Џезтетика- прва книга фотографии на Татјана Ранташа


На платото пред МКЦ денеска ќе се одржи матине-промоцијата на првата книга фотографии на Татјана Ранташа, облагородена со текстуалните варијации на Александар Прокопиев, наречена – „Џезтетика“. – Книгата се состои од портрети на 50-тина македонски џез-музичари, претставени преку објективот на Татјана Ранташа, професионален фотограф што ги бележи сите позначајни музички настани во нашиот град. Оваа […]

Во февруари регистрирани рекордно високи цени на храната во светот


Италија– Светските цени на храната во февруари беа на рекордно високо ниво, зголемени за дури 24,1 отсто во однос на претходната година, а се поттикнати од растот на цените на маслата за јадење и млечните производи, соопшти Агенцијата за храна на ОН. Индексот на цените на храната на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), што го […]

Турски милијардер заинтересиран за Челзи


Англија – Турскиот милијардер Мухсин Бајрак е заинтересиран да го купи премиерлигашот Челзи, јавија британските медиуми, додавајќи оти веќе е испратена официјална понуда за трансфер на сопственоста. Сопственикот на актуелниот европски првак, Русинот Роман Абрамовиќ, во средата објави дека ќе го продаде лондонскиот клуб на чие чело е 19 години поради санкциите што и се наметнати на Русија како одговор на инвазијата […]

Ангеловска-Бежоска: Банкарскиот сектор е во добра кондиција


Банкарскиот сектор според последните расположливи податоци има капацитет за справување со евентуални шокови и за обезбедување солидна кредитна поддршка за закрепнувањето на економијата. Адекватноста на капиталот забележува една од највисоките стапки што сме ги имале последните десетина година, банките се ликвидни, а нефункционалните кредити на ниско ниво, оцени гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Во […]

Британски новинар ранет во близина на Киев


Украина – Главниот дописник на британски „Скај њуз“ од украинската криза, Стјуарт Ремзи, бил застрелан во долниот дел на грбот додека во понеделникот било пукано врз автомобилот што ја превезувал неговата екипа во Киев. Во нападот , исто така, бил погоден и снимателот Ричи Моклер, но двата куршума завршиле во неговиот заштитен елек,  пред тимот да […]

Мичел Рајан, омилениот актер во холивудски филмови и серии, почина на 88 години


САД- Почина Мичел Рајан, ликот со четириаголна вилица, кој играше пензиониран генерал за шверц на хероин во првиот филм Смртоносно оружје, поранешен измамник на Dark Shadows и непријатен татко на Dharma & Greg. Тој имаше 88 години. Рајан почина во петокот од конгестивна срцева слабост во неговиот дом во Лос Анџелес, изјави неговата поќерка Дениз […]

Привремен прекин на огнот во Мариупол и Волноваха за отворање хуманитарен коридор


Украина – Руските сили денеска во 10 часот по московско време ќе го прекинат огнот за да овозможат хуманитарни коридори од украинските градови Мариупол и Волноваха, соопшти руското Министерство за одбрана. Русија и Украина на разговорите во четвртокот се согласија дека треба да се воспостават хуманитарни коридори и прекин на огнот. Мариупол, стратешко пристаниште во источна […]

Митрополит пловдивски Николај: Македонската црква треба да добие афтокефалност


Според древното канонско правило, Македонската православа црква има право на афтокефалност и Српската црква тоа треба да го допушти, смета митрополитот пловдивски Николај. Тоа право, според еден од највлијателните митрополити на Бугарската православна црква, го има и црквата во Украина. Во пресрет на Великиот пост, кој започнува в понеделник, митрополитот Николај повика на смирение, скротување […]

По Вилнус, и Рига во знак на протест ја преименува улицата во која се наоѓа руската Амбасада


Градската управа на Рига одлучи да го смени името на улицата на која се наоѓа руската Амбасада во знак на протест поради нападот врз Украина. Отсега улицата ќе се вика „Улица на украинската независност“ со цел да се изрази „поддршка за херојската борба на украинскиот народ“, објави вчера градската управа на Твитер. Одлуката на градската […]

