Јеменскиот претседател ги предаде овластувањата на Советот што треба да донесе решение на долгогодишниот конфликт во земјата


Јеменскиот претседател Абдрабу Мансур Хади предаде големи овластувања на лидерскиот совет, тело формирано за да изнајде политички решение за долгогодишниот конфликт во земјата.

Хади притоа му додели „неотповиклив” мандат за Советот што ќе ги презерме сите негови претседателски овластувања.

Новоформираниот совет што ќе биде составен од седум члена, ќе го предводи Рашад ал-Алими, поранешен министер за внатрешни работи на Јемен.

Во декларацијата на претседателот што ја објавува јеменската државна новинска агенција „Саба“ се појаснува дека советот ќе ги преземе сите политички, воени и безбедносни овластувања што ги имаше претседателот на државата и тоа на неопределен период.

Исто така се предвидуваат преговори со јеменските Хути за траен прекин на непријателствата во целата држава, со цел изнаоѓање „конечно и сеопфатно“ политичко решение за кризата.

Јемен од 2014 година е во воен конфликт меѓу владините сили поддржани од Саудиска Арабија и Хутите кои се поддржани од Иран,

Саудиска Арабија веќе денеска го поздрави префрлањето на овластаувањата и се произнесе дека целосно ќе го подржува новоформираниот лидерски совет. Државата богата со нафта исто така најави три милијарди долари помош за Јемен, вклучително и претходно ветените две милијарди што ги понудија заедно со Обединетите Арапски Емирати. аб/