Во Карпош има вкупно 256 потенцијални загадувачи


Вкупно 256 деловни субјекти на територија на Општина Карпош, се мапирани како потенцијални загадувачи. На денешната шеста на Советот на Општина Карпош, по претходно елаборирање од страна на стручното лице од Одделението за заштита на животната средина и природатабеше усвоен Извештајот за ажурирање на Катастар на потенцијални загадувачи, кои се наоѓаат на територија на локалната […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи антикризните мерки, но ќе поднесе амандмани


ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за предложените мерки од владата иако смета дека се задоцнети и недоволни, но од партијата најавуваат и дека ќе поднесат пет амандмани со четири суштински забелешки. -Ние ќе гласаме за предложените мерки, иако сметаме дека се задоценти. Многу од мерките веќе беа предложени од опозицијата претходно уште пред дваестина дена, а на […]

Отворeни два групни домa во Демир Капија


Со процесот на деинституционализација ги остваруваме нашите заложби за едно општество за сите, за еднакви права и можности за сите наши граѓани и сегрегацијата ја менуваме со интеграција. Различностите не се нешто од што треба да се плашиме и треба да научиме да живееме со нив, рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска […]

Цената на горивата денеска нема да се менува, РКЕ веднаш ќе реагира штом се донесат измените за акцизите и ДДВ


 Цената на нафтените деривати денеска нема да се менува бидејќи не се исполнети условите за тоа, потврдија за МИА од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Што се однесува до предложените законски измени кои се во собраниска процедура, од РКЕ велат дека во моментот кога измените на Законот за акциза стапат во сила, односно штом Собранието […]

Сенатот ја потврди номинацијата на Кристофер Хил за амбасадор во Белград


  Американскиот Сенат ја потврди номинацијата на дипломатот Кристофер Хил за нов амбасадор на САД во САД, што е последен чекор во процесот на потврдување на новиот американски амбасадор во Белград, пишува Глас на Америка. Во средината на декември 2021 година, Хил сведочеше пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот, во редовната процедура за потврдување […]

Возовите повторно сообраќаат, прекинат бојкотот на машинскиот и извршниот персонал


 Возовите во земјава повторно сообраќаат. Машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“ го прекина бојкотот откако е договорено раководството на компанијата во понеделник да им го исплати надомесетокот за материјалните трошоци. -Железничкиот сообраќај веќе не е во прекин. Го прифативме договорот надоместокот за материјални трошоци да ни биде исплатен во понеделник, изјави претставникот на машинскиот […]

Промена на курсот: Кина за прв пат ја нарече инвазијата на Украина „војна“


  Кина го нарече нападот на Путин врз Украина како „војна“ во четвртокот, означувајќи го промената на тонот на Пекинг, кој ја повлече линијата помеѓу поддршката и осудата на Русија во последните две недели. „Се надеваме дека борбите и војната ќе престанат што е можно поскоро“, ја цитира државната телевизија ЦЦТВ изјавата на министерот за […]

Национализацијата би ја вратила Русија во 1917 година, предупредува руски магнат


  Русија мора да смисли „помудар“ одговор на санкциите наметнати од Западот поради нападот врз Украина, бидејќи може да ѝ наштети на сопствената економија и да ги изгуби пазарите што одамна ги развиваше, предупреди тајкунот и поранешен вицепремиер Владимир Потанин. Премиерот Михаил Мишустин во четвртокот му рече на претседателот Владимир Путин дека владата предложила на […]

ФАО: Цените на храната може да „скокнат“ и до 20 отсто поради конфликтот во Украина


Цените на меѓународната и на добиточната храна може да се зголемат за осум, до 20 отсто, како резултат на конфликтот во Украина, предизвикувајќи „скок“ на бројот на неухранети лица ширум светот, соопшти денеска агенцијата за храна на Обединетите нации. Во прелиминарната оценка за руската инвазија на Украина, Организацијата за храна и земјоделство соопшти дека не […]

АСО: Осигурителните друштва добивката за 2021 година да ја вложат во дејноста осигурување или да ја чуваат во резерви


Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) им препорача на сите осигурителни компании да се воздржат од исплата на дивиденда за успешното работење во 2021 година, одлучи Советот на експерти (раководен орган) на АСО на последната седница одржана на 10 март. АСО препорачува на сите осигурителни друштва кои минатата година ја завршиле со добивка тие средства […]

