Собранието утре ќе продолжи со работа по 50. седница


Пратениците попладнево расправаа по точките од 50.седница при што ја завршија расправата по предлог-законот за дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, по скратена постапка, за кој ќе се гласа дополнително. Ја почнаа и расправата и по Предлогот на завршна сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година. Со дополнувањата на законот […]

Почина човекот на кого, прв во светот, му беше пресадено срце од свиња


САД– Првиот пациент на кого му беше трансплантирано срце од свиња почина, два месеци по револуционерниот експеримент, објави во средата болницата во Мериленд која ја изврши операцијата. Дејвид Бенет (57) почина во вторникот во медицинскиот центар на Универзитетот во Мериленд. Лекарите не ја наведоа точната причина за смртта, велејќи само дека неговата состојба почнала да […]

Данска се извини за „нехуман“ експеримент врз деца од Гренланд


Шест луѓе однесени како деца од Гренланд во Данска како дел од социјален експеримент денеска добија извинување од данската Влада за вежба што „никогаш не требало да се случи“. Група од 22 деца од Гренланд – од кои шест сè уште се живи – биле земени од нивните семејства во 1951 година и испратени во […]

Во воздушен напад погодена детска болница во Мариупол


Во руски воздушен напад погодена е детска болница во Мариупол, соопшти денеска советот на градот, наведувајќи дека сè уште не е познато дали има жртви во нападот. Градските власти тврдат дека неколку бомби се фрлени врз болницата и дека штетата е голема. Украинскиот претседател Володомир Зеленски, на Твитер објави видео од оштетената детска болница. „Мариупол. […]

Министерство за култура: Продолжува заштитата на „Св. Ѓорги“ во Курбиново и на Сарајот во Ресен


Министерството за култура продолжува со активности за заштита на објектите што се од национално културно историско наследство, а се наоѓаат во Општина Ресен. За време на денешната посета на црквата „Св. Ѓорги“ во Курбиново и на Сарајот на Ахмед Нијази-бег во Ресен, министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска беше информирана за динамиката на активностите кои […]

Претставници на Советот на Европа одржаа собир за мир во Украина


Околу 200 претставници на Советот на Европа, меѓу кои Украинци и Руси, се собраа пред Советот на Европа, за мир и во име на вредностите на оваа организација која ги гарантира човековите права на континентот, јави дописникот на МИА. -Како граѓани на земјите-членки и едноставно како луѓе (…), не можеме да молчиме, им порача Станислас […]

Ова се 26-те владини мерки и препораки за економска заштита на граѓаните и компаниите


Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со вицепремиерот Фатмир Битиќи, со министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за економија Крешник Бектеши, и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, ги презентираа мерките за заштита на животен стандард и ликвидност на компаниите. Во продолжение ги пренесуваме  26-те мерки за заштита на животниот стандард  и ликвидноста на компаниите, […]

АМЕРИТ бара мерки за помош на транспортерите


Итна средба со Владата поради растот на цената на нафтата на која ќе бидат  договорени конкретни мерки за ублажување на ударот од кризата кај транспортерите, побара денеска Стопанската интересна заедница за патен транспорт Македонија сообраќај АМЕРИТ, каде членуваат транспортни фирми за превозот на стока и на патници во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај. Лефтер Андонов, […]

Бесими-Брнз: Можности за продлабочување на економската соработка со САД, како главен стратешки партнер


Продлабочување на економската соработка со Соединетите Американски Држави, економските последици коишто би можеле да настанат како последица од руско-украинската војна, како и реализацијата на инфраструктурни проекти, чија што реализација е клучна за развојот на нашата држава, беа темите на коишто министерот за финансии, Фатмир Бесими дискутираше со амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз. Воедно, посочуваат […]

Цената на нафтата се намали под 125 долари за барел


Цените на нафтата денеска паднаа под 125 долари, под влијание на оценката на трговците дека шокот во снабдувањето може и да не се влоши по американското ембарго на руската нафта и најавата на ИЕА за нов циклус на продажба на нафта од стратешките резерви. Цената на барелот на лондонскиот пазар попладнето падна за 3,56 долари […]

