Италија ја заплени јахтата на рускиот олигарх Мордашов вредна 65 милиони евра


Италија– Италијанската полиција ја заплени јахтата Лејди М, вредна 65 милиони евра, која му припаѓа на рускиот олигарх Алексеј Александрович Мордашов, а се наоѓала во регионот Лигурија. Запленувањето е извршено согласно новите санкции на Европската унија против Русија поради инвазијата врз Украина. Во Хрватска замрзнувањето на имотот на руските олигарси ќе се одвива на тој […]

Блинкен: Зона на забранети летови над Украина ќе доведе до целосна војна во Европа


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека воспоставувањето зона на забранети летови над Украина од страна на САД и нивните сојузници во НАТО може да доведе до „целосна војна во Европа“. Тој нагласи дека Вашингтон ќе продолжи да работи со своите сојузници со цел да им обезбеди на Украинците средства за одбрана од руската агресија, […]

Руска пратеничка известува за многу загинати меѓу нивните војници


Во дебата што беше емитувана во живо на Интернет, пратеник во Советот на Руската Федерација, наводно, зборувал за големи загуби на единиците на руската армија во Украина. Ова го пренесува американската новинска агенција АП. Људмила Нарушова знаела за единица со 100 војници во која преживеале само четворица, рече пратеничката. Таа не наведе никаков доказ или […]

Путин го потпиша законот со кој ќе се гонат авторите на „лажни вести“ за руската армија


Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот со кој се гонат авторите на „лажни вести“ за војската. Објавувањето на вести, кои руските власти ги сметаат за „лажни“ би можело да биде казнето со вкупно 15 години затвор, објавија западните медиуми. Авторите и дистрибутерите на дезинформации за дејствијата на руските вооружени сили можат да добијат затворска […]

Украинците се борат неочекувано успешно, но прашање е до кога тоа може да трае


  Украинските војници креваа во воздух мостови за да го спречат напредувањето на руските копнени трупи. Нејзините пилоти и воздушната одбрана ги спречија руските борбени авиони да го освојат небото. И група паметни сајбер-воини досега ја победуваат Москва во информативна војна, инспирирајќи поддршка дома и во странство. На изненадување на многу воени аналитичари, украинските војници […]

Русија во херметичка изолација – забранет и Твитер


Рускиот државен медиумски регулатор Роскомнадзор го ограничи пристапот до Твитер, потврди денеска новинската агенција Тасс. Земјата во речиси целосна онлајн изолација додека инвазијата на Москва на Украина продолжува. Аналитичарка за глобални прашања на Си-Ен-Ен, Бијана Голодрига, напиша: „И Твитер си оди од Русија. Земјата е исклучена од светот. За една недела нација од 145 милиони […]

Голем хакерски напад врз руската новинска агенција ТАСС


Сајтот на руската новинска агенција ТАСС беше подложен на силен хакерски напад. Главната лента за вести е недостапна за корисниците на агенцијата. Исто така, дописниците на ТАСС во странство не можат да ги испраќаат своите информации. Тоа не е прв напад врз ТАСС во изминатите денови, но експертите велат дека е најсериозен од почетокот на […]

Томас-Гринфилд: Светот за влакно избегна нуклеарна катастрофа


Светот за влакно избегна нуклеарна катастрофа, кога избувна пожар за време на рускиот напад врз нуклеарната централа Запорожје во Украина, изјави денеска американската амбасадорка во ОН, Линда Томас-Гринфилд. Таа побара гаранција од Москва дека таков напад нема да се повтори. Обраќајќи се на вонредниот состанок на Советот за безбедност на ОН, Томас-Гринфилд истакна дека нападот […]

Би Би Си ги повлекува своите новинари од Русија


Британскиот јавен сервис Би Би Си денеска објави дека ги повлекува сите свои новинари од Русија за да ја гарантира нивната „безбедност“ по усвојувањето на законот кој предвидува затворски казни во случај на ширење „лажни информации за армијата“ и блокирање на неговата веб-страница на руски јази во рамки на руската инвазија врз Украина. Оценувајќи дека […]

Инспекторите во акција заради манипулациите со дериватите и прехранбените производи


Покрај најавените контроли на работата на дистрибутивните центри кои вршат снабдување со прехранбени продукти, со инспекциските надзори ќе бидат опфатени и правните субјекти кои вршат дејност „Трговија на мало и големо со нафтени деривати“, соопшти Управата за финансиска полиција. Оттаму информираат дека екипи на Управата за финансиска полиција заедно со Државниот пазарен инспекторат и Управата […]

