Серија земјотреси го потресоа Тајван, нема информации за жртви


Серија земјотреси утрово го потресоа Тајван, што го вознемери населението, а властите ги натера да испратат предупредување за опасност со испраќање пораки до граѓаните преку мобилната телефонија.

Најсилниот од регистрираните се случи во 1:41 часот, со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот се наоѓал 62 километри јужно од островот Хуалиен, на длабочна од 30 километри под морското дно, соопшти тајванското Централно биро за метеорологија.

Засега нема информации за повредени ниту за предизвикана материјална штета.