Бугарија ќе даде експертиза за животната средина во преговорите со ЕУ


  СОФИЈА – Бугарија е подготвена да го сподели со македонската страна искуството во транспонирањето и спроведувањето на европското законодавство во областа на животната средина, било потврдено на вториот состанок на меѓувладината работна група со Бугарија „Европска соработка – зелена транзиција и дигитална трансформација, владеење на правото“ што се одржа вчера во бугарското Министерство за животна […]

Награди за „Фешн груп“, „Нептун“… Познати најуспешните македонски е-трговци за 2021


Во Скопје вчера беа доделени првите македонски награди за е-трговија за 2021 година „Ecommerce Awards”. Манифестацијата ја организираше Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ), а победниците се објавени утрово на https://ecommerceawards.mk/pobednici/. На првиот избор за најдобри е-трговци во Македонија за 2021 година, домашните е-трговци се натпреваруваа во вкупно 18 категории, поделени во три секции: „Најдобри е-продавници […]

Пронајдена дрога вредна околу 20.000 евра при претрес во Велес, приведен дилер


Полициски службеници привеле велешанец, откако при претрес на неговата куќа и помошни простории биле пронајдени пет поголеми пакувања марихуана, капсули и околу 50.000 денари, соопшти Министерството за внатрешни работи. – По наредба од судија на претходна постапка, денеска полициски службеници од СВР Велес – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје, а по претходна […]

Елон Маск го „запали“ интернетот: Откри кој стои зад биткоинот?


Елон Маск повторно предизвика „хаос“ на социјалните мрежи по објавување на теорија на заговор околу Сатоши Накамото, што повторно отпочна шпекулации за идентитетот на мистериозниот програмер на Биткоин. Во твитот, Маск сподели фотографија која сугерира дека псевдонимот Сатоши Накамото е едноставно комбинација од слоговите на четири технолошки компании: „Са“ од „Самсунг“, „Тоши“ од „Тошиба“, „Нака“ […]

Се укинуваат ограничувањата за влез во Црна Гора и Ирска


Поради подобрената епидемиолошка состојба со Коронавирусот, властите на Црна Гора ја укина обврската за поседување на COVID потврда за влез во Црна Гора. Новата одлука стапи во сила од денешниот ден (11.03.2022 г). Исто така, од патниците во Ирска веќе не се бара да покажат доказ за вакцинација, доказ за закрепнување или негативен резултат од […]

Милановиќ: Ова е сериозен инцидент, треба да се утврди како летало од шест тони паднало над Загреб


Хрватска – Ова е сериозен инцидент. Треба да се утврди како е можно безпилотно летало од шест тони со големина на авион да „помине повеќе од еден час над членка на НАТО, а никој да не го забележи“. Како што стојат работите, полетало од Украина и паднало над Загреб кога останало без гориво, изјави денеска хрватскиот претседател Зоран […]

Дали пука кохезијата во ЕУ околу Украина?


  Добри две недели по почетокот на руската инвазија на Украина, Европската унија се соочува со прашањето: колку долго можеме да издржиме заедно кога последиците стануваат сè потешки и за нас. На првиот ден од нивниот самит во Версај, Франција, канцеларот Олаф Шолц и другите шефови на држави и влади на ЕУ дебатираа околу осум […]

Спасовски вели дека нема мобилен на сметка на државата, а Јакимовски дека не трошел на сметка на општината


Картичката во МВР на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е нула денари, нема мобилен телефон што му го плаќа државата, но сето она што ќе биде донесено како одлука, потенцира тој, ќе го испочитува. И градоначалникот на скопската општина Карпош Стевче Јакимовски изјави дека не користи службен мобилен телефон, а за репрезентациии, како што […]

Мит Ромни до Бајден: Украина сака МИГ-ови, дајте и ги!


Сенаторот Мит Ромни вели дека администрацијата на претседателот Џо Бајден мора да ја преиспита и да ја прифати понудата на Полска да ги пренесе своите 27 борбени авиони МИГ-29 во Украина преку САД.Тој вели дека има двопартиска поддршка за тоа во ДК. „Тие сакаат МИГ-ови. Дајте им ги„, рече Ромни.

(Видео) Ангелов за единствениот број 112 – почнува едукативна кампања


Кампања во соработка со канцеларијата на ЕУ, на две национални телевизии, на македонски и албански јазик, почнува за запознавање на граѓаните со функционирањето на единствениот број 112. Досега за еден месец се примени околу 27.000 повици, од 1 март, или повеќе од 1.550 повици на дневна основа. – Со оваа кампања граѓаните ќе бидат запознати […]