Романски борбени авиони следеле патнички авион на лет од Москва кон Истанбул по дојава за бомба


Романски борбени авиони следеле патнички авион на лет од Москва кон Истанбул во воздушниот простор на таа земја, откако била примена дојава за бомба во авионот, соопшти прес-службата на романското Министерство за одбрана.

„Романските воздухопловни сили денеска извршија нова мисија во националниот воздушен простор за пресретнување и придружба на цивилен авион на ‘Туркиш ерлајнс’ што леташе од Москва до Истанбул. Пред тоа, од цивилната контрола на летање е добиена дојава дека во авионот е поставена бомба“, се вели во пораката објавена на Фејсбук страницата на романското Министерство за одбрана.

Министерството појасни дека воените авиони го следеле цивилното летало во согласност со важечките закони и процедури додека авионот го напуштил воздушниот простор на Романија.