Борел: Во следните две години Европа ќе се откаже од рускиот гас


Во следните две години европските земји ќе можат да ги прекинат испораките на руски гас, соопшти денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, во интервју за „Скај Њуз Арабија“. Борел наведе дека европските земји „се трудат да ги диверзифицираат изворите на гас за европа“ и „да ја намалат зависноста од […]

Бајден: Украина нема да биде победа за Русија 


„Еден диктатор со намера повторно да изгради империја никогаш нема да ја избрише љубовата на народот за слобода, бруталноста никогаш нема да ја сомеле неговата воља за слобода, Украина никогаш нема да биде победа за Русија“, напиша синоќа на Твитер претседателот на САД Џо Бајден.  „Место да ја скрши одлучноста на Украинците, бруталните тактики на […]

Преговорите меѓу Украина и Русија од утре до среда во Турција


 Следната рунда директни разговори меѓу делегациите на Украина и Русија ќе се одржи во Турција од 28 до 30 март, напиша на социјалните мрежи украинскиот преговарач Давид Арахамија. Британските медиуми пренесуваат дека претходните неколку рунди, и директни и онлајн, разговори што беа одржани откако Русија на 24 февруари ја нападна соседната земја, Украина ги оцени […]

Голем шумски пожар околу нуклеарната централата Чернобил


 Во рестриктивната зона околу нуклеарната централа Чернобил избувна голем пожар поради борбите, изјави комесарката на украинскиот парламент за човекови права Људмила Денисова и ја повика Меѓународната агенција за атомска енергија итно да испрати помош. „Горат повеќе од 10.000 хектари шума, што може да предизвика зголемување на нивото на радијација во воздухот“, соопшти Денисова на Фејсбук, […]

Села повторно избран за претседател на Алијансата за Албанците


Зијадин Села, актуелниот претседател на Алијанса за Албанците, денес беше реизбран на оваа функција. Тој беше единствениот кандидат на оваа партија на денешниот конгрес. На Конгресот требаше да избере и ново Собрание а членовите ќе треба да ја донесат и новата партиска платформа.

Ковачевски им вети премија од половина милион евра на фудбалерите


Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски се појави во авионот пред македонската репрезентација да замине во Порто, им посака среќа на фудбалските херои и им вети премија од 500.000 евра. Репрезентацијата  на Македонија попладнево летна за Португалија каде во вторник ќе се бори за историски пласман на Светско првенство, против Кристијано Роналдо и „селесао“.  Пред македонската […]

Русија го блокира пристапот до германски „Билд“


Русија го блокирала пристапот до порталот „Билд“, најчитаниот германски весник, јавуваат руските медиуми, не наведувајќи ја причината за ваквиот чекор. Барањето за блокирање на пристапот до „Билд“ во Русија дошло од канцеларијата на Главниот руски обвинител, а државниот регулатор „Роскомнадзор“ го одобрил барањето и го спроведе, пренесуваат руските меидуми. -„Билд“ деноноќно известува за агресивната војна […]

Макрон се огради од коментарите на Бајден за Путин


Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди на „вербална ескалација” откако американскиот претседател Џо Бајден вчера во Варшава го опиша Владимир Путин како „крвник” и во својот говор рече дека „тој повеќе не може да биде на власт”, пренесува АФП. „Не би користел такви термини бидејќи сè уште сум во преговори со претседателот Путин“, рече Макрон. Коментирајќи ги […]

Кулеба повика на бојкот на францускиот синџир на супермаркети „Ошан“


 Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, денеска повика на бојкот на продавниците на „Ошан“, француски синџир на супермаркети во Русија, бидејќи оваа француска групација ги задржа своите деловни активности во Русија. „Очигледно е дека загуба на бизнисот во Русија им е поважен од мртвите во Украина“, напиша Кулеба на Твитер. Министерот додаде дека „Ошан“ треба […]

Мариупол како гробишта, досега убиени 139 деца (Видео)


Еден месец по воената инвазија на Русија врз Украина, обемот на разурнувања е застрашувачки, а Мариупол, од најбрзо растечки град , е претворен во гробишта, бидејќи поради постојаното гранатирање загинатите се закопуваат во дворовите и јавните површини. Шефот на француската дипломатија, Жан-Ив Ле Дриан,  изјави дека „доколку ништо не се преземе за да им се […]

