Сенатот ја потврди номинацијата на Кристофер Хил за амбасадор во Белград

Гласањето во Сенатот беше последниот чекор пред искусниот дипломат да биде испратен во Србија


 

Американскиот Сенат ја потврди номинацијата на дипломатот Кристофер Хил за нов амбасадор на САД во САД, што е последен чекор во процесот на потврдување на новиот американски амбасадор во Белград, пишува Глас на Америка.

Во средината на декември 2021 година, Хил сведочеше пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот, во редовната процедура за потврдување на номинацијата. Тој тогаш рече дека е загрижен што Белград се свртува кон Русија за одредени набавки за армијата и Кина кога станува збор за инфраструктурните потреби.

Хил ја започна својата дипломатска кариера во Белград. Тој учествуваше во процесот што кулминираше со Дејтонскиот договор и беше специјален пратеник за Косово од 1998 до 1999 година.

Пред да се повлече од дипломатијата во 2010 година, Хил беше амбасадор во Македонија, Полска и Ирак.

Тој, исто така, беше помошник државен секретар за Источна Азија и Пацифик, и ја предводеше американската делегација за време на преговорите со севернокорејските претставници за нуклеарно разоружување во 2003 година.

По активна дипломатска кариера, Хил беше декан на Универзитетот во Денвер и советник на групата Олбрајт-Стоунбриџ.

Хил на амбасадорска позиција во Србија доаѓа на предлог на американскиот претседател Џозеф Бајден.