Бајден: Русија треба да биде исклучена од Г-20


Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Русија треба да биде исклучена од Групата 20 индустриски најразвиени земји и економии во светот поради нејзината воена агресија врз Украина. Зборувајќи на самитот на Г7 во Брисел, Бајден кажа дека западните лидери денеска разговарале и за оваа тема, но не е познато дали сите 20 земји ќе се […]

Горивата поскапеа за 3 денари


Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за […]

Макрон: Западот е подготвен за нови санкции против Русија


 Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека западните земји се подготвени да ги зајакнат санкциите против Русија. – Овие санкции имаат влијание и можат да се почувствуваат, а ние мора да продолжиме со нив бидејќи имаат застрашувачки ефект, истакна Макрон на прес-конференција по Самитот на лидерите на НАТО и на Г-7 во Брисел. Тој […]

Собранието разгледа повеќе точки од 64.седница, гласањето по нив дополнително ќе биде закажано


Собранието попладнево разгледа повеќе точки во рамки на 64.седница, но гласањето по предлог – законот за изменување на законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки по скратена постапка, предлог-законот за изменување и дополнување на законот за полиција во второ читање, дополнет предлог – закон за изменување и дополнување на законот за внатрешни […]

Камчев: Груевски ги замени плацевите на Водно со три стана од 750 метри квадратни во ,,Панорама Резиденс”


Бизнисменот Александар Ивановски, (Алек Теранова) од Ненад Јосифовиќ, обвинет во случајот „Плацеви на Водно” за потребите на Никола Груевски се интересирал дали има странска компанија која би се занимавала со дејности од областа на градежништвото. Во својата одбрана на денешното рочиште во Основниот кривичен суд Скопје, обвинетиот Јосифовиќ потврди дека на Ивановски му рекол дека […]

(Галерија) Денови на македонскиот мед – „Македонија“ стана медена улица


Улицата „Македонија“ во строгиот центар на Скопје стана „медена“, а таква ќе биде до 26 овој месец до кога ќе бидат годинашните пролетни „Денови на македонскиот мед“, кои почнаа денеска.  Производителите на мед и годинава ги посочуваат старите проблеми – ниската потрошувачка и  фалсификатите што се присутни на пазарот.  Тие велат дека медот кај нас се […]

Кој е автомобил на годината за 2022 во Македонија?


За автомобил на годината е прогласен „Hyundai Tucson“. Тој е избран во конкуренција со уште седум автомобили кои влегоа во потесниот круг на националниот избор „Автомобил на годината во Македонија“. Во финалето влегоа „BMW iX“, „Dacia Sandero“, „Honda Jazz“, „Kia Sorento“, „Opel Mokka“, „Toyota Yaris Cross“ и „Volkswagen ID.3“. Победникот ќе добие стилизирана маска на […]

Франција успешно тестираше нуклеарна ракета


Франција– Франција во средата успешно тестираше модернизирана верзија на својата балистичка ракета со среден дострел АСМПА, кој може да носи нуклеарно полнење, соопшти во четвртокот француското Министерство за одбрана. Француската министерка Флоренс Парли, рече дека е многу задоволна од тестирањето на таа стратешка ракета лансирана од авионот Рафал, кој полета од воената база Казо во Атлантскиот […]

Ѓоргиевска и Корнхаузер-Дуда разговараа за можностите за помош на украински државјани


Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, денеска оствари видео разговор со првата дама на Полска, Агата Корнхаузер-Дуда, на кој се разговараше за можностите за соработка и меѓусебна поддршка во помошта која им се дава на украинските државјани кои ја напуштаат Украина поради воената агресија од страна на Русија. Од Кабинетот на претседателот на државата известуваат дека […]

Осигурителната компанија „Лојдс“ очекува големи барања за отштета поради војната во Украина


Лондонски „Лојдс“ во четвртокот објави дека годинава ќе се соочи со голем број барања за компензација на штета, поврзани со руската инвазија во Укрaина, истакнувајќи ја авијaцијата меѓу погодените сектори.   Лондонскиот пазар на комерцијално осигурување бара од своите членови детали за изложеноста на конфликтот, изјави претседателот на „Лојдс“, Брус Карнеги-Браун, додавајќи дека е премногу […]

Србија донесе одлука да испорача пченица, брашно и пченка за Албанија, ќе испорача и за Македонија