Николенко: Руски референдум на окупираните украински територии нема правен основ


Украинските власти денеска соопштија дека рускиот референдум на окупираната украинска територија нема да има правен основ и дека Русија ќе се соочи со силен одговор од меѓународната заедница и дополнително ќе ја продлабочи својата глобална изолација. Самопрогласената „Народна република Луганск“, во источна Украина, поддржана од Русија, наскоро би можела да одржи референдум за приклучување кон […]

Нови 188 случаи на КОВИД-19, починале тројца


Во изминативе 24 часа се регистрирани нови 188 случаи на КОВИД-19, од направени 2.245 тестови. Починале тројца, а оздравени се 119 пациенти, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.   Од новите случаи, во Скопје се 123, Битола 18, Кавадарци 10, Прилеп 6, Куманово 5, Штип и Делчево по 4, Гостивар, Охрид, […]

Руски командант убиен од сопствените војници


ЛОНДОН – Командант на руска бригада е убиен од сопствените сили, што е уште еден показател за зовриено незадоволство меѓу руските сили распоредени во и околу Украина, изјавија западни официјални лица. Полковникот Јуриј Медведев, командант на 37-та моторна пушка бригада, бил прегазен од оклопно возило и се здобил со тешки повреди на двете нозе. „Командантот […]

Москва бесна на изјавата на Бајден за Путин


Вчерашната изјава на американскиот претседател Џо Бајден, кој во говорот во Варшава рече дека „Путин не може да остане на власт“, ​​предизвика гнев кај политичарите во Москва и е протолкувана како драматичен пресврт во надворешната политика на САД. Претседателот на рускиот парламент Вјачеслав Володин овој настап на Бајден го нарече „недипломатски“ и „хистерија“. „Бајден е […]

Ахмети: Членство во НАТО се покажа исправна политика


Членството во НАТО е најголемиот придонес што можевме да го дадеме за мир и благосостојба. Ние веќе не сме на агендата, туку учествуваме во нејзиното креирање и ги решаваме сите прашања заедно со НАТО сојузниците. Нашите далекувидни политики се покажуваат исправни. Како што рековме, така и беше направено, напиша лидерот на ДУИ, Али Ахмети по […]

Петков утре е домаќин на премиерите на Македонија, Црна Гора и Романија 


 На покана на бугарскиот премиер Кирил Петков, утре во Софија ќе се одржи состанок на лидерите на земјите-членки на НАТО од Југоисточна Европа. На настанот ќе присуствуваат премиерите на Романија, Република Северна Македонија и Црна Гора – Николае Чука, Димитар Ковачевски, Здравко Кривокапиќ, соопшти службата за информирање на бугарската влада. Како што јави дописникот на […]

Навивачки чартер – летови за Порто, влезниците по цена од 820 денари


Продажбата на влезници за македонските навивачи за финалето од мундијалскиот бараж во Порто започнува денеска, соопшти Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) наведувајќи оти билетите можат да се купат по цена од 820 денари. Согласно правилата на УЕФА, за македонските навивачи се предвидени пет отсто од вкупниот капацитет од 50.000 седишта на стадионот „Драгао“, што значи дека избраниците […]

Чичкото го прегазил внукот во дворот додека се враќал наназад со автомобилот


Малолетник бил удрен со возило од неговиот чичко додека се враќал наназад, во дворот од куќата во Скопје. Малолетникот бил донесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со тешки повреди, по што полициски службеници излегле на терен за да истражат што се случило со него. Тие констатирале дека несреќата се случила во дворно место од семејниот […]

Канада вети дека ќе им помогне на земјите да престанат да користат руска нафта


Канада –  Канада соопшти дека може да обезбеди повеќе нафта, гас и ураниум за да помогне во решавањето на глобалната енергетска криза, јави Би-Би-Си. Канадскиот министер за природни ресурси Џонатан Вилкинсон изјави дека многу земји се посветени „да помогнат колку што можеме во однос на надоместувањето на руската нафта и гас“. Четвртиот најголем производител на нафта […]

Почесни Оскари за Лив Улман, Семјуел Џексон, Дени Гловер и Елејн Меј


САД- Семјуел Л. Џексон, Елејн Меј и Лив Улман ги  добија почесните Оскари за оваа година. Дани Гловер ја доби и хуманитарната награда Џин Херсхолт. Почесните Оскари беа претставени на церемонијата на Governors Awards , во петокот,  на мало, ама елегантно шоу на Реј Долби Во помалата просторија, која повеќе личеше на ноќен клуб отколку […]