Москва бесна на изјавата на Бајден за Путин


Вчерашната изјава на американскиот претседател Џо Бајден, кој во говорот во Варшава рече дека „Путин не може да остане на власт“, ​​предизвика гнев кај политичарите во Москва и е протолкувана како драматичен пресврт во надворешната политика на САД.

Претседателот на рускиот парламент Вјачеслав Володин овој настап на Бајден го нарече „недипломатски“ и „хистерија“.

„Бајден е слаб, болен и несреќен“, искоментира Володин на мражата Телеграм.

„Американските граѓани треба да се срамат од својот претседател. Можно е и да е болен. Би било добро да се подложи на лекарски преглед“, додаде спикерот на државата Дума. 

Бајден изминатите денови го нарече Путин исто така „касап“, „воен злосторник“ и „криминалец“.