во судскиот процес, вклучувајќи и поранешен близок советник на […]

Јеменскиот претседател ги предаде овластувањата на Советот што треба да донесе решение на долгогодишниот конфликт во земјата


Јеменскиот претседател Абдрабу Мансур Хади предаде големи овластувања на лидерскиот совет, тело формирано за да изнајде политички решение за долгогодишниот конфликт во земјата. Хади притоа му додели „неотповиклив” мандат за Советот што ќе ги презерме сите негови претседателски овластувања. Новоформираниот совет што ќе биде составен од седум члена, ќе го предводи Рашад ал-Алими, поранешен министер […]

Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер


Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната од 12 до 18 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната […]

Пентагон: Руските трупи конечно се повлекоа од Киев и Чернихив


Руските трупи конечно се повлекоа од регионот на Киев и Чернигов, соопшти висок функционер на Пентагон, пренесе Би-Би-Си. – Руските сили, во близина на Киев и Чернихив се повлекоа за да се консолидираат во Белорусија и Русија, изјави претставникот на Пентагон. Подоцна и портпаролот на Пентагон Џон Кирби истакна дека „рускиот претседател Владимир Путин“ не […]

Пронајдени 11 тела во киевското предградие Хостомел


Вкупно единаесет тела се пронајдени во гаража во киевското предградие Хостомел, објави весникот „Украинска правда“ доцна синоќа, цитирајќи објава на Телеграм на поранешниот министер за внатрешни работи Арсен Аваков. Како што пренесе ДПА, загинатите се цивили убиени од руски војници. Информацијата не може да се потврди од независни извори. Хостомел, кој се наоѓа северозападно од […]

Зеленски: Има илјадници исчезнати луѓе – или биле депортирани во Русија или се убиени


Москва нема да ја избегне одговорноста за големиот број Украинци убиени во војната, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа, при своето полноќно видео обраќање, пренесува ДПА. – Веќе имаме сознанија за илјадници исчезнати луѓе, рече тој во обраќањето објавено на Телеграм. Украинскиот претседател појасни дека има само две можности за тоа што се случило со […]

Без вода реонот околу поранешна „Газела“ и делови од населбите Кисела Вода и Ченто


Поради промена на затворачи денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците околу поранешната фабрика „Газела“, како и дел од населбите Кисела Вода и Ченто. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, поради замена на затворачи Ф200 милиметри и Ф150 милиметри на улица „15-ти Корпус“ бб на Авто-полигонот на АСУЦ, прекин во водоснабдувањето ќе […]

Пренасочување на сообраќајот на автопатот Е-75 во правец кон Богородица кај клучката Градско


Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново кај клучката Градско сообраќајот на автопатот Е-75 во правец кон Богородица, денеска ќе биде пренасочен на другата коловозна лента, соопштија од АМСМ. Пренасочувањето на сообраќајот ќе трае од 09:00 до 18:00 часот. 

Концерт „Омаж за Саша Николовски – Ѓумар“ во изведба на Оркестарот на Филхармонијата


Оркестарот на Филхармонијата денеска во 20 часот ќе го изведе концертот насловен „Омаж за Саша Николовски -Ѓумар“, посветен на големиот македонски диригент. Пред концертот во фоајето на Филхармонија ќе биде отворена и изложба на дела од Саша Николовски – Ѓумар, кој освен диригирањето кое му беше професија, имаше пасија и кон сликањето и пишувањето. На […]

Промоција на книгата „Времето на Конески“ од Димитар Пандев


Промоција на книгата „Времето на Конески“ од проф. д-р Димитар Пандев ќе се одржи денеска со почеток во 12:00 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје. „Времето на Конески“ е книга за корифејот на македонскиот јазик и литература, за кого авторот истакнува дека ја отвори и „ни ја оствари успешната приказна за македонскиот јазик, […]

Протест на матичните лекари пред Министерството за здравство


 На Светскиот ден на здравјето – 7 април, Здружението на приватни лекари најавија мирен протест пред Министерството за здравство од каде ќе ги изнесат нивните барања. – Управниот одбор на ЗПЛРМ донесе одлука да на 7 април да има протести на здравствени работници пред Министерство за здравство во Скопје во 12 часот, е наведено на […]

Пресуда за случајот „Меѓународен сојуз”


Кривичниот суд – Скопје денеска ќе ја објави пресудата за предметот „Меѓународен сојуз”, каде првообвинет се Бојан Јовановски – Боки 13 и уште четири други лица, меѓу кои и поранешната пратеничка Фросина Ременски. Судењето за овој предмет го води судијката Софче Гаврилова – Ефремова, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева. Според обвинителниот акт, […]

Вработените во управата и правосудството со двочасовен прекин на работата


Вработените во управата и правосудството денеска и утре нема да работат од 10 до 12 часот. Причина за прекинот на работата се барањата за исплата на минимална плата и линеарно зголемување на останатите плати за 2.806 денари. Според најавите на Синдикатот на управата, правосудството и здруженија на граѓани (УПОЗ), ќе се протестира во сите оние […]

Светски ден на здравјето: Потребата за фокусирање кон создавање здрави општества на здрава планета станува сè поочигледна


Секоја година на 7 април, Светската здравствена организација го одбележува Светскиот ден на здравјето, овој датум ја означува и годишнината од основањето на СЗО во 1948 година. Во центарот на вниманието е одредена здравствена тема која предизвикува загриженост ширум светот. Оваа година под темата „Нашата планета, нашето здравје“, СЗО ќе го насочи глобалното внимание кон итните акции […]

Мицкоски: Грешевме, ви се извинивме, гласајте повторно за нас


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на прославата на 31-годишнината од формирањето на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, порача дека „избори ќе има многу скоро од денеска“, па го повика народот да се обедини против власта. Неговата главна порака беше грешевме, ви се извинивме, сега повторно гласајте за нас. -Нас тоа обединување и таа порака на обединување […]

Најмалку 5.000 жители загинале во Мариупол


Најмалку 5.000 цивили загинаа во руските бомбардирања во југоисточниот украински град Мариупол, изјави градоначалникот Вадим Бојченко за време на тркалезната маса што се емитуваше денеска во живо на Фејсбук. – Се проценува дека меѓу загинатите има најмалку 210 деца, истакна градоначалникот на Мариупол. Бојченко го опиша уништувањето од војната во Мариупол, раскажувајќи ужасни детали за […]

Триесетдневен притвор за првоосомничениот за фасадата на Владата, за второосомничениот – куќен притвор


Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје делумно го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по предметот за злоупотреба на положбата и овластувањата при реализација на договорот за реконструкција на фасадата на Владата како дел од проектот „Скопје 2014“ и на првоосомничениот му определи мерка […]

Кои се ќерките на Путин и зошто се знае толку малку за нив


  Претседателот на Русија, Владимир Путин, отсекогаш бил таинствен кога станува збор за прашања поврзани со неговото семејство. Во 2015 година, за време на една од неговите маратонски прес-конференции, тој избегнуваше прашања за идентитетот на неговите ќерки. „Моите ќерки живеат во Русија, а студираа само во Русија, горд сум на нив“, рече тој. „Тие зборуваат […]