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Владата денеска донела одлука за испорака на 27.000 тони пченица и брашно во Албанија, како и значителни количини пченка, како и дека во рамките на Отворен Балкан, според договореното, ќе и биде испорачано и на Сверна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград. Бидејќи во Албанија не можат […]

Западните земји ќе ја зголемат помошта за Украина


  Западните лидери на состанокот во четвртокот во Брисел се согласија да ги зајакнат своите сили во Источна Европа, да ја зголемат воената помош за Украина и да ги заострат санкциите кон Русија, додека нападот на Москва врз нејзиниот сосед влезе во вториот месец. Во знак на единство на невиден троен самит на НАТО, Г7 […]

Војната покажа колку е важно проширувањето на ЕУ, му рекол Ковачевски на Шолц


Војната во Украина покажа дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан не е само прашање на проширување туку и геостратешко позиционирање во регионот, а Северна Македонија целосно ги исполни условите за почеток на преговорите со ЕУ и граѓаните на земјата очекуваат и Брисел да го исполни својот дел од обврската. Ова го посочил […]

Бајден: Испраќаме оружје од една милијарда долари во Украина


Американскиот претседател Џо Бајден денеска на самитот на НАТО во Брисел најави дека САД ќе и испратат на Украина оружје и друга безбедносна и одбранбена опрема во вредност од една милијарда американски долари.   – Во текот на изминатите неколку недели, САД одлучија да испратат безбедносна помош за Украина во вредност од милијарди долари. Зборувам […]

Инспекторите на Град Скопје одзедоа девет сообраќајни дозволи на диви превозници


Инспекторите на Град Скопје одзедоа девет сообраќајни дозволи на диви превозници Инспекторите за патен сообраќај на Град Скопје во рамките на редовните работни задачи во текот на изминатите денови во три смени вршеа контроли и исконтролирани се над 40 превозници. При контролите се утврдени неправилности и одземени се 9 сообраќајни дозволи на диви превозници, информираат […]

Голем успех за македонските сноубордери – ја завршија сезоната со два златни, два сребрени и шест бронзени медали


Македонските сноубордери ја заокружија натпреварувачката сезона со голем меѓународен успех. Два златни медали во ФИС натпреварувањата во сениорска конкуренција освои Иван Георгиев, а Карло Дерибан освои еден сребрен и три бронзени медали. Во истата категорија Ведран Лауренчиќ освои еден сребрен и еден бронзен медал, а Марко Петровски се закити со еден бронзен медал. За македонските […]

Бојко Борисов вели: „Јас сум бугарскиот Навални“


  Поранешниот премиер Бојко Борисов, кој минатата недела беше приведен 24 часа поради наводни корупциски дела, го поврза неговото апсење со војната во Украина. Во четвртокот, тој рече дека бил приведен откако изјавил дека ГЕРБ ќе ја поддржи владата во парламентот доколку сака да се гласа за воена помош. А бидејќи имаше загриженост дека некоја […]

Нови 281 случај на Ковид-19, од кои 48 реинфекции, починале три лица


Од направени 2.275 тестови, регистрирани се 281 нов случај на Ковид-19 од кои најголем дел – 169 се од Скопје. Од вкупниот број позитивни регистрирани се 48 реинфекции. Оздравеле 285 пациенти, а починале три лица, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Во Битола регистрирани се 24 позитивни на Ковид-19, во […]

Во Собранието продолженија на четири седници


 Пратениците денеска работеа по продолженијата на четири седници, на 54-та, 57-та, 61-ва и 64-та. Тие ја завршија расправата по неколку точки од четирите седници. Но, гласањето по сите точки кои поминаа, како измени и дополнувања на закони, годишни извештаи, финансиски планови, ќе биде дополнително закажано, поради немање доволен број пратеници во салата. Во рамки на 54-тата седница, […]

Азески на средба со бизнис жените: Треба сите да ги засукаме ракавите


Сите да ги засукаме ракавите, да се обединиме во нова алијанса за поддршка на државата и справување со мулти кризата, а акцентот да сетави на неколку приоритети: образованието, администрацијата, дигитализацијата на процесите на министерствата во една целина и решавање на проблемот со корупцијата. Ова е заклучокот од денешната средба на претседателот на Стопанската комора Бранко […]