Контроли на сите дистрибутивни центри кои вршат снабдување со прехранбени продукти


Управата за финансиска полиција соопшти дека заедно со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи во наредниот период ќе спроведат сеопфатни контроли на работата на сите дистрибутивни центри кои вршат снабдување со прехранбени продукти на територија на цела држава.

Засилените инспекциски надзори беа најавени за да се спречат евентуални манипулации во снабдувањето.

Надлежните во повеќе наврати соопштија дека храна, гориво и енергенси има доволно и апелираа граѓаните да не подлегнуваат на никакви шпекулации и да не се крева непотребна паника. Уверуваат дека државата е подготвена да одговори на сите предизвици поврзани со кризата.