Има горива за непречено снабдување, кај граѓаните не треба да има паника, вели Ковачевски


Кај граѓаните не треба да има паника во однос на непречено снабдување со горива. Нашата држава има горива за непречено снабдување на бензиските пумпи, ние се снабдуваме со гориво преку Република Грција и таков проблем не постои, изјави вечерва премиерот Димитар Ковачевски одговорајќи на новинарско прашање, по средбата со претставници на здруженијата на пензионерите. Премиерот […]

Пензиите ќе растат по „швајцарска формула“, пензионерите ќе добијат и помош по 1.000 денари за три месеци


Владата и претставници на Сојузот на здруженијата на пензионерите и Партијата на пензионерите се договорија да има промена на методологијата за усогласување и пораст на пензиите и за дополнителна финансиска помош за пензионерите од по 1.000 денари за април, мај и јуни. -Денеска се договоривме да го прифатиме предлогот на пензионерите за воведување нова методологија […]

Русија го блокираше и Фејсбук


Во уште еден удар кон ограничување на вестите што можат да ѝ наштетат на инвазијата на Украина руските власти вечерва го блокираа и пристапот кон глобалната социјална мрежа Фејсбук.  Руската државна новинска агенција Риа соопшти дека тамошното тело за надзор на медиумите одлучило да го блокира пристапот до платформата за социјалните медиуми поради тоа што […]

(Видео) Ковачевски за пензиите


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, заменик-претседателот Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска одржаа состанок со Сојузот на пензионери и Партијата на пензионерите. Со овој состанок продолжува дијалогот за предлог новата методологија за покачување на пензиите. Проследете ја изјавата на премиерот:

Контроли на сите дистрибутивни центри кои вршат снабдување со прехранбени продукти


Управата за финансиска полиција соопшти дека заедно со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи во наредниот период ќе спроведат сеопфатни контроли на работата на сите дистрибутивни центри кои вршат снабдување со прехранбени продукти на територија на цела држава. Засилените инспекциски надзори беа најавени за да се спречат евентуални манипулации во снабдувањето. Надлежните во повеќе […]

„Блу Ориџин“ ќе го лансира комичарот Пит Дејвидсон во вселената


САД- Ѕвездата на „Saturday Night Live“ Пит Дејвидсон, наводно, оди на нови височини – во вселената, со милијардерот Џеф Безос. „Њујорк пост“ во четвртокот објави дека комичарот бил блиску до потпишување договор за придружување на Безос на вселенскиот лет на Blue Origin најверојатно подоцна оваа година. „Пит е возбуден“, изјави неименуван извор за „Post’s Page […]

Велосипедистот Сиваков се откажа од руското државјанство


Франција– Меѓународната велосипедска федерација (УЦИ) му дозволи денеска на 24-годишниот Павел Сиваков да го смени државјанството од руско во француско, објави неговиот тим „ИНЕОС Гренадин“ (INEOS Grenadiers). – Веќе некое време сакав да станам Французин и поднесов барање до УЦИ, но имајќи ги предвид случувањата во Украина, сакав да ги забрзам работите, изјави Сиваков, кој […]

Пензискиот систем е стабилен и одржлив


Советот за следење на состојбите во пензискиот систем, денеска ја оддржа првата седница од изборот на оваа Влада, со која претседаваше министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, како новa претседателка на ова тело, информира МТСП. На денешната седница, членовите на Советот биле информирани за работењето на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на […]

Украина има четири големи нуклеарни централи


Украина– Борбите и пожарот околу најголемата нуклеарна централа во Европа, во Запорожје, Украина предизвика лавина реакции и осуда од сите страни, а утринава ги потресе и европските берзи. Украина има четири големи нуклеарни централи или 15 активни реактори. Освен „пензионираната“ Чернобил и сега контролираната од Русија Запорожје, тука се и Електрани на југот на Украина, Ривна […]

Русија ја прекина продажбата на ракетни мотори на САД, шефот на Роскосмос порача: „Нека летаат на метли“


Русија престана да продава ракетни мотори на САД како одговор на санкциите, изјави во четвртокот директорот на руската вселенска агенција Роскосмос Дмитриј Рогозин, пренесе Ројтерс. „Во ваква ситуација, не можеме да ги снабдуваме САД со нашите најдобри ракетни мотори во светот. Нека летаат на нешто друго, со нивните метли, не знам што“, рече Рогозин на […]