Украинците тврдат дека руските загуби за 26 дена се поголеми од оние во Авганистан за 10 години


 

Објавувањето на загубите во луѓе и воена техника секогаш е едно од најважните пропагандни орудија во војна. Украинските власти, воени и цивилни, постојано објавуваат податоци за големи загуби на руските инвазиски сили, а не објавуваат речиси никакви податоци за сопствените.

Според последните објави на Украинските оружени сили руската армија имала повеќе загуби за 26 дена од инвазијата од советската интервенција во Авганистан која траеше 10 години.

Овие податоци не можат независно да се потврдат.