ММФ: Војната во Украина ќе доведе до забавување на економскиот раст


Војната во Украина ќе придонесе за забавување на економскиот раст во светот, но нема да предизвика глобална рецесија, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, објавувајќи ги новите прогнози на ММФ за април. Таа на форумот на магазинот„ Форин полиси“ рече дека глобалниот економски раст ќе успее да остане позитивен оваа година и покрај […]

Русите ја уништија лабораторијата во Чернобил


Руските сили, кои ја окупираа нуклеарната централа во Чернобил, ја ограбиле и уништиле лабораторијата на тоа место, тврдат украинските власти. Државната агенција на Украина за управување со зоната на исклучување соопшти дека Русите ја уништиле Централната аналитичка лабораторија, која преработувала голем дел од радиоактивниот отпад, пренесува Би-би-си. Агенцијата на Фејсбук објави дека лабораторијата има високо […]

Генералното собрание на ОН денеска ќе расправа по нацрт-декларацијата за ситуацијата околу Украина


Генералното собрание на ОН денеска ќе ја продолжи вонредната седница посветена на ситуацијата околу Украина, изјави портпаролката на претседателот на Генералното собрание, Паулина Кубијак. Предвидено е според агендата 11-тата вонредна седница на Генералното собрание да почне во 10 часот по локално време. Во понеделникот до претставниците на најбројното тело на Светската организација беше доставена нацрт-резолуција […]

Американски проценки за пад на борбената моќ на руските сили во Украина


Американските експерти сметаат дека опаднала борбената моќ на руските трупи во Украина, 90 отсто под нивото пред почетокот на инвазијата. Неименуван високопоставен официјален претставник на американската армија посочува на големи загуби во техника и растечки број жртви кај руската армија, која за инвазијата ангажирала повеќе од 150 илјади војници. „За прв пат тие би можеле […]

Макрон повторно разговараше со Путин за прекин на огнот во Украина


Француската влада синоќа потврди дека претседателот на таа земја Емануел Макрон телефонски разговарал со рускиот колега Владимир Путин, соопшти Елисејската палата. Се наведува дека разговорот е само продолжение на претходните дијалози кои Макрон ги водел со Путин во врска со прекинот на огнот и актуелните безбедносни проблеми. „Во моментов нема договор, но претседателот Макрон останува […]

Серија земјотреси го потресоа Тајван, нема информации за жртви


Серија земјотреси утрово го потресоа Тајван, што го вознемери населението, а властите ги натера да испратат предупредување за опасност со испраќање пораки до граѓаните преку мобилната телефонија. Најсилниот од регистрираните се случи во 1:41 часот, со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот се наоѓал 62 километри јужно од островот Хуалиен, на […]

Хилари Клинтон заразена со коронавирусот


Поранешната прва дама на Америка и претседателски кандидат на избори, Хилари Клинтон објави дека е позитивна на коронавирусот. „Се тестирав и сум позитивна на Ковид. Имам благи симптоми на настинка и се чувствувам добро. Поблагодарна сум од кога било за вакцините што штитат од сериозниот тек на болеста“, напиша таа на Твитер. Клинтон (74) апелираше […]

Романски борбени авиони следеле патнички авион на лет од Москва кон Истанбул по дојава за бомба


Романски борбени авиони следеле патнички авион на лет од Москва кон Истанбул во воздушниот простор на таа земја, откако била примена дојава за бомба во авионот, соопшти прес-службата на романското Министерство за одбрана. „Романските воздухопловни сили денеска извршија нова мисија во националниот воздушен простор за пресретнување и придружба на цивилен авион на ‘Туркиш ерлајнс’ што […]

Светски ден на метеорологијата


Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ќе го одбележи Светскиот ден на метеорологијата, 23 Март, со учество на виртуелниот вебинар организиран од Светската метеоролошка организација (СМО) и со настан на Главната метеоролошка станица во Охрид. Темата на Светскиот метеоролошки ден оваа година е „Навремено предупредување и навремена акција“. Светската метеоролошка организација, како наследник на Меѓународната метеоролошка […]

Во втората половина лани 4.400 хипотеки и 17.817 трансакции со недвижности


Во периодот јули – декември 2021 година во државава се запишани 4.400  товари врз недвижностите со вкупна вредност од 1.424.429.882 евра и 13.636.862.460 денари, покажуваат податоците на Агенцијата за катастар на недвижности. Во Центарот за катастар на недвижности Скопје се запишани 1.636 хипотеки во вредност од 727.618.991 евра и 6.552.248.496 денари, а во останатите 29 […]