Со предложените мерки дизелот ќе поевтини 10,5 денари, а бензинот 11,5 денари, велат од Владата


Со дел од 26-те мерки за заштита на животниот стандард и ликвидноста на компаниите, за заштита на животниот стандард како и мерките за финансиска поддршка на деловните субјекти, цената на дизел горивото наместо 85,5 денари, колку што изнесува сега, ќе се намали за 10,5 денари и треба да изнесува 75 денари, додека бензинот наместо 91,5 […]

Лицата на жртвите во Украина


Руските трупи убија младо девојче и нејзината баба во гранатирањето на регионот околу Харков. Како што јавија украинските медиуми нивните тела биле извлечени од урнатините на куќата. Ова се само дел од лицата на жртвите во Украина, кои не се само бројки туку и човечки судбини, постигнувања, надежи, амбиции… Меѓу тие лица, жртви на војната,  […]

ЗЕЛС даде рок од седум дена за Владата да се разговара за решение за локалните проблеми


  Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска присуствуваше на 5-та седница на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) на која се разговараше за проблемите со кои се соочија македонските општини поради актуелната енергетска криза. На средбата ЗЕЛС донесе заклучок да и даде на Владата рок од седум дена за одговор […]

Се интензивира кризата со храна поради растот на цените и забраните за извоз


 Глобалната прехранбена криза предизвикана од руската инвазија врз Украина денеска ескалира откако Индонезија ги заостри ограничувањата за извоз на палмово масло, приклучувајќи се на листата на клучни земји кои сакаат да ја задржат основната храна во своите граници. Конфликтот во Украина го загрозува глобалното производство на житни култури, снабдувањето со масла за јадење и извозот на ѓубрива, […]

ПМФЛ: Македонија ЃП продолжи со победите


Македонија Ѓорче Петров го продолжи стопроцентниот ефект во пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и со гостински триумф попладнево над Струга во рамки на 22. коло ја забележа четвртата последователна победа. Лидерот Шкупи одигра без голови на гостувањето кај Ренова, додека Работнички во дерби на колото ја совлада на домашен терен […]

За Славески, Владата предложила комплициран модел што не гарантира поевтини деривати


Наместо да го прифати предлогот за намалување на акцизата кај нафтените деривати, како што предлага ВМРО-ДПМНЕ, со што цената на бензинот би се намалила за 13 денари, а на дизелот за девет денари, премиерот Ковачевски денес предложи комплициран модел за намалување на акцизата кој не само што не го разбра јавноста, туку и не гарантира […]

Ќе има ли нова цена на бензините – од РКЕ велат зависи од пресметките


Во тек се пресметки чии резултати ќе покажат дали се исполнети предусловите Регулаторната комисија за енергетика и водини услуги (РКЕ) да носи нова одлука за цената на горивата или не. Како што информираат од РКЕ, се анализираат клучни елементи кои влегуваат во крајната цена а тоа се берзанските котации на нафтените деривати и курсот на […]

Демократски сојуз: Нападите против нас преминаа во бунило на Христијан Мицкоски


  Демократскиот сојуз денеска остро одговори на нападите на ВМРО-ДПМНЕ за наводно беззаконие во „градски паркинг“ во Скопје, велејќи дека тие преминале во вистинско бунило на Христијан Мицкоски. Според ДС, Мицкоски бил е очаен во намерата да најде виновник зошто не му успеа уривањето на власта преку ново парламентарно мнозинство.   Во соопштението на ДС […]

ЗЕЛС: Владата да одговори на барањата од општините за надминување на енергетската криза


Предизвиците со кои се соочуваат општините предизвикани од актуелната енергетска криза беше главната тема на денешната петта седница на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). -Управниот одбор на ЗЕЛС денеска донесе заклучок да и даде на Владата рок од седум дена да одговори на доставените барања и предлози од ЗЕЛС поврзани […]