Северна Кореја тестираше уште еден, деветти по ред, проектил во 2022 година


Северна Кореја – Северна Кореја тестираше уште една ракета, соопштија рано утринава јапонската Влада во Токио и јужнокорејската војска во Сеул. ДПА јавува дека проектилот најверојатно повторно е балистичка ракета. Јужнокорејската војска соопшти дека Северна Кореја истрелала неидентификуван проектил кон Источното Море, пренесе агенцијата Јонхап од Сеул. Началникот на здружениот Генералштаб на Јужна Кореја преку СМС […]

Карневалските празнувања во Струмица вечер кулминираат со дефилето на карневалските групи


Вечер во Струмица, кога кралот на карневалот на своите поданици ќе им соопшти дека вековната традиција на струмичани може да почне, низ улиците на градот ќе потече река од маски. Дваесетина домашни карневалски групи и три од Србија и Грција ќе ги претстават своите маски и со настап пред жири комисијата на плоштадот ќе се […]

Слаб снег на Попова Шапка, Ќафасан, Ѓавато и Железнец


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Снег со слаб интезитет врне на Попова Шапка, Ќафасан, Ѓавато и Железнец. Како што информира АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од наша страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. […]

Харис ќе ги посети Полска и Романија поради руската инвазија врз Украина


САД – Американската потпретседателка, Камала Харис, ќе отпатува во Полска и Романија во знак на поддршка за Украина, се наведува во соопштението на Белата куќа, пренесено од ДПА. Харис ќе ги посети Варшава и Букурешт на 9 март, се наведува во соопштението на нејзината канцеларија. „Нејзината посета ќе ја демонстрира силата и единството на НАТО и […]

Рурална мартовска акција „Ги нема жените, го нема напредокот“


Под мотото „Ги нема жените, го нема напредокот!“, тимот на Руралната Коалиција, но и локалните чинители од општините во пет различни плански региони Југозападен, Југоисточен, Полошки регион, овој месец ја почнаа руралната мартовска акција. Акцијата почна вчера во Општина Радовиш, каде што беше испратена пораката дека ако ги нема жените ќе го нема ниту напредокот […]

Храна, гориво и енергенси има доволно, инспекторите проверуваат дали има трговски злоупотреби


Граѓаните да бидат смирени и да не се грижат зошто во земјава има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви. Трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката, уверуваат надлежните. Државата, како што тврдат од Владата, има доволна количина на житарици во стоковните резерви, во домашните млинови има залиха од 45.000 тони пченица, количини […]

Препораките за олеснување на ковид-рестрикциите чекаат зелено светло од Главниот штаб и Владата


Продолжува трендот на намалување на бројот на позитивни случаи и на хоспитализирани од КОВИД-19. Главниот координативен кризен штаб и Владата треба да се произнесат околу мерките кои беа предложени во насока на олеснување на рестрикциите, а од Комисијата за заразни болести се оптимисти дека во скоро време би можело да се разговара и за ограничување […]

Светска банка: До крајот на март 700 милиони долари за Украина


САД– Претседателот на Светската банка, Дејвид Малпас му соопшти на претседателот на Украина, Володимир Зеленски дека оваа меѓународна финансиска институција работи на кредитни програми во вредност од околу 700 милиони долари за Украина, кои ќе бидат исплатени до крајот на март. Малпас истакна дека пред одборот на директори бил даден предлог за зголемување на износот […]

Облачно и студено со дожд и снег


Времето ќе биде облачно и студено со врнежи од снег, а вдолж Повардарието со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во ноќните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени. Во […]

Aстрономски календар


Денеска е сабота, 5 март 2022 година, 64-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 301 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 5 минути, а ќе зајде во 17 часот и 27 минути. Денов трае 11 часа и 22 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее […]

Си-Ен-Ен и Блумберг ја прекинуваат работата во Русија


САД – Американската ТВ мрежа Си-Ен-Ен престана да емитува програма во Русија откако претседателот Владимир Путин потпиша декрет според кој луѓето можат да бидат осудени на 15 години затвор доколку шират „лажни вести“ за руските вооружени сили. Портпарол на Си-Ен-Ен истакна дека „медиумот ќе престане да емитува програма во Русија. Ние продолжуваме да ја проценуваме ситуацијата […]