Сончево и ветровито со температура до 19 степени


Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер повремено со брзина од над 60 км/ч и ќе биде најизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната од 10 до 19 степени. Во Скопје, сончево со мала локална облачност и […]

Конференција „ЕУ за општините“ 


Во Скопје денеска ќе се одржи конференцијата „ЕУ за општините“, заеднички организирана од две програми: „ЕУ за општините“ и Програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија. Конференцијата ќе ја отвори евроамбасадорот Дејвид Гир кој воедно и ќе ја потврди поддршката што ЕУ им ја дава на општините во Северна Македонија. Договорите, пак, за […]

Ќе има доволно пченица, пченка и брашно, Србија ја крева „рампата“ за Северна Македонија


Граѓаните да бидат спокојни, ќе има доволно количини пченица, пченка, брашно и масло за јадење, порача вчера од Белград министерот за земјоделство, шумарство и водостапанство Љупчо Николовски. Тој имаше работна средба со српскиот вицепремиер и министер за земјоделство, Бранислав Недимовиќ на која, како што соопшти, е договорено во следните 7 – 10 дена да се […]

Се уште не е постигнат колективен имунитет, вакцинацијата останува најдобра заштита


Податоците од анализата од ковид-тестирањето, односно скринингот што го спроведе Министерството за здравство покражуваат дека не е постигнат колективен имунитет. Присуството на антитела кај невакцинираните испитаници се движи од 75 до 76 проценти, додека кај испитаниците кои се вакцинирани нивното присуство е 85-86 проценти. -Голем број од тие кои не се вакцинирани против Ковид-19 или […]

Собранието ќе одржи продолженија на шест седници


Собранието денеска треба да одржи продолженија на шест седници, на 47-та, 50-та, 54-та, 57-та, 61-та и 64-та седница. Пратениците на продолжението на 47-та седница ќе расправаат за измените и дополнувањата на Законот за концесиии и јавно-приватно партнерство, за Предлог-законот за изменување на Законот за домување, Предлог-законот за изменување на Законот за животната средина, сите по […]

Украинците тврдат дека руските загуби за 26 дена се поголеми од оние во Авганистан за 10 години


  Објавувањето на загубите во луѓе и воена техника секогаш е едно од најважните пропагандни орудија во војна. Украинските власти, воени и цивилни, постојано објавуваат податоци за големи загуби на руските инвазиски сили, а не објавуваат речиси никакви податоци за сопствените. Според последните објави на Украинските оружени сили руската армија имала повеќе загуби за 26 […]

Жестока дипломатска битка во Обединетите нации околу Украина


  ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ – Русија се обидува да ги затапи напорите предводени од Западот во Обединетите нации за дополнително изолирање на Москва поради инвазијата на Украина, при што Советот за безбедност и Генералното собрание се подготвуваат да гласаат оваа недела за конкурентни мерки за хуманитарната криза во Украина. Дипломатската битка ескалира во светската организација откако […]

Бектеши: Политички центри пласираат лажни вести за да создадат паника меѓу граѓаните околу кризата


Одредени политички партии и центри се занимаваат со лажни вести, само за да креираат паника и на таков начин, индиректно, вештачки, да влијаат на зголемување на кризата, рече вечерва министерот за економија Крешник Бектеши. Во гостување на дебата на Телевизија 24, Бектеши уште еднаш истакна дека нема простор, ниту потреба од паника кај граѓаните зашто […]

Групацијата „Тотал“ не сака да купува нафта од Русија


  Француската енергетска групација „Тотал“ сака да престане да купува руска нафта до крајот на годината. Групацијата најави дека не треба да се склучуваат нови договори или да се продолжат постоечките. Како европска компанија, сакате да се однесувате одговорно, се вели во соопштението за печатот на „Тотал“. Групата ја осудува „руската воена агресија против Украина, […]

Макрон пак разговарал со Путин и Зеленски


  Францускиот претседател Емануел Макрон разговараше со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски за условите за прекин на огнот. Елисејската палата соопшти дека телефонскиот разговор со Путин, кој траел околу еден час, се однесувал и на „безбедносните барања за суштински прашања“. Не бил постигнат договор, но Макрон „останува убеден во потребата […]